Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.
Секој месец избираме по еден студент од секоја Академија – студент што се истакнува како најпосветен и најупорен, и како таков ќе биде дел од Dream Team-от.
Напорната работа секогаш дава добри резултати. Запознајте ги нашите Dream Team студенти за месец јуни:
Ана Георгиевска – студент на Академијата за дигитален маркетинг
„Постојано ме мотивира стремежот да станам најдобрата верзија од себе, како и желбата за исполнување на сопствените цели. Кога учиш нешто ново што сам си го одбрал, секогаш правиш нешто интересно и уживаш во процесот. Од поинтересните работи што ги научив на Академијата е дека дигиталниот маркетинг е еден цел свет сам по себе, дека е одлична комбинација на креативност и аналитика, а со учеството на Хакатонот и работата на реални проекти, добив претстава како целото стекнато знаење се применува во реалноста. По завршувањето на оваа Академија сакам да се посветам на маркетингот затоа што навистина, можеби за прв пат во животот, тотално се пронаоѓам во нешто.“ – ни кажа Ана
Валентино Шараф – студент на Академијата за Full Stack програмирање
„Задоволството и чувството на достигнување што доаѓа од наоѓањето начин да се реши даден проблем и надминување на предизвикувачки цели е мојот клучен мотиватор за учење. Досега научив многу на Академијата, но најинтересно за мене беше учењето на техниките и начинот на размислување што ќе ви помогнат да ја решите било која задача. Сите инструктори со кои досега сме имале предавања имаат голем удел во знаењето што е пренесено на нас студентите, сите ми оставија одличен впечаток на свој уникатен начин.“ – ни кажа Валентино
Елена Буџакоска – студент на Академијата за UX/UI дизајн
„Сметам дека во свет кој екстремно брзо се менува, способноста и подготвеноста за постојано учење и адаптирање на промени се најважни вештини за во иднина. Затоа се трудам секој слободен момент да го искористам за да научам нешто ново, да прочитам ред повеќе или да ги слушам омилените подкасти. Најинтересната работа што ја имам научено на Академијата е Design thinking методологијаta, затоа што мислам дека е одличен пристап кој може да им помогне на сите луѓе, независно од која професионална сфера доаѓаат. Според мене, тоа е одлична методологија за креативен начин на решавање на проблеми. Академијата е одлично концепирана и преку повеќе модули, ментори и нивни различни пристапи добиваме поширока слика и учиме повеќе. Би ги издвоила Барбара и Јане – за огромното знаење и желбата истото да го пренесат на студентите.“ – ни кажа Елена
Димитар Ковачки – студент на Академијата за Front-end програмирање
„Најмногу ме мотивира фактот што решавам некој проблем, а воедно со тоа ги задоволувам желбата да помогнам некому и мојата љубопитност бидејќи ова е динамична професија каде константно има нешто ново и интересно. Најинтересно нешто што научив, а ќе учам и нови понатаму, се сите тие мали финти и трикови во кодирањето кои решаваат некој голем и навидум нерешлив проблем. По завршувањето на Академијата, очекувам да го применам стекнатото знаење во реалноста и да продолжам да учам нови работи од оваа област. Сите инструктори со кои досега сум се сретнал се супер, комуникативни, достапни во секое време и професионалци во својата област, но кога би морал да издвојам само еден тоа би бил Кристијан, кој покрај материјалот предвиден со програмата, е заслужен што знам голем дел од тие трикови кои ги спомнав погоре.“ – ни кажа Димитар
Симона Стојановска – студент на Академијата за графички дизајн
„Желбата да постигнам успех во кариерата ја чувствувам како голема причина поради која постојано се надградувам угледувајќи се на успешни луѓе. Бидејќи графичкиот дизајн е мојата пасија, сите алатки и техники ми беа еднакво возбудливи за учење. Меѓутоа кога би морала да изберам една работа, би рекла дека најинтересната работа која ја научив на Академијата е начинот на размислување кој треба да го поседувам како еден дизајнер. По завршување на Академијата сакам да продолжам да ги развивам моите вештини и да го употребам стекнатото знаење на места каде што за тоа има потреба. Имам повеќе омилени инструктори, ама морам да ги споменам Ана, Бане и Јане. Сите тројца преку нивните уникатни начини на презентирање направија полесно да го разберам она што го предаваат.“ – ни кажа Симона
Катерина Маркоска – студент на Академијата за Data Science
„Отсекогаш сум била љубопитна и заинтересирана за различни сфери од секојдневниот живот. Што повеќе читам за некоја работа, толку повеќе сфаќам дека има уште многу работи што не ми се познати. Сметам дека учењето не треба никогаш да престане, треба цело време да се надградуваме со нови знаења и вештини. Најинтересната работа што ја имам научено на Академијата е тренирањето модели за препознавање и класификација на најразлични слики и текстови. По завршувањето на Академијата ќе продолжам да се надградувам во ова поле и се надевам дека ќе имам шанса практично да го применам моето знаење во некоја компанија. Сите инструктори беа на ниво на задачата, одлично ни го пренесоа своето знаење, но би го издвоила Александар Бошески од модулот за Power BI.“- ни кажа Катерина
Елена Деспотовска Михаилоска – студент на Академијата за Software Testing
„Мотивацијата за постојано да учам произлегува од тоа што сакам да се надградувам како личност, сакам да осознавам нови работи, и сакам да му покажам на син ми дека никогаш не е доцна да почнеш да учиш нешто ново и да вложуваш во себе. Многу интересни работи имам научено од самиот почеток на Академијата, но како најинтересно искуство морам да ја издвојам работилницата која за мене беше пример како се работи на реални проекти, наоѓањето багови и нивно репортирање. Се надевам дека после Академијата ќе се вработам како софтвер тестер во некоја ИТ фирма. Уште од стартот на Академијата од Моника и Кате имам доста научено и со нивното знаење и искуство ми помогнаа полесно да ги сфатам сите нови работи и да ги совладам предизвиците.“ – ни кажа Елена
Ова се студентите кои покажуваа ентузијазам, иницијатива и пронајдоа нови начини да бидат инволвирани за време на заедничките активности. Со видна креативност и самодисциплина, ги користеа своите инстинкти за совладување проблеми независно, но и покажаа конзистентна соработка со инструкторите и останатите студенти. Останаа фокусирани на сè што им беше зададено, при што покажаа и транзиција без проблем помеѓу активностите во Академијата и надвор од неа, а исто така, останаа и посветени за достигнување на нивниот потенцијал. Нивните проекти и задачи ги извршија комплетно, уредно и со неверојатна организација со што ги надминаа и нашите очекувања.
На крај, сакаме да им кажеме фала на студентите од Dream Team-от кои ни овозможија да го извршиме нашиот дел како ментори, бидејќи иако нашата работа е да создадеме средина погодна за учење, вие создадовте средина погодна за предавање.
Уписите за Академиите се во тек, резервирај си место тука!
Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.
Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа