Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти кои што го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно се посвети, да биде активен на предавањата и уредно ги завршува зададените задачи од страна на менторите.
Секој месец ќе избираме по еден студент од секоја академија – студент што ќе се истакнува како најпосветен и најупорен и како таков ќе биде дел од Dream Team-от.
Напорната работа секогаш дава добри резултати. Запознајте ги нашите Dream Team студенти за месец јули:
Ангела Стојановска – студент на Академијата за Data Science
„Учењето за мене претставува надоградба, градење на личноста и запознавање на самиот себе. Мотивацијата за постојано надоградување ја наоѓам токму во тоа, да дознаам повеќе за себе и сопствените можности. Една од главните карактеристи на луѓето е нивната љубопитност. Доколку ја искористиме во правилна насока се случуваат чуда. Според мене, клуч на успехот е добра организација и континуирана работа. Своите недостатоци на професионално ниво конечно ќе можам да ги пополнам со студирање на Академјата за Data Science, каде преку решавање на голем број реални проблеми, комуникација со експерти од оваа област, ќе можам да ја додефинирам својата цел и да си одговорам на многу прашања поврзани со можностите кои ги нуди Data Science, а флексибилноста на програмата ми довзволува главно да се фокусирам на тоа што навистина сакам да учам и работам со полна пареа и посветеност. Досега стекнатото знаење на Академијата полека започнав да го применувам во моето секојдневие за изработка на помали проекти. Не се сомневам дека крајниот резултат ќе биде самостојна работа на големи проекти во областа на machine learning, а можеби и реализирање на некоја сопствена идеја.” – ни кажа Ангела.
Стефан Миладиновски – студент на Академијата за дигитален маркетинг
„Покрај фактот што сум апсолутен зависник од дигитален маркетинг и ме интересира буквално секој аспект од оваа дисциплина, тоа што постојано ме мотивира да учам е напредокот. Со секое ново научено нешто станувам подобар и помоќен. Добивам подобар увид како да го оптимизирам funnel-от и да добијам поголема контрола врз него. Така, клиентите од една страна и заинтересираните потенцијални купувачи од другата, имаат поголема можност да го добијат тоа што им треба. Најмногу ми помага практичниот тип на учење, нешто што генерално многу му фали на нашиот образовен систем. За секој аспект од дигиталниот маркетинг што се изучува на Академијата има hands-on пристап. Ваквиот пристап ти дава можност да видиш како всушност целиот овој процес функционира. Теоријата е важна, но залудно е сè ако не се извежбаш како и кога да ги применуваш принципите што си ги научил. Едното не може без другото. Мојата цел е да направам вистински импакт во оваа сфера. Кога на некој му е потребна експертиза од оваа дисциплина, сакам да сум the guy to go to. ” – ни кажа Стефан.
Андреа Марковски – студент на Академијата за Software testing
„Најмногу ме мотивирa јасно дефинираната цел, визијата и општата љубопитност за нови знаења. Додека секојдневните мали успешно завршени задачи само дополнително ја зајакнуваат мојата мотивација. Сметам дека желбата за учење нови работи, вештини и знаења треба да нè следи до крајот на животот, бидејќи вистински ќе напредуваме само ако сме надвор од нашата комфорна зона. Неформалното образование ми понуди високо ефикасен современ модел на стекнување на нови вештини и знаења, со посебен акцент на активна партиципација на студентите. Квалитетните предавања со внимателно одбрана екипа на инструктори, во комбинација со практичните вежби и долгите меѓусебни дебати и дискусии го заокружија овој процес за мене како една голема успешна образовна приказна. По завршувањето на Академијата очекувам целосно да ги заокружам моите професионални квалификации како Junior Quality Assurance Engineer, со што квалитетно ќе го дополнам моето портфолио.” – ни кажа Андреа.
Моника Јовановска – студент на Академијата за Графички дизајн
„Предизвикот за учење на нови работи отсекогаш ми бил исклучително важна движечка сила. Сметам дека токму тоа за мене е единствениот начин да откријам во што сè може да се пронајдам. А и каков импакт ќе има тоа врз мене и мојот развој, како личен така и професионален. Моментално Графичкиот дизајн е нешто на коешто многу сум посветена, буквално кажано го исполнува максимално моето секојдневие. Работните задачи и предизвиците кои што ни ги задаваат инструкторите на Академијата е тоа што константно ја одржува и зголемува мојата мотивација за учење. Се одлучив за ваков тип на неформално учење затоа што не е монотоно, има динамика, овозможува работа на реални проекти, буквално ги искусуваш сите можни работи кои може да се случат и во пракса. Постојано учиш од искуствата на инструкторите, што за мене и тоа како е еден од најсуштинските начини на пренесување на знаење. Овде воопшто не постои сувопарно предавање на теорија која што не знаеме како делува во пракса, што е еден од многуте недостатоци на формалното образование. Навистина уживам во процесот на надградба на моето знаење на оваа Академија, но кога размислувам за завршувањето на истата би сакала да работам во областа, како би го применила знаењето кое ќе го стекнам. Нестрплива сум за следните предизвици, и во исто време се надевам на успешна кариера како графички дизајнер.” – ни кажа Моника.
Данаил Ивановски – студент на Академијата за Front-end програмирање
„Динамиката и темпото со кое се развива и напредува IT индустријата во 21 век не ни дозволува да го дочекаме утрешниот ден со истото знаење од вчера. Само преку константно учење и надградување може да си дозволиме да бидеме дел од една од моментално најбараните професии. Благодарение на предавањата, предизвиците и менторските сесии, знаењето стекнато за само 3 месеци на Академијата ми овозможи самостојно да програмирам и да имам целосна контрола врз кодот, и веќе успеав да изработам 2 проекти надвор од Академијата. Убеден сум дека за една година од сега сè ќе биде различно. Компетентноста и посветеноста на инструкторите ми дава сигурност дека сме на добар пат кон future-proof кариера. Досегашната ефикасност на Академијата ги надмина моите првични очекувања, но допрва доаѓа потешкиот и предизвикувачки дел од програмирањето, а предизвикот е храна за програмерскиот ум. If a little is good, more must be better.” – ни кажа Данаил.
Петар Прентовиќ – студент на Академијата за UX/UI дизајн
„За постојано да учам ме мотивира фактот дека се работи за нов тип на професија во креативната сфера. Сакам работата да не ја чувствувам како работа, туку како уживање и мислам дека оваа професија ги носи сите карактеристики кои се дел од мојот карактер. Искуството кое го стекнуваме со овој тип на учење е тоа што ќе ни остане за нас после оваа Академија. Тука се соочуваме со реални проблеми и полека навлегуваме во проблематиката на работата. Мојот очекуван резултат по завршувањето на Академијата е да бидам способен да решавам проблеми и создавам или реформирам апликации кои ќе им помогнат директно на фирмите и на нивните корисници. Еден ден би сакал да создадам своја апликација.” – ни кажа Петар.
Димитар Витанов – студент на Академијата за Full Stack програмирање
„Најголема мотивација ми е семејството. Тие се мојот најголем извор на инспирација и моите најсилни поддржувачи. Од татко ми научив како да не се откажувам и секогаш прво да ги решам најтешките проблеми па да преминам на полесните. Ова ме предизвикува да преземам поголеми предизвици и ризици без страв од неуспех или враќање повеќе чекори наназад. Овој тип на учење ми придонесе мотивација, како и збогатување на моите вештини во програмирање на ново ниво. Голема благодарност до целиот тим на Brainster кои како водичи ни ги споделуваат нивните искуства претставени преку реални проекти од кои научив многу. Со нивна помош и нивната желба за пренесување на знаење секоја моја зададена цел е остварена. Мојот очекуван резултат од оваа Академија е да се доградам во моето академско знаење како и мојата способност за работа во тим. Не е тајна дека оваа Академија нуди одлични можности за надоградување на знаењето, како и можноста за запознавање на луѓе што го сакаат истото што го сакам и јас. Воедно Brainster ги нуди најдобрите алатки за надоградување на знаењето, а она што јас го очекувам е максимално да ги искористам. ” – ни кажа Димитар.
Ова се студентите кои покажуваа ентузијазам, иницијатива и наоѓаа нови начини да бидат инволвирани за време на заедничките активности. Со видна креативност и самодисциплина ги користеа своите инстинкти за совладување проблеми независно, но и покажаа конзистентна соработка со инструкторите и останатите студенти. Останаа фокусирани на сè што им беше зададено, при што покажаа и транзиција без проблем помеѓу активностите во Академијата и надвор од неа, при што останаа и посветени за достигнување на нивниот потенцијал. Нивните проекти и задачи ги извршија комплетно, уредно и со неверојатна организација со што ги надминаа и нашите очекувања.
На крај, сакаме да им кажеме фала на студентите од Dream Team-от кои ни овозможија да го извршиме нашиот дел како ментори, бидејќи иако нашата работа е да создадеме средина погодна за учење, вие создадовте средина погодна за предавање.
Уписите за Академиите се во тек, резервирај си место тука!