Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти кои што го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно се посвети, да биде активен на предавањата и уредно ги завршува зададените задачи од страна на менторите.
Секој месец ќе избираме по еден студент од секоја академија – студент што ќе се истакнува како најпосветен и најупорен и како таков ќе биде дел од Dream Team-от.
Напорната работа секогаш дава добри резултати. Запознајте ги нашите Dream Team студенти за месец јануари:
Стефан Шевченко, студент на Академијата за дигитален маркетинг
“За да се биде најдобар во нешто мора константно да учиш нови работи, но и истовремено научените работи константно да ги надградуваш. Уште кога ја запишав академијата си имав замислено дека на крајот ќе ги имам основите за сите потребни вештини кои еден дигитален маркетер треба да ги поседува во денешно време. Fast forward неколку месеци очекувањата за стекнување на тие основи веќе се претворија во реалност, па дури и многу повеќе од тоа што очекував.
Најголем впечаток дефинитивно ми остави инструкторката Дијана Десподовска со која имавме часови по Digital PR. Преку нејзиниот пријателски пристап и потполно имплементирање на учење на начин learning by doing успеа целосно да ни го пренесе своето долгогодишно искуство и знаење од светот на PR.
За 5 години сакам да бидам човекот кој кога ќе погледне назад во времето ќе нема никакви покајувања дека можел да направи нешто подобро. За себе можам да кажам дека сум искрен, екстроверт и hard working” – ни кажа Стефан.
Даниела Икономова, студент на Академијата за Full Stack програмирање
“Опкружена сум со луѓе кои се амбициозни и желни за учење, тоа ми дава најголема мотивација постојано да учам и да се надоградувам. Љубопитна сум и упорна. Секое предавање, секоја работилница ми се предизвик и не престанувам да решавам додека не дојдам до посакуваното решение. Токму тоа сметам дека ќе ми донесе добра работна позиција по завршувањето на академијата.
Среќна сум што учам од инструктори како Ивица, Анастасија и Драгана кои се максимално посветени и постојано достапни за комуникација. А каде се гледам за 5 години? Сакам да бидам успешна и задоволна со она што го работам и да гледам на овој период како најдобра пресвртница во мојот живот.” – ни кажа Даниела.
Марија Јовановска, студент на Академијата за Software testing
“Желбата да бидам најдобрата верзија од самата себе и љубопитноста се тие коишто ми ја разгоруваат мотивацијата за постојано учење. После завршување на секој модул, сѐ повеќе ми се задоволуваат очекувањата коишто ги имав, добиени врз основа на препораките кои пристигаа од пријателите за Brainster – како платформа за учење. Тоа се: да стекнам добра основа и доволно самоувереност да алицирам за работа и да ми отворат можност за започнување кариера како Софтвер Тестер.
Им благодарам на Кате, Биле, Биле, Андреј, Фики, што се постојана поддршка, што несебично и во секое време беа достапни за нас и го споделуваа нивното искуство од секојдневната работа. За 5 години од сега, се гледам како многу надграден и успешен Софтвер тестер, искачена за неколку нивоа нагоре, во некоја голема и успешна компанија, овде или во странство.” – ни кажа Марија.
Јасмина Лавчанска Николовски, студент на Академијата за Data Science
“Во текот на ова мое патување низ Data Science Академијата, како никогаш до сега си потврдив дека мотивацијата и посветеноста се единствениот начин да се пребродат комплицираните предизвици. За да се држам мотивирана си поставувам долгорочна цел која сакам да ја исполнам и правам чекори кон исполнување. Една од моите долгорочни цели е да ги научам моите деца дека учењето е never-ending process. А како подобро да им покажам, отколку преку личен пример?
Како најинтересна работа која ја научив на академијата би ја издвоила: научив дека можеш да имаш одлична соработка и да делиш иста визија со луѓе кои си ги сретнал само неколку пати во животот. Заедничките проекти на кои работевме со колегите дефинитивно го потврдија тоа. Сите инструктори ги исполнија и надминаа моите очекувања во однос на знаењето, стилот на предавање, разбирањето и трпението кои го имаа за нас како студенти со различни професионални искуства, предзнаења и надежи. За 5 години сакам да бидам… подобра верзија од себе.” – ни кажа Јасмина.
Горјан Главески, студент на Академијата за Графички дизајн
“Постојано ме мотивира да учам тоа што станувам се подобар и подобар со секоја нова научена работа. Мојот очекуван резултат по завршувањето на академијата е да правам одлични дизајни за кратко време (со 2 клика), да работам во модерна и креативна фирма за графички дизајн. Морам да го издвојам Бане кој несебично ни го пренесуваше неговото знаење и искуство во работата. За 5 години сакам да бидам сопственик на фирма за графички дизајн.“ – ни кажа Горјан.
Александар Тушевски, студент на Академијата за Front-end програмирање
“Мојата мотивација е желбата да научам нешто ново, да ги усовршам моите работни вештини и да бидам најдобрата верзија од себе. Мислам дека тоа се однесува не само на учењето, туку и на сите аспекти од професионалниот и приватниот живот. Според мене сé што изучивме е интерeсно и тоа е причината поради која повеќе и повеќе ја сакам оваа работа. Но, мислам дека најинтересното допрва доаѓа.
Колку и да звучи страшно Javascript, ќе пробам да го совладам тој нов предизвик и да ја работам работата за која што сонував како мал. Сите инструктори се одлични и секогаш се трудат да ни го пренесат своето знаење најдобро што можат. Но, ако морам да одберам еден, тоа би била Благица, затоа што со неа поминав најголем дел од времето, предавањата, менторските вежби, а сега и Workshop-от за Javascript. За себе можам да кажам дека сум посветен, трудољубив и лојален.” – ни кажа Александар.
Александра Устијаноска, студент на Академијата за UX/UI дизајн
“Дефинитивно најмногу ме мотивира мојот син, но и желбата да бидам најдобрата верзија од себе, да напредувам и да се надоградувам како личност. Еволуирањето на човекот никогаш не престанува, кога ќе престанеш да учиш, престануваш да живееш. Најдобрата и најинтересната работа која ја научив на академијата е Design thinking методологијата, како начин на работа и размислување. Таа е еден вид на упатство со конкретни чекори преку кои луѓето полесно, побрзо ги решаваат проблемите и доаѓаат го најдобрите можни решенија.
Сите инструктори до сега беа и се автентични, секој на свој начин. Сите ни пренесоа несебично дел од своите знаења и богато искуство кое го стекнале до сега и се обидоа да ни ја дадат вистинската насока. Благодарение на нив изградивме цврста база за почеток на една нова ера на професионално ниво. Би сакала да ја издвојам тука Ања нашиот коодинатор, која е секогаш тука за нас, не поддржува, поврзува и мотивира. За 5 години од сега се гледам себе си како успешен сениор дизајнер, а можеби и проект менаџер.” – ни кажа Александра.
Ова се студенти кои покажуваа ентузијазам , иницијатива и наоѓаа нови начини да бидат инволвирани за време на заедничките активности . Со видна креативнод и самодисциплина ги користеа своите инстинкти за совладување проблеми независно , но и покажаа конзистентна соработка со инструкторите и останатите студенти. Останаа фокусирани на се што им беше зададено,при што покажаа и транзиција без проблем помеѓу активностите во академијата и надвор од неа,при што останаа и посветени за достигнување на нивниот потенцијал. Нивните проекти и задачи ги извршија комплетно,уредно и со неверојатна организација со што ги надминаа и нашите очекувања.
На крај, сакаме да им кажеме фала на овие студенти кои ни овозможија да го извршиме нашиот дел како инструктори, бидејќи иако нашата работа е да создадеме средина погодна за учење, вие создадовте средина погодна за предавање.