DREAM TEAM – Студенти на месец декември

Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти кои што го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно се посвети, да биде активен на предавањата и уредно ги завршува зададените задачи од страна на менторите. 

Секој месец ќе избираме по еден студент од секоја академија – студент што ќе се истакнува како најпосветен и најупорен и како таков ќе биде дел од Dream Team-от.

Напорната работа секогаш дава добри резултати. Запознајте ги нашите Dream Team студенти за месец декември:

 

Љубомир Димовски, студент на Академијата за дигитален маркетинг 

Вложувањето во себе е најголемата инвестиција што може да ја направиме. Некој рекол : “Наполни си ја главата, за да си ги наполниш џебовите” и е во право. Со постојаното учење се градиме како личности, стануваме побогати одвнатре, го менуваме погледот кон работите и општо кон светот.

Најинтересна работа што ја научив на академијата дефинитивно беше креирањето на Landing Page буквално “from scratch” кое го учевме со Иван Ефремов. Имав сретнато таков тип на страници, но не знаев дека тоа е дел од дигиталниот маркетинг. Ни беа прецизно објаснети сите сегменти, на што најмногу да внимаваме, и малку “tips and tricks” за тоа како нашата Landing Page да изгледа совршено, со цел да привлече голем дел од посетителите, да кликнат на тоа “неодоливо” Call-To-Action копче.

На оваа академија од секој инструктор може да се научи по нешто, но досега лично, најголем впечаток ми остави Стефан Смиљаноски, бидејќи со него, практично работевме на реални кампањи во Ads Manager, на кои можевме да го имплементираме сѐ она што претходно сме го научиле на предавањата. По завршувањето на оваа академија сигурен сум дека ќе формирам една голема целина во областа на дигиталниот маркетинг, која ќе ми помогне да го применам стекнатото знаење во тоа што веќе го работам со моите родители.

За 5 години сакам да бидам експерт во својата област, и на некое убаво место од каде што би можел да работам од својот лаптоп 😀” – ни кажа Љубомир.

 

Елена Јовановска, студент на Академијата за Full Stack програмирање

Потребата за надоградба, желбата за осознавање на нови работи, како и стремежот да бидам најдобрата можна верзија на самата себе, се мојата најголема мотивација.

Најинтересното нешто кое го научив на академијата досега е дека секогаш може подобро, но и дека и невозможното е возможно доколку навистина се потрудиш. Од академијата очекувам да излезам побогата со многу нови знаења, искуства, но и со многу нови пријателства.

Сите инструктори се навистина добри, посветени и постојано се трудат да ни го пренесат своето знаење на најдобар можен начин. Доколку морам да изберам еден инструктор кој ми оставил најдобар впечаток, тоа би била Анастасија Давиткова.

За 5 години од сега се гледам како успешен full stack програмер, кој ги мотивира младите луѓе да се одлучат токму за оваа професија.” – ни кажа Елена. 

 

Нина Балабан,  студент на Академијата за Software testing

“За себе можам да кажам дека сум упорна, борбена и правична. Најмногу сум мотивирана за активности кои се поклопуваат со моите желби и страсти. Со други зборови, мојата лична сатисфакција ми е најдобар двигател. Желбата за постигнување на совршенство е мојата мотивација која што ме води напред во животот.

Мислам дека учењето ни ги отвара животните патишта и никогаш не е доста со стекнување на нови знаења и вештини. Со завршувањето на академијата, сметам дека моите знаења ќе ги усовршам и подигнам на многу повисоко ниво коишто ќе ми помогнат во мојот понатамошен развој, професионален живот и ќе ми овозможат пристап до досега за мене, недостапни видици.

Целиот кадар на академијата е посебен и сите оставија траг во моето образование. Не би можела да направам поделба затоа што секој на свој начин во својата област многу влијаеше на развивање на мојот интерес. Би напоменала дека пренесувањето од секој предавач има свои специфики по кои се издвојуваат и по кои ќе ги запомнам како на пример, Фики (Фикрије Стафаи) со својата енормна толерантност, Андреј (Андреј Гаштеовски) со забавниот пристап за учење, Биле (Биљана Велинова) со “repetitio est mater studiorum” пристап и Кате (Катерина Крстовска) со нејзиниот несебичен труд за подигнување на нашата мотивација и едукација. Како целина, сите се надополнуваат и водат кон побудување на се поголем интерес за оваа област.

Никој од нас не знае каде ќе не однесе судбината но сите стекнати знаења ќе си најдат своја примена. За 5 години можеби ќе работам за Google☺️” – ни кажа Нина.

 

Теодора Младеновска, студент на Академијата за Data Science

Желбата кон откривање и учење на нови нешта е главниот патоказ кој ме води низ процесот на постојано учење. Секогаш треба да бидеме трпеливи и истрајни во тоа што го работиме. Човекот во текот на животот постојано учи. Со завршување на академијата не значи дека нашето патешествие за откривање на нови хоризонти застанува тука.

Како звезда водилка академијата ни го покажува патот по кој треба да одиме и да се стремиме за остварување на нашите соништа. Како што во уметноста зад секое добро дело стои успешен уметник така и овде, зад секој успешен студент стои успешен инструктор.

Марјан Пушев е човекот кој несебично и неуморно ни го пренесуваше своето знаење и искуство, поврзувајќи ги примерите кои што ги работевме со примери од секојдневниот живот, притоа давајќи ни можност да навлеземе што подлабоко во материјата.” – ни кажа Теодора.

 

Маја Симоновска, студент на Академијата за Графички дизајн

За себе можам да кажам дека сум истрајна, енергична и флексибилна личност и ме мотивираат стимулирачки средини во кои се охрабрува развој, критичко мислење и во кои се бодри различноста.

Зборувам македонски знаковен јазик – тоа е уште една неговорна комуникација и изразување кое ме фасцинира. Во времето поминато на Академијата за графички дизајн научив гледишта од разни перспективи – самата средина нуди можности за слободно изразување, дава предизвици и овозможува сите учесници, преку униформирана програма, на свој начин и темпо да стигнат до крајната цел.

Сметам дека низ овој циклус, освен техничките вештини – совладувањето на софтвери и алатки, вбризгани ни се и стимули со кои можеме, преку визуелизација, освен креирање решенија во својство на естетиката или функционалноста, да работиме на дизајни кои ја комуницираат нашата визија. “ – ни кажа Маја.

 

Даниела Божиноска, студент на Академијата за Front-end програмирање

Најголемиот мотив за учење го црпам од луѓето кои ме опкружуваат, колегите и инструкторите. Сè што учиме на Aкадемијата за мене е ново, интересно и тоа ми дава дополнителна мотивација за постигнување на одлични резултати. Имам само пофални зборови за инструкторите.

Големо благодарам за Благица, Александар, Дејан и Цветан кои несебично ми го пренесоа целото свое знаење и ми помогнаа да најдам решение за секој проблем со кој се соочив. Себе би се опишала како посветена, одговорна и упорна личност.

Знам дека со вложениот труд и успешното завршување на академијата ќе ја најдам посакуваната работна позиција. Во иднина себеси се гледам како успешен програмер во домашна или странска компанија која ќе ми овозможи да се надоградувам и напредувам.” – ни кажа Даниела.

 

Драган Димитров, студент на Академијата за UX/UI дизајн

За себеси можам да кажам дека сум амбициозен, hardworking и упорен. Мотивација за учење добивам од повеќе работи, пред се мојата лична желба постојано да се надоградувам и желбата за успех и напредок во кариерата и лично мислам дека учењето е една најдобрите инвестиции што човек може да ја направи за самиот себеси.

Една од најинтересните работи што ја имам научено од Академијата е дефинитивно работата на реалните проекти, проблемите кои доаѓаат со нив, нивното соочување и најбитно нивното решавање. Сите од инструкторите ми оставија позитивно мислење и сите се професионалци во својата област за која предаваат и се трудат да го пренесат своето знаење на начин на кој ние најлесно би го научиле.

Сепак доколку мора да изберам би го избрал Ѓорѓи бидејки мислам дека од него научив највеќе за UX. По завршувањето на академијата очекувам целото свое знаење стекнато од акадмијата да го применам и ми помогне во сегашната работа и да станам покомплетен како и поуспешен дизајнер. За 5 години себеси се гледам како дизајнер со успешна кариера пред и зад себе.” – ни кажа Драган.

 

Ова се студенти кои покажуваа ентузијазам , иницијатива и наоѓаа нови начини да бидат инволвирани за време на заедничките активности . Со видна креативнод и самодисциплина ги користеа своите инстинкти за совладување проблеми независно , но и покажаа конзистентна соработка со инструкторите и останатите студенти.

Останаа фокусирани на сè што им беше зададено,при што покажаа и транзиција без проблем помеѓу активностите во академијата и надвор од неа,при што останаа и посветени за достигнување на нивниот потенцијал.

Нивните проекти и задачи ги извршија комплетно,уредно и со неверојатна организација со што ги надминаа и нашите очекувања.

На крај, сакаме да им кажеме фала на студентите кои ни овозможија да го извршиме нашиот дел како инструктори, бидејќи иако нашата работа е да создадеме средина погодна за учење, вие создадовте средина погодна за предавање.

 

Уписите за Академиите се во тек, резервирај си место тука!

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫