Собирајте совети за да донесете подобра одлука

Со помош на советување и насочување на студентите,истите се обезбедуваат со потребните информации кои ќе им помогнат во понатамошните одлуки.  Обидувајќки се да ги оставиме старите навики и да стекнеме нови, забораваме дека потребните совети лежат недалеку од нас, скриени во погорните генерации , генерации кои веќе го поминале трнливиот пат.Во текот на целиот студенски живот, се` се врти околу одложување на обврските и започнување на нешто ново.

 

Обемните скрипти и праксата не се едно исто

stocksnap_g5uqs7wrfs_easy-resize-com

После две години од студиите ќе сватите дека учите само да положите, дека небројуванките ги знаевте само кога требаше да ги заокружите, дека учевте да однесете дома оценки а не знаење. Промени се потребни, преземањето ризик е секогаш добро искуство без разлика дали е добро или лошо, и некогаш едноставно треба да се осмелиме наместо да се каеме за можноста која сме ја пропуштиле. Работите во пракса се многу поинакви, исто  како содржината во книгите наспроти филмовите . И се додека не го осетиш на своја кожа нема да знаеш.

Праксата ќе ти долови вредност на твоето учење

stocksnap_y01vdyax63_easy-resize-com

Разликата помеѓу работа и кариера е разлика помеѓу четириесет и шест работни часа во една седмица. Без оглед на богатството кое го имате и титулата која ќе ја носите , доколку не сте среќни,ништо нема да ве исполнува. Најбитно е во работата да бидете опкружени со луѓе кои позитивно ќе влијаат на вас, бидејки  добар соработник е добро завршена работа.

И запомни , нашата работа е презентација на нашите способности,затоа направи чекор повеќе од другите, направи пракса која ќе ти ја долови вредноста на учењето, затоа што никогаш човекот не стигнува толку далеку како кога не знае каде оди.

Изгради успешна кариера, регистрирај се на kariera.brainster.co и добивај ги најдобрите огласи за работа, во твоето e-mail сандаче!

Brainster Кариера и Вработување на Linkedin

 

Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: пракса, кариера, студент, одлука, скрипти, искуство, тим, вработување.

 

Симона Јовевска

14971245_1298494050190236_1766385585_n

Студира на Економски факултет-Скопје, е-бизнис департман каде појавува дополнителен интерес за неформално образование.  Препреките и предизвиците и помогнале да се открие себе си. За остварување на големите цели не е доволно само малку, таа сега работи во студентски организации и како практикант . Нејзиниот интерес за бизнис,иновации,технологии и маркетинг ги покажува   областите за кои се заинтересирана и го пројавува нејзиниот интерес.

Нејзиното мото е: “Ако воопшто размислувате за нешто, размислувајте на големо ! ”

 

 

 

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.