Ени од Академијата е новото дизајнерско засилување во Футура

Градска девојка која е предадена на музиката и на својата виолина, отворена за нови искуства и во професијата и во секојдневниот живот. Пред неа е нејзината дипломска на ФМУ а Академијата ја виде како можност да ја развива нејзината љубопитност во друга форма на уметноста, графички дизајн. После 3 месеци на Академијата, Ени започна на пракса во маркетинг агенцијата – Футура.

Започна на Академијата за дизајн како виолинистка, како се пронаоѓаш во друга област од уметноста (графичкиот дизајн).  Дали се спојуваат некаде дизајнот и музиката?

Музиката е начин на живот, насушна потреба, како за леб и вода, така и за душата и за умот и за срцето. Секој музичар има единствена задача да ја пренесе пораката од музичкото дело. Оттаму рзличните медиуми во кои човек се изразува е и алатка која може да биде од голема помош. Јас сум музичар виолинист и потребата да изразам мисла, емоција наместо со ноти, во Brainster научив да ја преточам преку друг модус. И ми се допаѓа.

После 3 месеци на Академијата почна на пракса како графички дизајнер во маркетинг агенцијата Футура, како си поминуваш таму?

Благодарение на Академијата за дизајн ја добив и првата потврда дека сум на вистинскиот пат, тоа што ме избраа да бидам дел од тимот на Футура.

Тоа за мене е нов свет, свтот на маркетингот и учам многу нови работи. Многу сум среќна дека Футура е место со слободен дух и фактот што сум музичар таму е предност. Новите работи кои ги научив во Brainster можам практично да ги променувам и да стекнувам професионални искуства. Во Футура се учам на работа со краток временески рок и работа под притисок и изненадена сум колку за мене тоа е возбудливо.

Како знаењето од Академијата ти помага на работното место?

Пристапот на Brainster сметам дека е одличен во смисла покрај теоретски и практично учиме што значи графички дизајн денес и тоа е навистина исклучително корисно во моите секојдневни ангажмани во Футура. Ова сепак е мојот почеток во светот на графичкиот дизајн и добра основа за сите мои понатамошни надградувања и професионални искуства.

Како е да се работи во една маркетинг агенција како дизајнер, сподели ни го твоето искуство:)

Бидејќи сеуште сум на почеток, иако сум дел од тимот, но работа на реални проекти е нешто што допрва ми претстои. Колку за илустрација, кога ќе добијам задача да осмислам лого или визуелен изглед на некој производ, прво треба да се направи истражување на производот и брендот, и потоа врз основа на сознанијата и креативниот процес се прави првична верзија која потоа се обработува. Во Футура ми се допаѓа тоа што ја учам потешката страна на занаетот и се надевам дека еден ден ќе бидам во можност мојот дизајн да биде дел од светскиот пазар.

Од каде пронаоѓаш инспирација за твоите дизајни, дали имаш креативен процес според кој се водиш?

Може да е мисла, убаво утро, насмевка, кавга која ме тера да неспијам и тогаш добивам потреба да го претпчам тоа чувство во дизајн, во идеја во нешто што морам да го ставам на хартија и да го споделам со светот. Некогаш е само претсчутство, или реченица од книга која ме прогонува, а некогаш едноставно си празен па тогаш правиш други работи, додека не дојде идејата која сакам да ја развијам.

И за крај, што би им препорачала на сите оние кои сакаат да направат ваков чекор?

Светот е многу поширок отколку што сме свесни, окупирани со секојденвните обврски и забораваме дека постојат и места како Brainster, кои нудат начини на кои може да правиме работи кои секогаш сме сакале ама не сме знаеле како. Затоа соберете храброст, и учете нови работи!

 

Уписите за Академијата се во тек, резервирај си место тука!

 

Related Stories For You