После 5 месеци на Академијата за дизајн, Јована ја започна својата кариера на пракса кај Бане во Кома дизајн и веќе е избран нејзиниот дизајн на книга од клиент.

Јована има завршено средно училиште за компјутерска техника и автоматика и без никакво предзнаење реши да ја оствари својата љубов кн графичкиот дизајн.

Желбата да бидам графички дизајнер излезе сосем случјано откако дознав за Академијата. Благодарение на прекрасните инструктори и целиот тим на Brainster, сфатив дека воопшто не погрешив со мојот избор.“

Што најмногу ти се допаѓа во новата професија, како си поминуваш на праксата кај Бане?

Во оваа професија ми се допадна тоа што се пронајдов сама себе како графички дизајнер. Сметам дека креативноста која ја имаме сите и ја  гледаме различно од своето постоење може да ја изразиме преку оваа професија. Имаш простор да бидеш свој и да ги изразиш своите гледишта на светот преку дизајните. Најмногу сум задоволна што научив толку корисни работи од професионалец како што е Бане и праксата ми беше голем чекор за да стекнам реални познавања за работата и она што ме чека понатаму.

Какво беше твоето искуство за прв пат да работиш графички дизајн? 

Праксата ми беше првиот чекор кон работењето на графички дизајн по вежбите на Академијата. Ми се пружи убава прилика каде што можев да видам каква е соработката со клиенти и поставеноста со нив. Се чуствувам многу посамоуверена после 1 месец од праксата кај Бане.

Твојот дизајн на книга беше избран од клиент за  „Прирачник за интегрална евалуација на училиштата“, кажи ни како се случи тоа? 

Во Кома добивме нарачка од клиент за дизајн на „ПРИРАЧНИК ЗА ИНТЕГРАЛНА ЕВАЛУАЦИЈА НА УЧИЛИШТАТА“, потоа од колегите комаџии добив задача да пробам и јас да направам дизајн за внатрешни страни за книгата (прирачникот). Бидејќи прв пат се соочив со ваков тип на дизајн, секако колегите ми објаснија каков е принципот на работа, преку предлог дизајни и преку примери. Па низ фази на работа и консултации со колегите, дојдов до мој предлог дизајн, со кој бев задоволна. Испративме неколку предлог дизајни на клиентот. 

Многу се израдував кога колешката ми кажа дека најмногу им се допаднал мојот дизајн. Следен процес беше да го изработам дизајнот и преломот на целата книга. Морам да признаам дека ме фати и мала паника, но со малку помош, совети, финти во InDesign и консултации со комаџиите успеав да го завршам прирачник од 60тина страни. Го споивме заедно со корицата (која беше дизајн на колешка) и излезе на крај убав производ од кој сум баш задоволна.

Како ти помогна Академијата во процесот на станување графички дизајнер?

На почетокот не бев сигурна дали е ова вистинското тоа што го сакам, но како одминуваше времето ми изгледаше многу интересно, работите кои некогаш сум ги гледала по веб сајтови сега се радувам што можам самата тоа да го изведам и да кажам дека ова е мое дело, сфатив дека тоа е тоа што ме исполнува. 

Сподели ни некој твои дизајни.

Што би им препорачала на сите оние кои сакаат да направат ваков чекор?

Би кажала дека ако се пронаоѓаат и сметаат дека се доволно креативни за оваа професија Brainster е вистинскиот избор. Сепак никогаш не е доцна за ништо доколку го работиме тоа со љубов. 🙂

 

Академијата за дизајн започнува во Април, има уште неколку слободни места. Резервирај си го твоето тука!

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.