Оваа година сме многу горди да покажеме што сработија нашите студенти и да позборуваме за нивното искуство на Академијата за графички дизајн.
Заедно со нивните ментори беа дел од над 10 проекти кои ги вметнаа во своите дизајн портфолија и ја пронајдоа работата од соништата.
1.Изложба на постери од соработката со Германско друштво за меѓународна соработка ГИЗ – „There is no planet B”
Под менторство на Зоран Кардула студентите изработија 17 постери на тема sustainible development goals кои беа изложени на конференцијата организирана од GIZ. Првите три награди беа доделни на Сергеј Спироски, Мерима Тутич и Андреј Лавчански.
2.Соработка со Младински културен центар – МКЦ за креирање на постер дизајни за настанот МКЦ за Скопје. Носечкиот постер за настанот беше избран и пуштен live. Браво за Јована Велинова!
3. За подобро да го научиме модулот Layout, со нашите инструктори Небојша Гелевски и Зоран Кардула ја посетивме печатницата Пропоинт и видовме кој е всушност процесот кој го учиме.
4. Учесниците од Академијата за дизјан и програмирање успешно лансираа продукт на маркет.
Оваа година горди сме да покажеме како за 48 часа учениците од двете наши академии успеаа да реализираат барање од клиент и изградија веб сајт за компанија. Дизајнерите го започнаа, а програмерите го завршија барањето од клиентот.
5. Влатко се одлучи за Академија за дизајн наместо за факултет, Матеа ја промени својата кариера како економист во графички дизајнер и Марија од правник се насочи кон дизајн.
6. После 7 месеци студентите дипломираа и се претставија со своите завршни проекти. Проекти кои можат гордо да ги додадат во своите портфолија, а ние да ги споделиме со вас и да ги реализираме со нашиот партнер Meet Colony.
7. Под менторство на нашиот инструктор Александар Нофитоски, студентите креираа лого дизајн за Туристичката агенција – El Mundo. Најдобриот дизајн беше избран и е моментално во употреба. Браво Драгица Чугунска Џалева!
8. Испративме постер дизајни во Србија на конкурс на тема – “Спремни за свемир”.
9. Вело кафе беа нашиот Learning partner за креативно размислување и Social Media Design.
10. Соработка со Icr8 на Академијата за дизајн ги учиме процесите преку работа на проекти за реални компании.
Дизајниравме на маици за нивната платформа.
Уписите за новата Академија се во тек! https://brainster.rocks/10pricini