Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Дигитална Tрансформација. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.
Деновиве не можеш да разговараш со сопственик на компанија, а да не се спомне “Дигиталната Трансформација”. Но ретко која од големите компании кај нас поминала низ целосниот процес. Секој бизнис денес се соочува со истиот предизвик: Како да се трансформирa за да биде компетитивен во оваа дигитална економија?
Дигитализацијата е повеќе од било кога во центарот на вниманието на многу компании и се случува токму сега. Многумина сè уште не ги виделе целосните ефекти. Светот постојано се менува, со нови технологии кои ги попречуваат сите традиционални индустрии додека очекувањата на потрошувачите постојано еволуираат.
Тоа што е важно денес може многу лесно да не е прифатливо веќе утре. За компаниите кои сакаат да ги задржат своите конкурентски предности не постои опцијата на заобиколување на овој дигитален свет.
Што е Дигитална Трансформација?
Се однесува на тоа како компаниите самите се приспособуваат за потребите на дигиталниот свет. Не станува збор само за надградба на технологијата туку и надградба на лидерството, стратегијата и новите начини на размислување.
Најголемиот ланец на хотели Аirbnb не поседува хотели. Најголемата такси компанија Uber нема сопствени возила и најголемата продавница во свет Alibaba нема залихи. Вредноста која тие ја создаваат за своите потрошувачи преку своите процеси е одговорот на прашањето зошто се број 1.
Зошто Дигитална Трансформација?
Ако во последните 20 години компаниите не применуваат дигитални технологии, тогаш што прават? Дигиталната трансформација не е rocket science. Сè уште постојат HR сектори кои ги бројат отсуствата на вработените рачно. Таа активност може многу лесно да се автоматизира.
Потфатот на темелни промени во деловните процеси и во бизнис моделите ќе го поттикне развојот на секој бизнис во правилна насока.
Од каде да се започне?
Темпото на технолошките промени и понатаму се забрзува. Во ера во која рокот на траење на вештини е помалку од пет години, од клучно значење за работодавачите е да ги прилагодат своите вработени за овие дигитални промени.
Не пробувaш да ја трансформираш целата компанија одеднаш. Започнуваш со мали иновации. Edward Hieatt, COO-то на Pivotal Labs вели „Не мора да го зовриеш цел океан за да функционира“.
Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.
Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.