Упорноста и е најдобар пријател. Ивана Которчевиќ е моментален учесник на Академијата за Маркетинг, а знаењата што ги добива веднаш ги применува со брзина на светлината.

Уписите се во тек. Види ја програмата на:http://marketpreneurs.co/

Здраво Ивана! Зошто реши да си дел од оваа 16 неделна и интензивна програма?

Решив дека сакам да сменам нешто со мојата кариера. Трендот во Македонија е да се оди на магистерски студии, а јас сакав да учам преку практична работа, а не сакав да имам уште една диплома за на ѕид дома. Почнав да истражувам и дознав за Академијата за маркетинг на Brainster. Не се помислив дали воопшто да аплицирам откако ја прочитав програмата. И еве ме сега на половина пат до нова кариера.

Сподели ни како најефикасно учиш и го применуваш знаењето од предавањата 🙂

По секое предавање обично имаме домашна. Сакам да чепкам и да ја испробувам секоја нова алатка што ќе ни ја претстават инструкторите на академијата. Моментално работам фриленс Content Marketing и многу ми помага тоа што ги применувам работите што ги учам од академијата.

Кои 3 работи што ги научи до сега ти беа фасцинантни и вистинско откритие?

Canva – страна за креирање графички решенија што ти го поедноставува животот! Ти треба само малку креативност и можеш да направиш чуда од слики и постери.
12-те архетипови на Јунг кои се основа за создавање на еден бренд. Овој факт беше навистина фасцинантно откритие за мене зашто претходно не бев свесна колку длабоко треба да се навлезе во човечката психологија за да се биде добар маркетер.
Growth hacking – доказ дека „out of the box“ начин на размислување во маркетингот може буквално да ти го спаси животот. Но треба да се користи умерено секако .

Што ти влијае најмногу на начинот на кој се развиваш како маркетер? Некој од инструкторите кој ти оставил највеќе впечаток или можеби некој ресурс кој би го издвоила?

Најкорисно за мене е тоа што учам од луѓе кои се експерти во своето поле и кои веќе го изоделе патот кои ние по академијата треба да го одиме. Научив дека не треба да се плашам да правам грешки бидејќи некогаш една грешка може да предизвика многу иновативно решение.

Што сакаш да усовршиш во моментов, а што сметаш дека ќе те направи генијален маркетер во иднина?

Моментално сакам да научам повеќе да работам со социјални медиуми. А сметам дека она што ќе ме направи генијален маркетер во иднина е тоа што на академијата учам како да размислувам како маркетер и добивам „инсајдерски информации“ за најуспешни тактики во маркетингот кои влијаат на нашите потрошувачки избори, а за кои многу малку луѓе се свесни.

Кои се твоите очекувања по Академијата и кој дел од маркетингот уживаш да го работиш највеќе? 🙂

По Академијата очекувам дека се стекнам со доволно вештини кои се основа за мојот пат кон нова и успешна кариера. Најмногу сакам да работам content, односно да пишувам текстови и да работам во Canva. За понатака, only the sky is the limit.

Што би им препорачалa на новите учесници за следните Академии?

Им препорачувам да се вложат во Академијата 100% и да продолжат да се усовршуваат и по завршувањето зашто никогаш не е касно за да се научи некоја нова вештина.

marketing vrabotuvanje

 

 

 

 

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!