Дигитална трансформација: Кои се најзасегнатите индустрии?

Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Дигитална Трансформација. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

 

Веќе сме свесни дека дигиталната дисрупција на бизнисите е насекаде околу нас, со потенцијал за обликување на пазарот побрзо од било која сила во историјата. Или што би се рекло, четвртата индустриска револуција – е сега, во овој момент.

First things first, што претставува терминот дигитална дисрупција? Се однесува на тоа колку новите дигитални технологии и бизнис модели влијаат врз сè уште традиционалниот пристап на компаниите денес.

Moже да се каже дека се наоѓаме во критично време на дигиталната економија. Земи или остави. Зборот “digital” не е повеќе сјајниот финиш на една компанија или само мал момент што ја прави иновативна. Напротив, треба да е интегриран во секој аспект од работењето на денешните компании.

Се сеќаваш на приказната на Kodak нели? Тогаш знаеш дека е есенцијално да бидеш во чекор со промените околу тебе, без разлика дали работиш HR, IT или имаш своја компанија.

Според истражување на Глобалниот Центар за Дигитална Трансформација, експерти oд 12 индустрии предвидуваат просечно време за дисрупција од 3 години. Можеби  звучи како времето да е на твоја страна, но не е така.

Кои индустрии и бизниси требаше да се подготват уште вчера? Не зборуваме за временски рок од 15+ години. Се случува сега.

Малопродажба

Во последните години, иновативните онлајн “нарушувачи“ на традиционалните бизнис модели секојдневно ги предизвикуваат малопродажните стратегии. Сите трговци треба да се потрудат да размислуваат со mindset-от на еден успешен стартап, кој ги спојува физичките и дигиталните средства за да обезбеди максимално искуство за своите потрошувачи. Со тоа, трговците имаат што да добијат, тргнувајќи од фактот дека лани малопродажната индустрија во целина реализирала само 15% од својата потенцијална дигитална вредност.

digitalna transformacija

Производство

Мислеше дека традиционалното производство никогаш нема да претрпи поголеми промени? 3D печатењето рапидно расте, а технологијата станува сè подобра и побрза. За неколку години, ќе може да се произведуваат многу 3D производи без никаква потреба од големи магацини и залихи. Ова ќе ја разниша производствената индустрија и ќе ја намали важноста на логистиката и инвентарот.

Финансиски услуги

Компаниите за финансиски услуги се во сенка од повеќето онлајн бизниси кои нудат ефикасни финансиски решенија, слични на  нивните. За да се спротивстават на заканата, тие мора да ги искористат во секое време своите традиционални предности: финансиски совети и експертиза. Одличен пример е Nationwide, една од најголемите финансиски институции во Велика Британија. На национално ниво се комбинираат решенија за подобрување на процесите, како аплицирањето за хипотека. Оваа иновација резултирала со подобрена ефикасност и поголема прифатливост кај купувачите.

Здравство

Генерирање на големи податоци или “big data“е во центарот на дигиталниот свет, а здравствената заштита не е исклучок. Кај нас, тие податоци може да се соберат и да се измери сè во врска со пациентите. Уште поважно, може да се користи за автоматски да се идентификуваат факторите на ризик од некоја болест и да се препорача превентивен третман.

Осигурителни компании

Ќе претрпат повеќе трансформација во следните 5 години отколку во последните 50. Новиот тренд е можноста да се трансформира осигурувањето кон полесен и поекономичен процес. По децении работа со застарени софтвери и многу хартија, многу осигурителни компании сфатија колку  време, пари и ризик можат да заштедат со автоматизација на осигурителните процеси – до 65% намалување на трошоците. Она што Kayak го направи за авионските билети, компании како Insurance можат да го понудат на клиентите за осигурување – помош при споредување сложени полиси и трошоци само преку клик на едно копче.

Дигиталната трансформација на еден бизнис не треба да се сфати како закана туку како можност за промена, раст и успех. Инвестиција која ќе ги разбере клиентите и ќе им понуди најбрзо решение. За да останеш релевантен, треба да најдешнов и иновативен пристап кон потрошувачот.

 

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

digitalna transformacija

 

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.