90% од работните позиции ќе бидат автоматизирани во иднина

Што ќе се случи ако престанат да постојат 50% од работните места? До каде може да оди човештвото и што сѐ може да се автоматизира? Каде ќе биде човекот за неколку години? Одговорот е едноставен. Ќе биде на истото место каде што е ѝ денес.

Пред сто години 50% од луѓето работеле на фарми за производство на храна. Денес тој процент е околу 2% бидејќи пронајдоците и технологијата направиле од фармерите малцинство. Овие 2% успеваат да произведуват храна за сите. НАСА употребувала огромни компјутери за да ги пресмета траекториите на летот што помогнале вселенските бродови да влезат во небото, а денес агрегатната компјутерска моќ на компјутерите од таа ера се содржи во џуџе кое седи во твојот џеб. Ова е само мал дел од замената на работните места со текот на годините. Отфрлена е колективната генијалност на човештвото за решавање на проблемите, но човекот опстанал и доживеал огромен прогрес.

Роботите, технологијата и вештачката интелегенција се само уште едно поглавје во тековната желба на човештвото кон поголема продуктивност и иновативност. Од фрижидери за брза храна, кујнски асистенти, компјутеризација на правни помошници, роботи кои ќе го знаат законот, виртуелни толкувачи па сѐ до огромниот број на мобилни апликации кои секој ги користи сѐ со цел да си го поедностави секојдневието. И покрај оптимистичките размислувања постои феномен на неподготвеност за рапидните промени во технологијата кои навидум изгледаат несовесни. Новиот правец се вика дигитализам и потребно е да го пречекаме подготвени.

ИТ светот прави големи напори за да ја поттикне човечката продуктивност, но и покрај тоа секој треба да помине извесно време во истражување на ресурсите како би можел да биде во тек со настаните што е можно повеќе. За жал или за среќа сѐ поголем дел од работните места се автоматизирани и тоа кажува дека фокусот треба да се стави на работните позиции кои се движат во технолошка насока. Добрата вест е што голем дел од работните места нема целосно да исчезнат, туку ќе бидат редефинирани. Лошата вест е дека луѓето немаат соодветни дигитални вештини потребни за нови улоги во работата.

Начините да бидеш во тек со промените во твојата индустрија се многубројни и ја имаш опцијата да учиш, да посетуваш курсеви и дополнително да се надоградуваш. Најголем дел од работите ја задржале својата суштина, но се преместиле онлајн. Потребно е да имаш дигитални вештини за да опстанеш во процесот на селекција.

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА