Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Дигитална Tрансформација. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.
Многу извршни директори велат дека се фокусирани на дигитализација на своите бизниси. Дали имаат пропуштено некои од чекорите?
Ако сметаш само на иновативната технологија што се користи во одредена индустрија, ќе се најдеш зад конкурентите кои веќе го дигитализираат и автоматизираат секој процес на работењето.
Не е толку едноставно како склопување маса од IКЕА или LEGO коцки, кои инаку имаат вложено децении усовршувајќи ги нивните прирачници за употреба. Што ако имаш непотребни парчиња во LEGO кутијата? Или алатки кои за ништо не можете да ги употребиш? Дали ќе претпоставиш што треба да направиш… самостојно? Во тој случај, нивните прирачници не ти се потребни.
Тоа е причината зошто принципот на “еден модел одговара на сè” не функционира кога станува збор за дигиталните стратегии. Никогаш нема да можеш да следиш точна мапа бидејќи екстерните фактори секогаш ќе ти фрлат по некое погрешно парче и неочекувано обликувани алатки. Ова се неколку чекори, вредни за размислување пред да се впуштиш во дигиталниот свет.
1. Што сакаш да постигнеш?
Пред да се започне со дигитално трансформирање на еден бизнис, битна е визуелизацијата каде ќе биде бизнисот во иднина. Јасна и концизна слика е доволен чекор за промената да стартува. Процесот започнува со мајндсет дека треба да се трансформираш и дека не постои опцијата “план Б”.
2. Размислувај поинаку
Можеби најтешката работа околу дигитализацијата е недостатокот на дигитално знаење и вештини. Особено оние кои ја насочиле својата кариера кон полето на општествените науки како психологија или човечки ресурси. Дигиталниот начин на размислување не е врзан само за технологијата, туку вклучува љубопитност, мултидисциплинарност на комплексни проблеми и креативност (дел од 10-те потребни вештини до 2020 година според Светскиот Економски Форум)
3. Редефинирај ги старите бизнис модели
Дигиталното трансформирање не е еднакво на старт од нула. Секогаш постоечките бизнис модели може да се подобрат преку иновации во процесите, паметно трошење и менување на целосната игра.
4. Тестирај додека трансформираш
Секој кој се обидел да го трансформира својот бизнис со цел најдобро да перформира, знае дека не е лесно. Овие промени ги следи брзо темпо и секогаш е време за тестирање. Најдобар начин да се постигне баланс е да се создаде детален план, сигурност дека потребните вештини се присутни и фокус на крајната цел.
5. Вработените мора да се дел од големата сложувалка
Дигиталната трансформација е брод кој не може да плови додека не се качат сите на палуба. Да се вклучи само IT секторот е една од најголемите грешки кои може да се направат бидејќи целиот процес влијае врз секој аспект на бизнисот. Што ако ти кажеме дека секој вработен може и треба да биде дел од трансформацијата?
Дигиталното дејствување може да започне. Учи додека работиш и прифати го фактот дека секојдневно ќе постои соочување со нови предизвици. Работите ќе се менуваат на дневна база, но најважно е да се започне. На крајот на денот сепак се креира нешто вредно за еден бизнис што ќе додаде голема вредност на сите активности, посебно. Никој не рече дека 21-от век ќе биде лесен.
Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.
Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.