Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Дигитална Трансформација. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.
Сега кога веќе имаш план за дигитализација на бизнисот време е да почнеш со негова реализација. Но тука има неколку работи кои ќе те вратат чекор назад. Пред да се соочиш со нив навреме направи ги промените во твојот план.
Организациска отпорност на промени
10-15% од луѓето во светот сакаат промени. Возбудени се од новите предизвици за справување и нови работи за учење. Но, за другите 85-90%, промената е еднаква со болка. Тоа значи несигурност, страшен предизвик за нивната улога или идентитет и најлошото сценарио, можеби губење на работата или безбедноста на семејството. На крајот на краиштата, откако ќе добиеш добра работа, природно е да не сакаш да се вратиш во почетна фаза. Дигиталната трансформација по својата природа изгледа вознемирувачка и ја нарушува хармонијата во работата. Сепак, вистината е дека во време на промени, технологијата многу го олеснува и забрзува процесот. Последиците од отпорот кон промени се манифестираат во голем дел од работата. Дигиталните проекти кои се од витално значење за идниот успех на компанијата може да имаат проблеми со финансирање, обезбедување на ресурси или пласирање на пазарот.
Недостаток од јасна визија за дигитализацијата
Компаниите кои успеваат да создадат вредна понуда за нивните онлајн купувачу не се случајно таму. Тие развиваат јасна визија за тоа како ќе ги исполнат дигиталните потреби на своите клиенти, поставуваат цели за таа визија и почнуваат да ги реализираат веднаш. Често компаниите не успеваат да направат јасна слика за тоа што сакаат да бидат во нивниот дигитален раст. Иако разјаснувањето на оваа визија не ве води таму само по себе, всушност е само еден од многуте важни чекори.
Компаниите кои сè уште се во мракот треба да направат четири работи:
Прво – разгледување на средствата. Твојот бренд, клиентите, интелектуалната сопственост, предностите и талентите на компанијата.
Второ – проучување на пазарот за да се разберат неопходните потреби на клиентите и што прави конкуренцијата.
Трето – да се биде на врвот на технолошките трендови, кој вклучува чување на информации за релевантните нови технологии и промени во однесувањето на потрошувачите, како што се однесува на технологијата.
Четврто – воспоставување процеси дизајнирани да генерираат портфолија на потенцијални идеи за идната состојба на патот на купувачот. Овие процеси треба да дозволат компанијата да креира деловни хипотези и да ги тестира преку истражување на потрошувачите.
Неефективно собирање и проширување на податоците за клиентите
Коренот на дигиталниот успех се податоците за клиентите. Успешните дигитални приказни ефикасно ги собираат, складираат и прошируваат податоците за клиентите. Многу компании денес имаат огромен број на системи кои содржат разновидни податоци за интеракциите на клиентите, но нема јасен начин како ќе ги искористат. Други имаат податоци централизирани во информативен склад што можат да го користат за известување, меѓутоа, тие не сфатиле што да прават со сите тие податоци и на кој начин ќе дадат вредност на клиентот.
Решавањето на овој проблем треба да започне од почеток. Започни со идентификација на потребите и проблемите на твојот потенцијален клиент. Така најлесно ќе дојдеш до заклучок како треба да го презентираш твојот производ.
Нефлексибилна технологија и развојни процеси
Успешно дигитализираните бизниси речиси секогаш го повторуваат успехот преку пристапот на “учење и тестирање” – каде што редовно се додаваат, се мерат, прилагодуваат и се зачувуваат новите функции. Тие се базирани на повратни информации од корисниците и податоците за користењето. Невозможно е да се искористи овој пристап ако процесот на развој не вклучува континуирани подобрувања на производот или услугата. Компаниите кои се обидуваат да изградат флексибилни и елегантни дигитални искуства врз основа на застарени технолошки принципи не функционираат многу добро. Не мора целосно да ја отфрлите вашата дотогаш користена мрежа, но модерните претпријатија мора да ги направат своите податоци пристапни за читање и запишување. За тоа се потребни стабилни и безбедни API-и. Ако вашите основни системи се дизајнирани пред повеќе од пет години, тие веројатно имаат потреба од голема реконструкција со цел да поддржат ефикасно дигитално извршување.
Фиксирање за истиот производ
И на крај, важно е да се обезбедат обезбедат исти производи и услуги, но дигитализирани. Netflix се префрли од ДВД-а до стриминг. “Убер” ја создаде најголемата автомобилска услуга во светот без купување на било какви возила или ангажирање на возачи. eBay и Alibaba ги создадоа најголемите малопродажни канали во светот без да купуваат инвентар. Компаниите кои успешно ја “преминуваат бездната” до дигиталната ефикасност откриваат дека може со мал буџет да обезбедат многу алатки и да остварат поголеми приходи. Компаниите кои се во процес на дигитализација сфаќаат дека усвојувањето на дигиталната стратегија нуди повеќе приходи и профит, но потребно е експериментирање. Додека овој пристап е широко прифатен меѓу стартапите но менаџерите и инвеститорите во зрелите компании генерално се плашат.
Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.
Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.