Што ќе научиш на курсот за Дигитален Маркетинг со Петар Ниновски?

Сега кога 90% oд бизнисите се онлајн, прашањето е: како да се издвоиш од останатите?

Без разлика дали си маркетер, студент, или имаш свој бизнис, на Курсот за Дигитален Маркетинг ќе ги добиеш најсвежите ресурси од оваа област и ќе научиш да креираш успешни кампањи кои носат резултати. 

За следната група која започнува на 18ти декември, регистрирај се тука.

Па, ајде да работиме дигитален маркетинг како да е 2019та. Со комбинација од алатки, трикови, обработка на податоци и многу (МНОГУ) практични примери, ќе стекнеш вештини кои ќе ти овозможат да користиш иновативни маркетинг техники применливи во секој бизнис.

Секој учесник работи преку реални примери и проекти, и има шанса сам да креира маркетинг кампањи.

Со овој курс правиме сеопфатен преглед на онлајн маркетингот, новите трендови и корисни алатки, но повеќе ќе се фокусираме на квантитативни аспекти, изнаоѓање на нови маркетинг канали и ќе креираме ефективни современи маркетинг кампањи.

Што мора да знае секој дигитален маркетер?

  • Контент Маркетинг 

Да бидеме реални, секој сака да прочита добра содржина. Развивањето на контент стратегија не смее да се заобиколи! Тоа е она што го движи бизнисот напред и дава свежина и вредност. Ќе научиш како да креираш целосен календар со сите маркетинг активности, кои потоа можеш да ги следиш. Ќе дознаеш како да пристапиш на новинари и како постигнавме „Forbes“, „Huffington Post“ и многу други да пишуваат за Brainster.

  • Social Media Маркетинг

Како учесник на овој курс ќе научиш како да користиш аналитика за сегментирање и таргетирање на корисниците со цел создавање ефективна маркетинг кампања. Со практични примери од секојдневието ќе дознаеш кои се најжешките трендови во овој дигитален свет. Ќе научиш како да ја зголемиш интеракцијата на сите онлајн канали и како да изработиш целосна маркетинг стратегија и календар од почеток до крај.

Petar Ninovski

  • Growth Hacking

Што е Growth Hacking и зошто Growth хакерите ќе им ја земат работата на традиционалните маркетери? После курсот ќе знаеш како да ги добиеш твоите први корисници уште пред лансирање на новата понуда или производ. Преку реални примери ќе објасниме како нашата компанија успеа да генерира повеќе од 5.000 e-mail адреси со една Growth Hacking кампања. На крајот од овој модул, ќе сфатиш зошто секој бизнис треба да инкорпорира Side Project Marketing и ќе бидеш способен самостојно да изработиш Landing страна.

  • E-mail Маркетинг и SEO

Ништо подобро од добар е-mail во твоето сандаче, нели? Ако веќе се восхитуваш на компании со генијални Newsletter решенија, во овој дел од курсот ќе научиш како да ги креираш и самиот. Ќе одредуваме параметри за следење и анализа на ефикасноста на кампањата преку објаснување на различните типови на e-mail кампањи (таргетирана, сегментирана, промотивна, итн.) За крај, ќе знаеш да направиш A/B тестирање на креираните решенија. Ќе разработиме неколку начини за користење на профилите на социјалните медиуми за подобар ранг на Google и оптимизирана содржина.

  • Создавање на Buyer Persona

Зошто е потребна Buyer Persona во еден бизнис? Претставува појдовна точка за запознавање на твојата публика. Според неколку светски истражувања, познавањето на публиката и потенцијалните потрошувачи, може да донесе 90% повеќе продажни резултати и подобар перформанс. Тука ќе се стекнеш со неколку вештини како се креира Buyer Persona преку серија од практични вежби.

  • Facebook рекламирање

Како да креираш различни типови реклами, кои ќе ти донесат продажни резултати? Преку успешно сегментирање и таргетирање на вистинската публика. Така рекламата не само што ќе биде успешна, туку и ќе научиш како да ги измериш нејзините ефекти. Секако, улога има и изборот на соодветен текст и слика.

Oва се само дел од работите кои ги опфаќа курсот за дигитален маркетинг. Главната идеја на курсот е да научиш како постојано да иновираш во маркетингот без разлика дали развиваш сопствен бизнис, работиш долго време маркетинг или ова е твоја работа од соништата.

 

Следната група започнува на 18ти декември. Програмата види ја тука. 

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА