Ова е гостински текст напишан од Јосип Коцев кој моментално е дел од Академијата за маркетинг.

Кој би рекол дека во сржта на еден бренд лежи длабока филозофија? Вообичаено, во остварувањето на маркетинг целите сите тргнуваме од нешто практично и опипливо. Конкретна акција или дејство што ќе ни овозможи да стигнеме до резултат. Но, во случајот со брендот како intangible asset, сосема логично е неговата база исто така да биде нешто неопипливо. Голема идеја, мисла, мотив, од каде што ќе произлезат сите негови понатамошни вредности.

Зошто го правиме тоа што го правиме?

Во основата на брендот се наоѓаат неговата цел и мисија. Simon Sinek вели: Повеќето компании започнуваат со „Што“, а потоа зборуваат за „Како“. Но, компаниите кои имаат навистина силни брендови започнуваат со „Зошто“. Тој објаснува дека како што ние сакаме да бидеме поврзани со идеи и движења кои се многу поголеми од нас, така и организациите треба да имаат повисока цел ако сакаат да се стекнат со нашата приврзаност.   

digital marketing makedonija

To refresh the world in mind, body and spirit. To inspire moments of optimism and happiness through our brands and actions.

 

Целта на брендот е импактот што брендот го прави врз животите на таргетираните потрошувачи, давајќи им оригинална вредност. Таа се наоѓа во пресекот меѓу она што брендот може да му го понуди на светот и она што претставува најдлабока грижа и желба на еден потрошувач.

Поврзана е со промената или разликата која тој се труди да ја направи во светот. На пример, Walmart велат „Ниски цени секој ден“, што потоа премина во „Заштеди пари, живеј подобро“, и одлично се вклопи со целта да им помогне на луѓето да обезбедат подобар живот за своите семејства. Потрошувачите сакаат да дознаат за што се залага една компанија, за да одлучат дали ќе застанат позади неа.

Целта на брендот е моторна сила што ги движи луѓето напред

Брендот треба да постои за да изрази и оствари одредена позитивна промена што може да ја постигне во човечките животи. Таквата промена се појавува низ опипливите искуства што ќе ги создаде.  John Rudaizky од Ernst and Young вели: Целта на брендот не се однесува на она што го зборуваш, туку на она што го правиш.

Според една студија на Harvard Business Review и Ernst and Young, компаниите со силна смисла за цел подобро се трансформираат. Внесуваат побрзи иновации, a имаат и повисок степен на сатисфакција кај вработените. Еден бренд е многу повеќе од профит. Таму каде што целта е цврсто воспоставена и изразена, таа создава своевидна култура. Верба во самиот бренд и сигурност дека стратегијата на брендот е на линија со бизнис целите. Тие цели треба да влијааат врз еден цел систем на однесување.

d

If you have a body, you’re an athlete. – Целта на Nike е да поттикне мотивација кaj своите потрошувачи.

 

Интересно е да се знае дека целта особено влијае врз Millennials и Генерацијата Z. Луѓето од овие генерации се со нагласена дигитална поврзаност и имаат поактивни очекувања. Компаниите треба да бидат поврзани со повисока причина и цел во која тие како потрошувачи ќе можат да веруваат. 

Целта на брендот е сложен концепт кој зборува за поврзаноста на компанијата и заедницата, и нејзината посветеност да предизвика промени кон подобро. Тоа треба да е голема идеја, сон, долгорочна и непроменлива цел. Потрошувачите сметаат дека оваа цел е важна, инспирира, мотивира и и’ дава причина за постоење на една компанија. Целта не е неопходно да биде кауза, иако повеќето потрошувачи преферираат да биде кауза во која ќе веруваат. Целта треба да биде нешто на кое директно ќе може да се влијае, нешто проактивно и функционално, и конечно — нешто што ќе живее во секој преземен чекор на компанијата.

digital marketing makedonija

 

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za marketing, obuka za internet marketing skopje. obuka za facebook, обука за маркетинг. kurs za google ads, курс за google ads, обука за google adwords, digitalen marketing skopje, makedonija. akademija za marketing, академија за маркетинг. akademija