Дипломиран ликовен уметник кој по завршувањето на факултетот работел во Македонска опера и балет како сликар, Андреј Лавчански ја добил желбата за графички дизајн уште од првиот час на факултет.
„Сакав целосно да се усовршам и ми требаше дополнително искуство па затоа се одлучив да дојдам на Академијата за дизајн”.
По завршувањето на Академијата, Андреј започна нова кариера во „ОХО” – Здружение за едукација комуникација и консалтинг.
Многу од луѓето кои доаѓаат на интервјуа за Академијата, сметаат дека е потребно некакво претходно искуство и имаат страв дека нема да бидат доволно добри за креативна професија. Дали ти имаше некакво претходно искуство и стравови во врска со започнување на оваа кариера?
Јас дојдов на академијата со мало искуство од факултет, и голема желба за усовршување па затоа и решив да се запишам, но не сметам дека луѓето што немаат никакво искуство од графички дизајн треба да имаат страв дека не се доволно креативни или пак не може да научат, напротив на Академијата ке им се пружи прилика да научат многу и да изградат кариeра како што посакува секој графички дизајнер. 🙂
Што мислиш ти, колку време е потребно да се совладаат основите на софтверите кои ги поминувавте на Академијата? Дали може секој да ги совлада?
За многу брз период на Академијата за дизајн ке им се овозможи целосно да го совладаат материјалот што треба да се знае, почнувајки од најосновните работи па се до работа на реални проекти и градење на портфолио што понатаму ќе им овозможи продир во областа на графичкиот дизајн. Без сомнеж сум дека секој може да ги совлада програмите но нормално дека е потребно да се вложи труд и да се има желба кон тоа како и кон све друго, за уште поголеми успеси!
Што најмногу ти се допаѓа на новото работно место и кои се твоите планови за во иднина?
Првпат работам како графички дизајнер и сметам дека добро се снаоѓам! Работев на големи проекти и стекнав многу искуство до сега, што е важно за мене и мојата кариера.
Ми се допаѓа слободата и креативноста што ја имам на работа па затоа, како секој дизајнер така и јас имам желба да работа на што поголеми проекти во иднина!
Сподели ни некои твои дизајни!
Постер дизајн за конкурс во Србија на тема – “Спремни за свемир”
Постер дизајн за Германско друштво за меѓународна соработка (ГИЗ)
Уписите за Академијата за графички дизајн се во тек, а програмата можеш да ја видиш тука.