Каде се спојува архитектурата со графичкиот дизајн? – Разговор со Мерима од Академијата

Мерима е дипломиран архитект кој реши да ја надгради својата кариера и успешно ја заврши Академијата за графички дизајн. Моментално работи на многу проекти па ја прашавме за нејзиното искуство.

Кога се појави твојата љубов кон дизајнот, што правеше пред Академијата?

Уште како мала константно имав потреба да направам нешто и да обликувам, цртам едноставно да се изразам така што нешто ќе направам и ќе креирам во што моите родители целосно ме подржуваа. Особено мајка ми и ја поттикнуваше таа моја страст кон креирањето и тоа мислам дека никогаш не престана. Па така станав архитект.

Ти си дипломиран архитект, кажи ни каде се спојува архитектурата со дизајнот?

Архитектурата преставува обликување и давање дизајн и функција на одреден простор врз основа на местоположбата. Значи без соодветен дизајн кој што произлегува од анализирање на потребите на просторот нема да имаме функционална архитектура.

На Академијата освои награда за твоето дело на изложбата во соработка со ГИЗ на тема „Zero Hunger“. Покажи ни го дизајнот и кажи ни што те инспирираше.

Постерот на темата за “zero hunger” беше инспириран од податокот дека од 195 милиони луѓе во Африка во 2014 год кои што немаат соодветна храна и медицинска грижа пораснал на 273 милиони во 2017 год. Па така се инспирирав да го ставам континентот Африка и деловите кај што се најзагрозените луѓе да бидат црни и во една ликвидна форма како да се топи тој дел и да прикаже дека работите не одат како што треба таму и дека треба да се помогне. Како и во долниот дел е прикажзана една жена која што исто така се губи во црнилото и станува се помала и помала и се губи. Со тоа сакам да кажам дека повеќето лошо згрижени и загрозени се жените и децата.

 

Како Архитект, кои беа предизвиците додека учеше графички дизајн? Како тие предизвици ти помогнаа во твојата професија?

Искрено јас се запишав со таа намера тоа што го цртам на рака и со лењири да можам да го дигитализирам и да биде во дигитална форма затоа што само уште тоа ми фалеше нели поради денешната технологија и се е дигитализирано. Се чуствував не исполнета поради тоа мое не знаење. Сега техниките од графичкиот дизајн многу ми помогнаа во креирањето на цртежите и доработка на истите буквано секој проект го поминувам низ неколку програми и го обработувам со цел да ја продадам идејата на клиентот. Во што и успевам 🙂

Како ти помогна Академијата за да станеш графички дизајнер?

Па со тоа што ги усовршив техниките за дигитално изразување претходно многу пати правев рачно дизајни и потоа на некој програми за архитектура или остануваа така на лист хартија ама не беше тој ефект. Така да академијата ми помогна сите мои цртежи и идеји што се на лист да преминат на скенирање па илустратор па фотоштоп итн додека не бидат комплетирани до крај.

Сподели ни ги твоите омилени дизајни.

Дефинитивно постерот против насилство врз жени баш му се посветив на постерот заради темата и подигање на свеста кај луѓето.
И дефинитивно постерот за ГИЗ за подигање на свест за чиста вода. На тој постер е исто една жена која што плива во пластични отпадоци.
Најчесто во своите дизајни ја прикажувам жената. Жената како “ultimate inspiration” за се во животот.

 

 

Што би им препорачала на сите кои сакаат да направат слична промена во кариерата?

На сите што мислат дека нивните цртежи и идеји не треба да останат на лист хартија и да преминат на дигитализација ги охрабрувам да го направат тоа и дека ќе имаат многу повеќе и подобри опции за да се изразат, без број опции. Топло им препорачувам да се запишат на академијата.

 

Уписите за Академијата се во тек, зачувај си место тука!

 

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫