Креативата на Григорија од Академијата за дизајн избрана за ПичПрич

После 4 месеци на Академијата, Григорија го започна дизајнерското искуство на пракса кај Небојша Гелевски каде што нејзиниот дизајн беше избран за овогодинешниот Пич Прич на тема „Фасада“.

Григорија е дипломиран политиколог по професија, со прикриена креативна страна која секојдневно барала начин да излезе на површина.

„Пред Академијата за дизајн трагав барајки се себеси. Прикриената креативна страна барала начин секојдневно да излезе на површина, па свесно или несвесно се убедував дека дипломатијата (мојата втора љубов) било токму она што го сакам.“

Моментално си кај Бане во Кома на пракса, како си поминуваш и што научи таму?

Бане е човек од кој што има многу да се научи, секогаш има изобилство на нови идеи, константно работи на нови проекти и нови предизвици. Првиот ден на пракса во Кома ми беше тотален емоционален ролеркостер. Стигнав пред вратата и пред да влезам осеќав некоја трема, потсвесно знаејќи дека влегувам во нешто ново, бев со прашалници како би се снашла и што ќе биде сега? Но, наспроти тоа налетав на насмеани лица, пријателски расположени, спремни за контанстна помош од кои што учам секојдневно. На една од работите на кои можеби најмногу им се радувам е токму можноста првиот допир со графички дизајн и реалните клиенти да ми биде во Кома, која за мене лично претставува отскочна даска за понатамошната моја кариера, а доколку се прашувате какви се Комаџиите – би ги опишала како најдинамичните и најпозитивните луѓе кои пред се ја работат работата со уживање. За мене 30 дена во Кома поминаа во еден момент, а љубовта спрема графичкиот дизајн само се дозацврсти.

По само 4 месеци на Академијата твојот дизајн беше избран за овогодинешниот ПичПрич, кажи ни нешто повеќе околку тоа искуство?

Особено ми е драго што бев дел од тимот на дизајнерското Студио Кома и огромно фала на Бане кој ми даде слобода да ја искажам својата креативност, на колегите и на нивната безрезервна поддршка и помош во текот на целата пракса. Се радувам што имав можност да присуствувам и да бидам дел од целокупниот процес во креаирањето на проект зададен од страна на реален клиент. Дизајнирањето на постерот за Пич Прич проаѓаше низ неколку различни фази на работа и истражување. Овогодинешната тема на Пич Прич е насловена „ФАСАДА“. Првенствена идеја за постер дизајн на која што работев во првите фази беше графичка илустрација. Со секојдневната комуникација, новите идеи и развитокот на целиот проект не доведе до нова идеја за постер –  фотографија. Понатамошниот развиток на проектот беше сет – фотографија, во која учествуваше целиот тим на Дизајн Студио – Кома. За мене ова е само еден огромен поттик и мотив за развитокот на мојата дизајнерска кариера.

 

Како ти помогна Академијата за да направиш кариерна трансформација?

Да создавам нешто креативно со свој печат ми била една од најголемите желби, моментално веќе исполнета. Знаев дека треба да променам професија после полагањето на последните испити пред дипломирање, нешто едноставно не се поклопуваше со мојата визија во главата за сама себе.  Запишувањето во Brainster на Академијата за графички дизајн е најдобрата одлука која што сум ја направила во животот. Како човек кој што има авануристички дух, без размислување се впуштив во нова авантура, интуцијата ми кажуваше дека ова е она што е вистинското за мене и не погрешив. Моментално се осеќам исполнето и помотивирано одсекогаш, а Brainster секогаш ќе има дел од мене. 

Каде се гледаш себеси во иднина?

Цврство верувам во своите соништа и во она што го имам зацртано, па сите мисли ми се насочени кон остварување на истото. Како иден успешен графички дизајнер би сакала да оставам дел од себе преку своите дизајни кои ќе имаат свој препознатлив печат и едно комфортно, минималистички, урбано скоцкано дизајнерско студио, отворено за секојдневните нови предизвици. 🙂

Покажи ни некои твој омилен дизајн кој го изработи на Академијата

 

Кажи ни нешто што ве врзува тебе и дизајнот а никој не го знае

Тоа е еден од првите мои дизајни или за мене The Holy Bible, кој што ме води и ми ја дава константната секојдневна мотивација за она што сакам да го исполнам.

Што би им препорачала на сите кои сакаат да направат слична промена во кариерата?

Да веруваат во своите соништа, да работат на нивно исполнување и никогаш да не се плашат од промена. Тоа е мотото кое ми е двигател во животот. А Brainster e вистинската опција за тоа. 🙂 

 

Уписите за Академијата за дизајн се во тек, зачувај си место тука!

 

Related Stories For You