Горјан Главески е алумни студент на нашата Академија за графички дизајн, а воедно и еден од студентите кои постигнаа одлични резултати на предавањата и изработија успешни проекти. Како еден од реалните проекти на кој има работено Горјан е и редизајнот на логото на Бучен Козјак, каде што за победничко решение беше избрано токму неговото.

Студентите од оваа Академија имаа задача да работат на реален проект на модулот „Брендинг и лого дизајн“ под менторство на нашиот инструктор Александар Нофитоски. Целта на проектот беше да се даде нов, модерен редизајн на досега познатото лого на компанијата Бучен Козјак, а притоа да ги задржи нивните препознатливи елементи. 

Од страна на студентите беа понудени голем број решенија за редизајн на логото, но по презентацијата на редизајните како победничко решение беше избран редизајнот на Горјан Главески.

 

Во продолжение си поразговаравме со Горјан за искуството со проектите на Академијата за графички дизајн 

 

 

Здраво Горјан! Ти си еден од нашите Dream Team студенти, па ние на Академијата за графички дизајн те познаваме, но како би се претставил на останатите?

Јас сум Горјан од Битола, графички дизајнер, ентузијаст за екстремни спортови и електронска музика.

 

 

7 месеци, многу учење и напорна работа ги заокружи со успешно креирање на неколку реални проекти, меѓу кои особено се истакнува проектот за Бучен Козјак. Честитки за твојата истрајност. Како се чувствуваш сега со сите нови вештини и знаења стекнати изминативе месеци?

Како студент на Академијата за графички дизајн, изминативе неколку месеци успеав да ги развијам своите вештини и да стекнам подлабоко разбирање за графичкиот дизајн што воедно ми даде поголема самодоверба и сигурност дека го избрав вистинскиот пат во животот. Благодарение на програмата на Brainster која нуди можности за работа на проекти за реални клиенти како Бучен Козјак, имав можност да направам редизајн на логото. 

Според мене тоа беше многу интересен предизвик бидејќи клиентот испрати доста конкретен и јасен бриф, кој од друга страна беше и ограничен поради тоа што сакаа да го задржат традиционалниот изглед на постоечкото лого. Токму поради таа ограниченост во однос на елементите, бојата и текстот – мене ми даде на некој начин слобода да изведам форма која ќе го задржи идентитетот на Бучен Козјак, но ќе го прикаже во нов и модерен стил.

 

 

На модулот „Брендинг и лого дизајн“ под менторство на инструкторот Александар Нофитоски ја доби можноста да креираш решение за редизајн на логото на Бучен Козјак. Како започна целиот процес на работа и со кои алатки се служеше?

Процесот на работа го започнав со истражување и складирање на идеи околку формата на буквата „Б“ која не сакав чисто да ја преземам од некој фонт, туку сакав рачно да ја изработам. Бидејќи се работи за традиционален изглед, за стилот на логото како инспирација ми послужија безвременски дизајни на логоа направени за поранешни  југословенски фирми. Ја зедов оваа насока на размислување бидејќи сакав и логото на Бучен Козјак да биде исто така безвременско. Во однос на алатките, се служев со можностите кои ми беа достапни во софтверот Adobe Illustrator.

 

 

Какво е чувството твојот дизајн да биде избран од страна на голема и домашна компанија?

Многу се радувам што баш моето решение беше избрано како финално, навистина ми беше предизвик да направам редизајн на лого на наш, македонски бренд.

 

 

Што би ни споделил за искуството како студент од Академијата за графички дизајн?

За време на студирањето на Академијата за графички дизајн на Brainster, имав можност да комуницирам и да добивам навремен и конструктивен фидбек од сите инструктори кои несебично го споделуваа нивното искуство. Исто така, би ја издвоил и можноста да работам во тим за да ја почувствувам таа динамика на работа која ми послужи како припрема за понатамошните предизвици.

 

 

И за крај, најважната лекција што ја научи на предавањата? 🙂

Најважната работа која ја научив во текот на предавањата (освен „не го влечи фонтот“) е тоа да ги исполнувам работните задачи навремено за да имам доволно простор да го развијам дизајнот како процес, да му дадам простор на дизајнот да дише за да биде јасен и функционален и дека пред клиентот својот дизајн треба да го претставиш јасно и сигурно без двоумење.

 

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Уписите се во тек, резервирај го своето место на време!

 

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа.

 

 

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА