Во 2019 со сигурност можеме да кажеме дека 2018 година беше означена од многу прекрасни графички, веб, печатени и други видови дизајни.
Дали оваа година ќе бидеме сведоци на тотална апокалипса во светот на графичкиот дизајн или сè ќе остане по старо? Забележуваме неколку насоки во кои дизајнерите со сигурност се упатуваат, и ви ги одвојуваме највпечатливите.
Project by Rafael Araújo
3D дизајн и типографија
Се чини дека тридимензионалните дела се насекаде во моментов: цели композиции кои имаат толку длабочина, кои не можете, а да не се обидете да ги допрете. Особено 3D типографија се чувствува како да е подготвена за својот БУМ. Најдобриот дел во врска со тоа е дека нема посебен тип кој најдобро функционира за овој тренд: bold, skinny, sans-serif, script, секој фонт може да биде прикажан во 3D. Некои дизајни ги спојуваат овие два тренда во футуристички пејзажи на бои, вид и форма. Други, како и прекрасните илустрации на хартија од Еико Оџала, изгледаат како да се создадени од елементи директно од природниот свет.
Avant Post – Project: Les Salins 2018/2019;
Постојаната еволуција на дуотоновите и градиентите
Градиентите – “транзиции во боја”, како што понекогаш се викаат – се добро препознатлив тренд во изминатите неколку години. Неодамна тие дефинитивно почнаа да се провлекуваат назад во лого дизајнот. Едноставни еднобојни логоа не се доволни; сè повеќе и повеќе се појавуваат со некој вид градиент. Некои од нив се очекуваните комбинации (сина / виолетова, црвена / портокалова), но други користат пoхрабри дуотонови. Имаше многу бучава во изминатата година или две за “враќање на дуотонот”, а благодарение на Spotify и нивните легендарни плејлист кавери, двата паралелни трендови се комбинираат, со што 2019 година ја прават година на градиент на дуотонови.
Движечки дизајни за Micro UX
Брендовите истражуваат како навидум малите елементи на движење можат да придонесат за целокупното искуство на нивните корисници. Очекуваме да видиме многу повеќе суптилно анимирани логоа и user interface елементи во 2019 година. Без разлика дали тоа е едноставно неочекуван pre loader или впечатлив анимиран херој, ова е година на динамика и движење.
Preview page од блог на Zhenya Rynzhuk
Leo Natsume со анимација за рециклирање
Металик ефект
Златното никогаш не излегува од мода, но еден од трендовите кои ќе ги гледаме во 2019 се елементи од метал инкорпорирани во дизајните.
Дизајни на Ben Fearnley
Покрај тоа, приказот на различни метали со раскошен ефект на боја е прилично трендовски изглед. Таквите дизајни изгледаат волшебно и смирувачки бидејќи покажуваат убава палета на сјајни бои кога светлината ќе ја погоди нивната површина.
Design by Anna Caban- Szypenbeil
Дизајн на пакување – Big fonts & Bold Colors
Author: BR/BAUEN Design Group – Project:Diferentona
Author: F61 Work Room, Anatoly Vasiliev, Alan Bur –Project: Gelateria Di Neve;
3D илустрирани анимации
Author: R A D I O – Project: Double taps
Open compositions – ослободете се од рамките!
По долги години на сместување на елементите во кутии и рамки кои осигуруваат строг распоред каде секој дел е видлив, дизајнерите почнуваат да ги прифаќаат отворените композиции. Ова се оние дизајни каде што се чувствувате дека гледате само дел од целата слика и дека има еден цел свет надвор од страната.
Макси типографија = макси влијание
Типографијата како нераскинлив дел од графичкиот дизајн дефинитивно следи одредени трендови – некои кои остануваат со години, и други кои исчезнат прилично брзо. Едно е сигурно – типографијата во трендовите на графичкиот дизајн 2019 дефинитивно ќе има макси формат. Во потрага по повеќе влијателни графички дизајни, очекуваме од дизајнерите да нè изненадат со креативни парчиња во кои типографијата е активен дел од дизајнот во интеракција со реални објекти и луѓе. Комбинации на различни тежини на фонт и густина, комбинации помеѓу вертикална, дијагонална и хоризонтална ориентација, па дури и изобличена типографија ќе станат норма во 2019 година.
Сајтот на Louisansa
Футуристички и храбри бои
Author: Vladimir Lifanov, Aslamova Viktoriya
Design by Mohamed Samir
Асиметрични распореди
Author: CFC – Project: EASY PEASY;