Константин е студент на Академијата за графички дизајн, чие слободно време е исполнето со различни уметнички активности. Меѓу останатите, цртањето и фотографирањето се негови примарни занимации, кои го опфаќаат речиси целото негово слободно време.
На предметот Creative Thinking каде што креираме дизајни за социјални медиуми и иновативни решенија, дизајнот на Константин беше избран од нашите learning партнери – Mr. Hotdog.
Уписите на Академијата за дизајн се во тек, останати се уште 2 слободни места. Види ја програмата тука!
Што правеше пред да се запишеш на Академијата за дизајн, од каде произлезе љубовта за оваа професија?
Пред да започнам со академијата, цртањето беше тоа што ме заинтригира да го проширам моето знаење кон до тогаш непознати области. Отсекогаш сум сакал нацртаното на лист хартија да го претставам во дигитална верзија, и Brainster ми овозможи моите идеи да ги векторизирам.
На модулот Creative thinking работевте креативни пораки и дизајни за социјалните медиуми за Mr.Hotdog. Твојот дизајн е победничкиот кој ќе го користат. Кажи ни нешто повеќе за овој проект.
Целта која сакав да ја постигнам со дизајнот за Mr Hotdog, беше да создадам дизајн, привлечен за различен спектар на генерации, на едноставен начин. Се одлучив за стикери, бидејќи сметам дека е невообичаен вид на рекламен материјал, а и воедно модерен. Исто така сакав да ја спојам приказната со лик, а тој лик или маскота би бил кученцето на стикерите.
Дали сметаш дека работата на реални проекти е важна? Какво е твоето искуство до сега со нив?
Сметам дека е важна работата на реални проекти, бидејќи со практична работа секој се надградува индивидуално. Од досегашното мое искуство на такви проекти, можам да го издвојам дизајнот за корицата на „Пурпурното море“, издадена од Херои.
Покажи ни неколку твои омилени дизајни и кажи ни нешто за нив:)
Моите дизајни се најчесто инспирирани од митови, легенди и фантастични приказни.
Што би им порачал на сите кои сакаат да направат ваква кариерна промена?
Со Brainster ја стекнав самодовербата за да продолжам да го работам тоа што го сакам. Мојата порака за идните генерации е да се насочат кон тоа што ги интересира и со стекнатото знаење ќе можат во целост да уживаат во оваа професија.
Уписите за Академијата се во тек, уште 2 слободни места. Резерцирај си го твоето тука!