Студентите од Академијата за дизајн зборуваат за искуството во виртуелната училница

Над 600 студенти на Brainster во моментов ја следат наставата во Виртуелна училница во живо.

Со цел привременото префрлање на онлајн настава да овозможи 100% успешно спроведување на наставната програма, додадовме дополнителни активности кај сите 6 академии. Овие дополнителни активности им помагаат на студентите без проблем да ја совладаат програмата и успешно да се справат со сите практични задачи и во новата околина.

Ги прашавме Сара, Кристина, Незир и Јованка од Академијата за графички дизајн какво е нивното искуство и како си поминуваат до сега.

Јованка е дипломиран преведувач и толкувач по руски јазик,  Сара е студент на Архитектонски факултет и се занимава со цртање и сликање уште од многу мала. Незир пак веќе работи графички дизајн подолго време, а Кристина е креативен електраш кој отсекогаш го влечел дизајн и фотографија.

Што беше она што ве натера да ја изберете токму оваа дисциплина и токму оваа Академија?

Јованка: Последните неколку години работата ми беше шаблонска и монотона. Почувствував потреба од промена, нешто покреативно, подинамично. Затоа се одлучив за графички дизајн, а после разговори со другари и другарки кои веќе посетуваа одредени курсеви на Брејнстер, не се двоумев многу каде да се запишам. И не згрешив!

Сара: Дизајнот како дисциплина го одбрав како совршен мост помеѓу моите уметнички склоности и problem-solving вештини од една страна, и современата технологија и пазарот од другата. Сметав дека Brainster е најдоброто место каде би можела да научам да го реализирам сето тоа, поради што решив да се запишам на Академијата за дизајн.

НезирПосле неколку утки конечно се одлучив да се посветам на Дизајнот. Од сите академии и курсеви што постојат се одлучив за Брејнстер поради одличните ментори и колку се грижат за своите студенти да ги постигнат нивните цели. 

Колку време ви требаше да се адаптирате на промената?

Кристина: Многу брзо успеав да се снајдам благодарение на одличната програма и инструкторите кои на многу некласичен и интересен начин ни предаваа и секогаш беа тука за нас за било какви прашања, консултации, совети и дискусии за материјалот кој го работевме, но и надвор од него. 

Незир: На промената одма се адаптирав поради Гејминг деновите и трудот на Брејнстер менаџмент како ни најдоа чаре.

ЈованкаСите почетоци се тешки, особено затоа што јас немав претходно никакви допирни точки, ниту искуство со програмите кои ги користиме, меѓутоа успеав брзо да се адаптирам благодарение на посветеноста на инструкторите. 

Поради вонредните услови, сите Академии на Brainster се префрлија во виртуелна училница. Сподели ги твоите впечатоци од виртуелната училница, за сите оние кои се мислат дали да го искористат периодов за учење нови вештини?

Незир: Обожавам како сите инструктори даваат се од себе да ни шират позитивна енергија. Онлајн предавањата се како Јутуб туторијали да гледаш но кога ќе поставиш прашање одма ти е одговорено од инструкторот. 

Кристина: Сите сме свесни за ситуацијата во која се наоѓаме, цел свет е префрлен да функционира онлајн. Виртуелната училница ни помага да немаме прекин во наставата, допринесува да ги тргнеме нашите мисли од случувањата во светот, да го искористиме максимално времето и нашиот потенцијал на креативен начин. 

А оние кои се мислат дали да го искористат периодов за учење нови вештини, нека не се двоумат бидејќи сега е правиот момент да ги научат вештините кои ги посакувале, но немале време да се посветат на нив.

Какво е искуството на Академијата до сега. Како напредувате низ материјалот и каква е атмосферата.

Сара: На академијата научив доста, ги усовршив вештините што веќе ги имав, запознав доста професионалци од сферата кои ме мотивираат и стекнав претстава за тоа како функционира дизајнерската индустрија.

Учењето е секогаш во позитивна и релаксирачка атмосфера, бидејќи така е најефикасно, и интелектуално и креативно најстимулативно!

КристинаРедовните домашни, дополнителните часови и реалните проекти со клиенти кои ги имаме ми помогнаа многу брзо да напредувам и да се стекнам со искуства кои ќе ми помогнат и олеснат понатаму во мојата дизајнерска кариера. Како што ги изучуваме модулите, после секој модул има значителен напредок кај мене. Со тоа си потврдувам дека не сум направила грешка и дека сум на правото местo. 

Јованка: Досегашното искуство на Академијата ми е позитивно, а предавањата е одржуваат во многу пријатна атмосфера, така што е многу лесно да се совладува материјалот.

Омилени модули:

Незир: Типографија  со Небојша Гелевски и Постер Дизајн со Зоран Кардула.

Кристина: Секој модул претставува една алка на ланецот за создавање иден и професионален дизајнер. Искрено не можам да издвојам само еден од Академијата, но како најинтересни би ги издвоила часовите за типографија со Бане, Creative thinking и package дизајн со Диди и постер дизајн со Кардула.

Сара: Постер дизајн со Зоран Кардула и logo & branding со Александар Нофитоски.

Јованка: Омилени модули досега на академијата ми се Постер дизајн и package design.

Што би им порачале на сите што размислуваат да променат кариера во моментов?

Сара: Aко веќе се двоумиш, нема што да изгубиш да пробаш – можеш многу позитивно да се изненадиш од себеси и вратите кои ќе ти се отворат!

Кристина: Секогаш вреди да се ризикува, бидете упорни, истрајни и не се плашете од промени, бидејќи секоја нова промена е нов предизвик кој води кон лично напредување, надградување и истакнување на своите “скриени” потенцијали.

ЈованкаНа сите оние што размислуваат да ја променат кариерата, кои се двоумат, им порачувам што побрзо да се одлучат „за“, затоа што штом веќе имаат сомнежи, значи дека е време за промена.

Незир: Никогаш не е прекасно да научиш нова вештина.

Останати се уште 3 слободни места на Академијата за графички дизајн. Резервирај го твоето тука!

Related Stories For You