Поразговаравме со студентите од Академијата за дизајн кои поради моменталните услови ја продолжија Академијата во виртуелната училница. Ги прашавме за нивното искуство и како си поминуваат до сега на часовите.
Силвија студира графичко инженерство и дизајн, Павел е бивши студент на Филозофскиот факултет, а Мимоза по неколку различни професии, е посветена на дизајнот.
Уписите за новите групи на Академијата се во тек. Аплицирај ТУКА.
Што беше она што ве натера да ја изберете токму оваа професија?
Мимоза: Графичкиот дизајн како професија за мене е нешто што нуди слобода, можност да комуницираш со светот низ стандардни и нестандардни медиуми, да се изразиш себе си, да пронајдеш визуелизација на желбите на клиентот. Brainster го одбрав затоа што ми даде можност да учам од луѓе кои се на врвот во својата професија, во темпо што ќе ми овозможи брзо да го трансформирам дизајнот од хоби во професија.
Силвија: Одејќи по мојата човекова природа, мојот истражувачки темперамент, можам да кажам дека сум искусила повеќе работни места со цел се повеќе да истражувам, се до моментот кога ја почуствував врската со дизајнот.
За совладување на вештините и разбирањето на графичкиот дизајн од секој аспект ми беше потребен искусен и вешт учител кој несебично би го предал своето знаење и искуство. Во Brainster добивме еден тим, еден пакет од 10 извонредни инструктори кои даваат се од себе.
Какво е искуството до сега на Академијата за дизајн? Како напредувате?
Силвија: Избирајќи ја Академијата за дизајн моите очекувања комплетно се исполнија. Благодарна сум за пружаната помош во било кое време. Научив многу за краток период.
Мимоза: Искуството е непроценливо. Се наоѓаш себе си во средина на луѓе кои ја делат твојата страст, со кои заедно го одиш патот. Со тоа што гледаме како нашите колеги пристапуваат на определени проблеми и предизвици, црпиме искуство од различни пристапи и го вградуваме тоа во секој следен проект. Бев многу пријатно изненадена од посветеноста и отвореноста од нашите инструктори.
На Академијата работиме на реални проекти за клиенти. Дизајнот на Павел беше избран како победнички брендинг дизајн за прозиводот на житомаркети – Del Pasta. Павел, од каде доби инспирација за овој дизајн, кој беше твојот креативен процес?
Павел: После долго истражување во областа на овој бренд, и искористувајќи ги советите на професорот Александар Нофитовски од предавањата, успеав да го изработам решението кое на клиентот најмногу му се допадна. Искуството да се презентира пред клиент на вистински проект, и целиот тој процес сметам дека е голем плус за мене и студентите.
Се инспирирам буквално од се, од луѓе, од искуствата со нив, од филмови од музика, па дури и од тишината во која некогаш сакам да се повлечам и да си земам време за мене.
Поради вонредните услови, сите Академии на Brainster се префрлија во виртуелна училница. Споделете ни ги вашите впечатоци од виртуелната училница, за сите оние кои се мислат дали да го искористат периодов за учење нови вештини?
Мимоза: Brainster навистина отиде all the way во тоа да ни пружи максимална поддршка во овие услови. Добивме екстра модули и предавања, инструкторите се достапни како и секогаш за совет и мислење. Квалитетот на предавањата воопшто не е променет.
Силвија: Виртуелните училници се современ метод на учење кој и не е така лош. Успеваме да ги совладуваме алатките, да завршуваме навремено со нашите задачи и воедно со продуктивноста и постојаната работа полесно го пребродуваме овој период со вонредни услови.
Павел: На почетокот беше ново искуство виртуелната училница, но предавањата продолжија без никаков проблем исто како и комуникацијата помеѓу студентите и професорите.
Кои се вашите омилени предмети од Академијата? Покажете ни некои ваши дизајни кои ги изработивте во виртуелната училница.
Мимоза: Не можам да издвојам само еден, сите претставуваат аспекти од графичкиот дизајн кои се свои светови, иднината најверојатно ќе покаже кој од нас ќе се пронајде себе си во која област.
Креативно решение на Мимоза Гулевска за кампања на нашиот learning partner – Mr. Hotdog.
Силвија: Повеќето модули ми се драги па само би наброила: Постер дизајн, Фонт дизајн, UI / UX дизајн…
Постер дизајн на Сливија Талевска.
Што би им порачале на сите што размислуваат да променат кариера во моментов?
Павел: Доколку се чуствувате дека сте го достигнале максимумот на вашето работно место или дека нема простор за напредок и е време да истражувате нови полиња во животот, запишете се на оваа академија бидејќи моето искуство е дека секое решение на задачите во графичкиот дизајн се темели на истражување на најразлични теми од областа на задачата.
Знаењето со кое ќе се стекнете можете да го ограничите само вие!
Мимоза: Никогаш не е доцна да го правите тоа што го сакате. Тоа што оваа фраза звучи како клише не ја засенува нејзината вистина. Во основа промената на кариера се состои од само два чекори: еден – да почнете и два – да не се откажувате.
Силвија: Промената секогаш носи пријатни изненадувања и животни искуства, сега е моментот на промена. Немојте да дозволите мислите да ве ограничуваат. Направете го кога мислите дека треба да биде направено и не дозволувајте да се каете затоа што не сте го направиле. Никогаш не е доцна ако верувате во себе, вербата во вас прави и другите да ви веруваат.
Уписите за новите групи на Академијата се во тек. Аплицирај ТУКА.