Мартин е студент на Академијата за дизајн кој реши да направи кариерна трансформација од економист во графички дизајнер. Веќе во текот на Академијата, Мартин има неколку дизајни избрани од страна на клиенти.
Што правеше пред да се запишеш на Академијата за дизајн, од каде произлезе љубовта за оваа професија?
Студирав менаџмент на економски факултет а непосредно пред академијата работев во PostLogistics AG (logistics & supply chain) дел од Swiss post.
Отсекогаш ме привлекувале разни форми на уметност без разлика дали е на ѕид(улична), платно или дигитална.
Имав доста идеи кои не можев соодветно да ги пренесам во дигитална форма и одлучив да го научам тоа преку практични примери и проекти.
Твојот брендинг и лого дизајн беше избран за носечки дизајн на TechFoo, од каде дојде инспирацијата за ова?
Самото име како што објаснија клиентите е спој од technology и kung fu, нивната желба беше да има карактер кој ќе го отсликува тоа.
Колку време ти требаше да го направиш брендингот и дали мислиш дека истражувањето е голем дел од конечната одлука за како треба да изгледа еден брендинг?
Мислам дека истражувањето треба да опфаќа поголем дел од целиот процес на креирање графичко решение. Откако го завршив истражувањето и си поставив насока за брендингот ми требаше неколку дена.
Кој ти е омилен предмет до сега на Академијата и зошто?
Creative thinking ми е еден од омилените, имавме интересен проект каде што создадовме цела кампања без никакво ограничување почнувајќи од слоганот до начинот на кој ќе го претставиме финалниот дизајн.
Што би им препорачал на сите кои сакаат да направат ваков чекор во кариерата и да почнат да учат графички дизајн?
Мислам дека е добар избор затоа што визуелната комуникација има огромно влијание а тоа отвара многу прилики.
Уписите за Академијата се во тек, резервирај си место тука!