По 22 години од основањето, една од најпопуларните домашни поп-групи ДНК, конечно доби свое лого! Дуото, кое е составено од Владимир Блажев – Панчо и Андреја Ѓорѓиески – Андреј, зад себе има повеќе од 50 синглови, 4 албуми и 4 солистички концерти, како и меѓубројни настапи низ сите поголеми клубови и манифестации во Македонија. Но, и покрај тоа што се добропознати во нашата јавност, сепак, досега немаа свој визуелен белег во форма на лого и брендинг на бендот!
Благодарение на студентите на Brainster, отсега нивните промотивни материјали, социјалните мрежи, албумите, билбордите и постерите, ќе имаат препознатлив печат. Имено, во рамките на програмата за учење преку работа на реални проекти за реални клиенти, студентите од Академијата за графички дизајн на Brainster работеа на ребрендирање на ДНК. Притоа дадоа повеќе решенија, од кои беше избрано најдоброто – на студентот Александар Младеновски.
Студентите успешно ја доловија естетиката на бендот
Панчо и Андреј, кои овој период се посветени на креирање на нов музички материјал, што треба да излезе во текот на оваа година, велат дека е презадоволни од ангажманот на студентите на Brainster.
„Би сакале јавно да му се заблагодариме на тимот на Brainster и на сите студенти-учесници на овој предизвик. Ние сме презадоволни, пред сѐ од професионалноста на Brainster, но и од односот на студентитe, кои навистина се креативни. Ни беше доста тешко да се одлучиме за најдоброто лого. Имаме само позитивни коментари и критики од наша страна. Браво и големо фала“, велат тие.
Решенијата кои беа презентирани од студентите, кореспондирале со замислите и насоките кои им ги дале Панчо и Андреј. Младите креативци успеале успешно да ја доловат естетиката на бендот.
„Реално, речиси сите ги сфатија дадените насоки и се гледа дека го разбираат тоа што го работат. Сега, нормално, за вкусови не се дискутира, и затоа на крај одбравме тоа што нам најмногу ни се допадна и верувам дека ќе остане уште долги години. Му благодариме на Александар за одличниот дизајн. Се двоумевме помеѓу две решенија, но на крај го избравме неговото лого. Инаку, во изборот ги вклучиме и нашите фанови, кои даваа свои коментари и лајкови, за што сме им многу благодарни“, вели Панчо.
Светот останува на младите
На прашањето зошто, и покрај големиот број искусни дизајнери во нашата земја, довербата за ваков брендинг одлучиле да ја дадат на студентите на Brainster, Панчо вели:
„Се одлучивме довербата да им ја дададеме на талентираните студенти, бидејќи светот останува на младите, но и заради тоа што знаевме дека ќе им биде предизвик и мотивација. Сепак, станува збор за бренд кој има свое значење и тежина на нашите простори, со самото тоа што постоиме 20 години. Исто така секогаш сакаме да ги поддржуваме и да ги помагаме младите и верувам дека многу други треба да им даваат шанса на несокажани уметници или во случајов идни дизајнери. Искрено, не знам како ваквиот тип на соработки влијаат врз македонската музичка сцена генерално, но едно сум сигурен дека треба секој да си побара помош и да не мисли дека може да направи сам! Доволно е да се даде насока на креативци, за да добиеш сериозно добро лого или брендирање. Ваков тип на соработка најдобронамерно им препорачувам на сите наши колеги од музичката сцена. Едноставно, се гледа дека од Brainster сакаат да работат и тоа го прават од срце, што е одлично и за поздравување. Исто така сѐ e многу професионални, во секој поглед, вклучувајќи ги и менторите од Brainster“, вели Панчо и додава дека групата веќе го користи избраното лого.
Потајно се надевав дека ќе дизајнирам за ДНК
Александар Младеновски е алумни-студент на Академијата за графички дизајн. Овој магистер по казнено-правни науки, по завршување на академијата направи професионална трансформација и сега е гради кариера како графички дизајнер. Вели дека пред да ја почне на академијата се прашувал зошто ДНК, група што постои повеќе од две децении, нема свое лого и сопствен бренд–идентитет.
„Потајно сакав тоа да го променам, па си правев свои passion projects токму за нив. Кога дознав дека се клиент за реални проекти на академијата, тие концепти ми се погодија, како кец на 10-ка. Уште првиот ден ја знаев креативната насока и целиот процес течеше како Дрим. Многу ми е драго што луѓето ја препознаа мојата визија за нивниот бренд, а уште подраго што мојот труд сега е дел од нив и го гледаме секаде низ нашата држава, и на билборди и на социјални медиуми“, вели тој.
Нагласува дека работата на реални клиенти е нешто што дефинитивно треба секој студент да го помине во текот на неговото стручно надоградување.
„Покрај тоа што ќе може да илезе од академијата поткован во областа на портфолиото, ќе научи како треба да се одвива секој процес од комуникација со клиент до сите тие чекори кои што водат до финалното решение, со еден збор тие така наречени soft skills најдобро се совладуваат токму преку овој принцип на студирање. Во пракса реалноста е дека сите ние ќе работиме со човечки фактор и со различни карактери, па оттука сметам дека треба да се учесвствува на сите можни проекти и хакатони“, додава тој.
На крај за на идните графички дизајнери кои сѐ уште се размислуваат дали да го направат првиот чекор кон промена или надоградување тој им препорачува:
„Излегувањето од комфорт зоната секогаш е тешко, но и секогаш се исплати. Доколку ве влече дизајнот или било што поврзано со креативна работа, go for it. Oвој свет е слободен и преубав, секогаш е плус да се надоградуваме како луѓе а уште подобро е кога учиме занаети на 21 век кои моментално се најбарани на пазарот на труд. би завршил со моето мото, а тоа е Stop Consuming Start Creating“.