Драгица и Влатко се студенти на Академијата за дизајн кои започнаа со пракса во Кома кај нашиот инструктор Небојша Гелевски.

Драгица веќе има поминато многу различни работи на професионален план. Работела како маркетинг асистент, па подого време била наставничка по англиски јазик, но графичкиот дизајн отсекогаш и бил голема желба која конечно реши да ја оствари.

Додека, Влатко има 19 години и се уште е во години каде што го одлучува правиот пат за себе. Како што тој кажува – „Кога дознав дека имам можност да студирам во Brainster сфатив дека графичкиот дизајн е всушност она што го сакам, па благодарение на вас да си ја сакам мојата нова професија.” 

Што најмногу ви се допаѓа во новата професија, како си поминувате кај Бане на пракса ? 

Драгица: Јас уживам во нови предизвици, а мислам дека во дизајнот секој ден е нов предизвик. Кај Бане во Кома имам можност да го покажам тоа што го научив на Академијава, а секако и да си ги усовршам моето знаење и вештини.

Влатко: Ми се допаѓа тоа што како практикант во Кома имам голема прилика да си ја искажам својата креативност и својот начин на размислување преку графичкиот дизајн, благодарение на Бане, од кого што секојдневно се надоградувам се повеќе и повеќе…

Какво беше вашето искуство за прв да работите графички дизајн?

Драгица: Среќна сум што за прв пат графички дизајн работам кај Бане, затоа што човекот го сака тоа што го работи и таа негова љубов кон дизајнот е заразна. Чувствувам дека сум многу посамоуверена, подисциплинирана и поисполнета после 1 месец од праксата и секако, сигурна сум дека не згрешив со тоа што го избрав графичкиот дизајн. 

Влатко: Покрај Академијата јас за прв пат осетив како е работа во студио со реални проекти и клиенти, а воедно и вежби за надоградба на самите нас како практиканти. Многу ми е мило што сум дел од Кома, прекрасни се. 

Кои беа вашите најголеми предизвици во менувањето кариера?

Драгица: Пред да почне Академијата бев многу исплашена. Се плашев дека нема да ги совладам програмите, дека нема да имам идеи, дека нема да најдам работа како дизајнер. Сепак, сопругот беше тој кој ме натера да си ги следам желбите, ме поддржуваше и пред да ја донесам одлуката и за време на Академијата. 

Нормално, штом започнаа предавањата, сите стравови ги заборавив. Секој предизвик ми беше мотивација да го постигнам тоа што сум сега. 

И за крај што би им препорачале на луѓето кои размислуваат за слична промена ?

Драгица: GO FOR IT! Да го сакаш тоа што го работиш е бесценето.

Влатко : Верувајте во себе. 🙂 

 

Уписите за Академијата за графички дизајн се во тек ??

 

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА