Запознај ги твоите инструктори на Академијата за дизајн

Оформивме тим од експерти кои несебично ќе ти го пренесат своето долгогодишно искуство и ќе ти помогнат да ја изградиш твојата креативна кариера, без никакво предзнаење.

Во блиска соработка со тимот од инструктори, на Академијата за дизајн ќе изработиш повеќе од 10 проекти кои веднаш ќе можеш да ги сместиш во твоето ново дизајн портфолио.

Во последниве неколку години преку нашите партнери за вработување ја воочивме зголемената потребата за графички дизајнери како во дизајн студија, така и во маркетинг секторите, IT сектори и трговските компании.

Конкретен доказ за ова е 85% вработеноста на студентите кои ја завршиле нашата Академија. Од нив 79% немале никакво предзнаење за графички дизајн.

Она кое за мене е секогаш важно е да го слушнам мислењето на луѓето кои се веќе во таа индустрија и ја завршиле нашата Академија. Па, затоа сакам со тебе да споделам и неколку insights од нашите инструктори и да те запознаам со нивната работа.

Останати се уште 2 слободни места, резервирај го твоето ТУКА!

1.Небојша Бане Гелевски

Човекот кој што создаде револуција во македонскиот графички дизајн, првиот човек на Кома лаб, една од водечките агенции за графички дизајн и печатење во РМ.

На Академијата за дизајн Бане е првиот инструктор кој ќе те запознае со основите на графички дизајн.

Ќе ти пренесе што е можно повеќе од неговото знаење преку одличните визуелни предавања за Типографија и Layout .

2. Зоран Кардула

Повеќе од 15 години е професионалец во областа на графички дизајн и 25 години професионално се занимава со сликарство. Нa Академијата за дизајн, Зоран Кардула е инструктор за дизајн на постер.

„Поголем дел од мои лични проекти се постери и се надевам дека со моето искуство и со креативноста на студентите можеме заедно многу да направиме и научиме. Ќе им го пренесам моето искуство како дизајнер.“

3. Дијана Димитриевска  

Дијана е дипломиран машински инженер по индустриски дизајн, концептуалист и заљубеник во визуелна и музичка нарација и нивните интерферци, во приказните на формите.

Во нејзиниот кариерен развој таа има работено повеќе од 7 години во дизајн студио, печатница, фриленс и во најголем дел – работа во маркетинг агенција како сениор дизајнер. Во моментов, Дијана е арт директор на IT платформата Colony, како и како ментор на Академијата за Дизајн за предметите дизајн на пакување и Creative thinking.

4. Иван Дургутовски

Визуелен уметник, графички дизајнер и фотограф. Има одлични проекти зад себе, многубројни изложби и многубројни меѓународни награди, а сега е и наш нов инструктор на Академијата за дизајн.

Со него ќе ја научиш методологијата на дизајнирање, односно како започнува процесот на дизајнирање  и ќе зборувате за историјата на дизајнот.

5. Александар Нофитоски

Сениор дизајнер во маркетинг агенцијата “Sign Up” со над 6 годишно искуство во областа на дизајнот во маркетинг агенции, дизајн студио и  работа на freelance проекти.

На Академијата за графички дизајн Александар предава лого дизајн и бренд идентитет. 

„Со учесниците на академијата за дизајн ке работиме и разговараме на темата за лого дизајн и бренд идентитет со тоа што ке го опфатиме целокупниот процес на работа од стартување според бриф на клиентот па се до финалниот проект што ке биде целосно направен како целосен бренд идентитет. Ќе работиме на принципите и чекорите, како да се дојде до инспирација и од каде да се превзмаат информациите, ке креираме логоа и ке ги адаптираме на различни начини.“

6. Кирил Ѓоргов

Графички дизајнер со 6 годишно искуство во повеќе маркетинг агенции и freelance експерт за наши и странски брендови.

Со Кире ќе ги научиш сите алатки и функции на Фотошоп и ќе направиш дизајни за кои сите ќе зборуваат. Специјалност му е секогаш да ја пренесе информацијата на нов, свеж и необичен начин.

7. Венчо Милошевски

Графички дизајнер и арт директор кој работи со поединци и организации со крајна цел да создаде функционални и елегантни дизајн решенија.

Агенциското искуство вклучува: Savvy, Mexico City и Publicis, Skopje.

Со Венчо ќе ги научиш сите алатки и функции на Илустратор кои веднаш ќе можеш да ги примениш.

„За Illustrator слободно би рекол дека е една од најкористените и најомилените алатки кај дизајнерите. Причината е тоа што програмот нуди голема флексибилност и можност да се дојде до некое креативно решение. Алатката според мене може да се совлада прилично лесно, но е многу битно кандидатот кој ја учи да има некаква идеја и почетна насока од тоа како и што сака да постигне со истата во иднина.“

8.  Ана Тодоровска

Графички дизајнер со 10 годишно работно искуство во печатница, графичко студио и маркетинг агенција.

На Академијата за дизајн, Ана ќе те научи како правилно да го користиш Adobe InDesign преку практични вежби и примери.

9. Јане Наумоски 

Јане е сениор UX/UI дизајнер во Ендава. Со голем ентузијазам работи и се усовршува како дизајнер повеќе од 10 години.

На Академијата за дизајн со Јане ќе научиш да размислуваш и работиш како UX/UI дизајнер.

„Отсекогаш сум сакал да споделувам знаење. Ја користев секоја можност некому да му покажам нешто или да му помогнам. Академијата за дизајн е одлично место да го правам тоа и мислам дека многу ми „легна“ предавањето. Уживам да се дружам со студентите и заедно да креираме одлични дизајни. Покрај студентите, морам да го пофалам и тимот на Brainster – прекрасни луѓе кои секогаш се расположени за нови идеи и дружби! Фала ви што ми остваривте уште еден сон. А најверојатно и уште еден, но за тоа подоцна ?“

10. Клелија Живковиќ

Клелија Живковиќ е магистер по social design со повеќе од 6 години искуство во применување на дизајнерски и уметнички методологии за истражување во областа на урбаните студии, граѓанско дејствување и јавните добра.
Ко-основач на Платформата за граѓанско дејствување преку уметнички и културни пракси „Социопач“ Скопје.
Како наше ново засилување, Клелија ќе предава еден поинаков модул на Академијата за графички дизајн –
колаборативна училница (дизајн студио) каде што ќе ги употребиме дизајнерски вештини за да ја утврдиме продуктивноста, креативноста и иновацијата во нашата работа преку интерактивни вежби.

Останати се уште 2 слободни места на Академијата за дизајн, резервирај си го твоето ТУКА и се гледаме наскоро!

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА