Запознајте го Мартин Ќушкоски – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн за месец февруари 2022.

 

Име и презиме: Мартин Ќушкоски

По професија: Графички дизајнер

Академија: Академија за графички дизајн

Зошто баш графички дизајн: Бидејќи графичкиот дизајн е нешто во кое се пронаоѓам и имам идеја за секој дизајн да го направам уште подобар.

Што те мотивира постојано да учиш: Животот – секојдневно, каде што има многу работи кои треба да се променат.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Не би издвоил една работа бидејќи сé што учиме на Академијата е интересно и предизвикувачки, кое нé тера да го направиме тоа што претходно не сме го знаеле.

Омилен модул и зошто: Векторска графика (Illustrator). Бидејќи имав само мало претходно познавање на кое многу се надградив и сега ја користам програмата секојдневно.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите. Сите инструктори се професионални и посветени максимално.

За 5 години сакам да бидам: Успешен графички дизајнер.

Хоби: Фудбал.

Омилена книга: Таа што сега ја дизајнираме по предметот Визуелно обликување на страница кај Небојша Гелевски – Бане 🙂

Омилен цитат: ,,Мора да бидете промената што сакате да ја видете во светот’’.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!