Билјана Здравеска е креативна и амбициозна личност, која што успеа да се вработи после само 3 месеци од нејзиниот старт на Академијата за графички дизајн. Нејзиното ново работно место е InPlayer, компанија која што работи на следната генерација од својата платформа за монетизација на видео и дигитални содржини.
Таа за себе ни кажа дека отсекогаш се сметала за личност која што не се „смирила“ во една област во животот и дека отсекогаш знаела дека сака да работи нешто што е динамично и експериментално во однос на тоа да работиш проекти од различен карактер. Одредено време има работено како freelance фотограф и креативноста ја има следено како верна другарка во секој стадиум од животот без разлика на формата- танц, пишување, фотографија, а отсега и како нејзината нова љубов – графичкиот дизајн.
Прочитајте што таа ни раскажа за нејзиното искуство на Академијата, за нејзината љубов кон дизајнот и за местата од кои што црпи инспирација!
Здраво Билјана, претстави ни се накратко и раскажи ни ја твојата филозофија за животот?
Во малце подолги црти – отсекогаш сум се сметала за личност што не се „смирила” во една област во животот и честопати некој ќе каже „па добро девојче, ајде одлучи се сега што сакаш да правиш во животот” ама мојата филозофија гласи дека секој од нас во различен период од животот „дознава што сака да биде кога ќе порасне” и тоа е сосема океј. Сметам дека една индивидуа за да се пронајде себеси мора да пројде низ повеќе слоеви или ситуации во животот и да осети што поточно ѝ годи, во што може да е добра или да придонесе во општеството – за на крај како склоп или синтеза од тие нешта – да може и да заработува од истото. Сите тие искуства ме научиле на нешто и намерно или ненамерно ме насочиле кон ова што сакам денес да го работам – така што благодарна сум за секое доживување или слој along the way. (Зелката има кошули триста хаха )
Како е на новото работно место? Како изгледа еден твој работен ден?
Во овој момент новото работно место можеби не ми е тесно поврзано со графичкиот дизајн, но како Sports Production Analyst работам на изнајдување на технички, воедно и визуелни решенија за продукцијата и мониторингот на спортските настани на нашите клиенти да оди непречено. Самиот графички дизајн како што знаеме е всушност наоѓање на решение за одреден проблем – дали кориснички или пак од визуелна природа, така што сметам дека само позитивно би ми користеле одредени методи што сме ги научиле на Академијата во секојдневните работни обврски и понатаму како што ќе се надоградувам.
Како успеваш да се справиш со предизвиците? И од каде ја црпиш твојата инспирација?
Добра организација на времето е нешто есенцијално. Сè уште сум на старт на Aкадемијата, но триковите, мудроста и (омилениот дел) домашните на инструкторите ме научија многу и ми дадоа нова перспектива на некои секојдневни работи што не сум ги гледала низ таа призма.
Клише ќе биде да кажам дека инспирација црпам од секојдневното опкружување ама тоа е така, иако најмногу би се осврнала на оние моменти што сите некако во брзината на животот несвесно ги пропуштаме – како фотограф па како и иден графички дизајнер се стремам да ги доближам сите тие моменти до публиката – топли прегратки, некоја насмевка под брк, мали гестови на пријателство, блискост, убаво спакуван подарок, некој скриен агол во Скопје… и многу зајдисонца. Како голем филмоман инспирацијата исто така ја барам и во филмовите, па си зададов предизвик на себе до крај на Aкадемијата да скројам некој алтернативен постер за некој од филмовите на Алфред Хичкок.
На кој начин Академијата за графички дизајн ти помогна во твојата кариера?
Како што напоменав погоре – дизајнот според мене е изнајдување на решенија на секојдневни проблеми. Академијата за Графички дизајн ми наметна да не речам нов пристап кон упростување и доближување на нештата за некој клиент или општо публиката (визуелно нели сè се памти полесно). Често го користам простиот пример од сообраќајот – да не постоел STOP знакот или семафорот, замислете каде ќе сме биле до сега – значи сепак и на некому му текнало тоа да го „издизајнира”.
И за крај, што би им препорачала на сите оние кои што сакаат да станат дизајнери и да имаат креативна работа?
За крај, Ви благодарам на интересот и можноста да ги раскажам своите импресии од Академијата и воедно да станам дел од креативната приказна на Брејнстер, се радувам на секоја нова дружба и дискусија со сите умови што се дел од ова 7-месечно патување!
Најбитното според мене – инвестиција во себе. Образованието е најдобрата инвестиција, било да е формално или неформално, преку обуки, видеа или книги или било кој медиум.
Исто така следете ги трендовите, но не до тој степен да го изгубите својот личен стил и потпис. И за на крај, советот од еден од моите омилени инструктори од Академијата- Иван Дургутовски, што ми стана еден чест цитат што го користам: за да бидеме добри дизајнери прво треба да сме добри луѓе!
Емпатијата овде има клучна улога за да можеме во исто време додека работиме на нашиот продукт „да се ставиме во кожата” на публиката и корисникот; како и да знаеме зад кои идеали стоиме и дали истите се совпаѓаат со визијата на клиентот или компаниите за кои што работиме.
Ѝ честитаме на Билјана за новото работно место и ѝ посакуваме многу понатамошни успеси!
Ако размислуваш за креативна кариера, дознај повеќе информации за Академијата за графички дизајн тука!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!