Влатко ја пронајде работата од неговите соништа веднаш по матурирањето во гимназијата Георги Димитров и завршувањето на Академијата за дизајн. Иако е најмлад учесник на Академијата, со многу упорност и посветување тој веќе помина 2 месечна пракса кај Небојша Гелевски во Кома и моментално ја започнува својата кариера во софверската компанија – Genera development.
Уписите на Академијата за графички дизајн се во тек. Доколку и ти размисуваш за ваква кариерa целата програма и сите дополнителни информации можеш да ги пронајдеш тука.
Кажи ни нешто повеќе за тебе 🙂 Што правел Влатко пред Академијата за дизајн?
Завршив во средното училиште СУГС Георги Димитров како техничар за мебел и ентериер, истовремено се бавев со угостителство на повеќе места што е сосем спротивно од мојот смер и сегашната професија како графички дизајнер. Моето слободно време го користам на фотографирање аналогни фотографии и видео игри.
Како се одлучи за Академијата наместо за факултет?
После завршување на средното училиште дознав за Brainster, бев сигурен дека е правото место каде што човек би можел да ја изгради својата кариера благодарение на прекрасните инструктори и целиот тим. Се одлучив да не се запишам на факултет поради тоа што сметам дека формалното образование не нè подготвува со практични вештини кои навистина се потребни за работните места.
Како млад графички дизајнер успешно ја започна твојата кариера, како ти се допаѓа на работа?
Работата во Genera development е доста предизвикувачка за мене во моментов. Ми се допаѓа кога гледам дека има позитивни реакции за моите дизајни, а работата со различни типови на бизниси е најинтересна, токму поради тоа што многу брзо треба да влезеш од еден mindset во друг.
Тимот е супер, а начинот на кој се генерираат нови идеи, уникатни за секој клиент е нешто од кое се стекнува најголемото искуство.
Во текот на Академијата беше на пракса кај Небојша Гелевски – Бане во Кома, дали додека учеше стекна самодоверба која ти помага да напредуваш во кариерата како графички дизајнер?
Според мене голема е разликата од креативно студио до софтверска компанија, па затоа и имам голема самодоверба за надоградба на мојата кариера благодарение на луѓето од кои што секојдневно учам и применувам нови работи.
Како ти се чини твојот почеток од сегашна перспектива и што би им кажал на сите оние кои сакаат да станат графички дизајнери?
Почетокот не е тежок за оној кој што сака да научи, промени кариера или слично. Кога се пријавив на академијата за дизајн немав јасна идеја за што станува збор, меѓутоа, како што ги поминувавме модулите стануваше сѐ повеќе и повеќе интересно.Верував во себе и благодарение на Brainster мојот сон стана реалност. Сметам дека кога доволно ќе се вложиш во нешто и вистински сакаш да се посветиш – ќе успееш во тоа. Верувајте во себе!
Сподели ни некои твои дизајни со кои се гордееш!
Уписите за Академијата за графички дизајн се во тек. Стани и ти дел од дружината на Brainster која ќе ти помогне да стигнеш до посакуваната цел.
Резервирај го твоето место тука.