Учењето на нови вештини за време на изолација е дупла добивка

Јована Велкова е студент на Академијата за дизајн, дипломирана на Филилошки Факултет “Блаже Конески”, а моментално и вработена во Нотарска канцеларија.
„Иако работното место ми е одлично, истото е далеку од место каде што можам да се изразам креативно, што веќе подолго време пробувам да го направам.“
Јована ни раскажа за нејзиниот кариерен пат и како се соочува со промените и учењето во виртуелна училница.
Што беше она што те натера да ја избереш токму оваа дисциплина и токму оваа Академија?
По интензивно размислување за тоа дали да се запишам на магистерски студии на факултет сроден со мојот, или некаде каде ќе можам да се остварам себе си на креативно ниво, се појави Brainster со академијата за графички дизајн. Веднаш одлучив. Потоа следуваше време исполнето со учење, вежби и многу жртви :).
Твојот лого дизајн беше еден од победничките за Жито маркети односно за производите на Milksy. Од каде доби инспирација за овие дизајни? Какво беше твоето искуство работејќи на реален проект?
Тоа што го одбраа моето лого за Milky ме направи многу горда и ми даде мотив за да се вложам себе си многу повеќе. Нешто како ветар во грб :).
“Постојаното” и “сличното” секојдневие ми создава потреба да бидам оригинална. Пробувам многу пред да прогласам нешто за финално. Така и овој дизајн, претрпе многу промени додека не си дојде на своето.
Кој е твојот креативен процес во дизајнирањето?
Истражувањето, дефинитивно. Плима од информации. Кога си добро информиран за одредена тема, не можеш да згрешиш.
Поради вонредните услови, сите Академии на Brainster се префрлија во виртуелна училница. Сподели ни ги твоите впечатоци од виртуелната училница, за сите оние кои се мислат дали да го искористат периодов за учење нови вештини?
Јас, во ова време, а по сите збиднувања си дадов на себе кратка пауза и се фокусирав дополнително на дизајнот и процесот на создавање. Учењето на нови вештини за време на изолација е дупла добивка: и квалитетно исполнето време, и нови теми за размислување и дејствување. It’s a must!
Кој ти е омилен модул до сега на Академијата?
За начинот на размислување, посебна мотивација ми беше модулот од академијата- Creative thinking, кој воедно ми е и омилен.
Што би им порачала на сите што размислуваат да променат кариера во моментов?
Мора да признаам, беше тешко на почетокот, бидејќи бев аналфабет во полето и ја имав само силната желба со себе, што се покажа како доволно.
Така да, на сите што се мислат за промена на кариерата, би им порачала да се одлучат, и кога веќе го сторат тоа, да се посветат максимално. Мора да успее.
Останати се уште 3 слободни места на Академијата за дизајн, резервирај си место тука!