Симона е студент на Академијата за дизајн и дипломиран социолог кај кого цртањето и уметничкото изразување постојано барало начин да излезе на виделина.

Што те мотивираше да ја избереш оваа Академија, од каде произлезе љубовта за графички дизајн?

Од силната потреба да му дадам смисла на поривот за цртање и пред се технички да го надоградам талентот, се запишав на оваа Академија, бидејќи сметав дека единствено преку неа ќе можам да ги исполнам моите аспирации.

Правиш одлични илустрации на портрети и ги оживуваш преку алатките на илустратор, кажи ни нешто повеќе за овие дизајни и покажи ни неколку твои омилени.

Уживам да ја доловам емоцијата во нечиј поглед, сакам да го истражувам говорот на телото и спокојот на ликот преку игра на сенки во црно и бело бидејќи немањето боја за мене е додатен предизвик.

Поради вонредните услови, сите Академии на Brainster се префрлија во виртуелна училница. Сподели ги твоите впечатоци од виртуелната училница, за сите оние кои се мислат дали да го искористат периодов за учење нови вештини?

Се адаптирав за многу кратко време благодарение на добро осмислената градација во процесот на учење, организацијата и најдобрите инструктори (без хипербола) 🙂

Виртуелната училница внесе нова димензија во учењето и има свои предности и недостатоци, но повторно неисцрпниот труд на менторите ги направи подносливи неизбежните околности.

Какво е искуството на Академијата до сега. Како напредуваш низ материјалот и каква е атмосферата?

Атмосферата на Академијата е пред се опуштена и затоа ти овозможува да го дадеш најдоброто од себе. Менторите секогаш изнаоѓаат креативни начини на совладување на вештините и предвидениот материјал но и за непредвидениот 🙂

Кој беше најголемиот предизвик со кој се соочи на Академијата?

Најголем предизвик ми беше искористувањето на алатките на илустратор и фотошоп како замена за моливот, и тоа се случи подобро од што очекував.

Омилени модули:

Постер дизајн, пекиџ дизајн, и сега полека и последниот UX / UI дизајн.

Што би им порачала на сите што размислуваат да променат кариера во моментов?

Нема потреба толку да се размислува за нешто што вистински се сака 🙂

Останати се уште 2 слободни места на Академијата за дизајн, резервирај си го твоето тука!