Анастасија од Академијата за дизајн освојува награди работејќи од дома

Анастасија Величковска е студент на Академијата за графички дизајн, дипломиран графичар и сценограф на Факултетот за Ликовни Уметности во Скопје.

„Ја одбрав академијата за графички дизајн бидејќи сакав да запишам мастер студии но, истовремено сакав да учам во младинска и пријателска средина. Мислам дека за еден ликовен уметник и сценограф познавањето на графички дизајн е уште една супер вештина во skill set-от.„

Какво е искуството на Академијата до сега. Како напредувате низ материјалот и каква е атмосферата?

На Aкадемијата се напредува многу брзо од причини што сите сме со искрена желба да научиме и пријателски си помагаме но и поради подршката од професорите и целиот тим на Brainster. Буквално не поминало час а да не речам “woow вака ли се правело ова”, со таква радост како да ми покажале магионичарски трик.

Во текот на Академијата, освои награда од работилницата со decal.mk и освои прво место на конкурсот за постер дизајн наменет за благодарност до медицинските лица. Какво беше твоето искуство работејќи на овие дизајни? Дали мислиш дека работата на реални проекти е важна во текот на учењето?

Работата на реални проекти во текот на учењето е важна бидејќи маргините или брифот од клиентот се тие кои не тераат да размислуваме во друга насока. Целосната слобода некогаш значи и комфорт. Сигурни сме дека тоа што ќе го направиме е функционално и дека ќе ни се допаѓа. Но, реалите проекти значат дека не секогаш ќе работиме на нешто што ни се допаѓа, и во тоа е предизвикот – да избалансираме помеѓу тоа што нам ни се допаѓа и тоа што се бара. Искуството работејќи на овие дизајни беше токму пронаоѓањето на овој баланс.

Кој е твојот дизајнерски процес? Од каде добиваш инспирација? 

Си пуштам музика зимам воздух и почнувам ? Секогаш истражувам и правам moodboard. Визуелното претставување на идеите ми помага да не се изгубам во процесот при работа. Си давам време без никаков притисок да скицирам, шкртам и правам brainstorming, бидејќи често заборавам да се забавувам или заиграм а сметам дека тоа е од круцијална важност при творењето.

Инспирација црпам од тука

Поради вонредните услови, сите Академии на Brainster се префрлија во виртуелна училница. Сподели ги твоите впечатоци од виртуелната училница.

Во оваа состојба на пандемија потребно е да останеме социјално поврзани а физички дистанцирани. Да се свртиме према себе и да го успориме секојдневието. Со тоа добиваме можност да научиме се за кое претхоно не сме имале време. Па затоа виртуелната училница е одлична можност за тоа.

Кој ти е омилен модул до сега на Академијата?

Не можам да одвојам омилен модул. Програмата на Академијата е така добро осмислена што секој дел има еднаква важност и ми е омилена како целина.

Што би им порачала на сите оние кои сакаат да направат кариерна промена?

Со самиот момент кога стануваме свесни дека сакаме промена, неможеме никако да си помогнеме освен да ја направиме таа промена. А со учење нешто ново секогаш сме во плус.

Останати се уште 3 слободни места на Академијата за графички дизајн, резервирај го твоето тука!

Related Stories For You