Сара е амбициозна и креативна личност која е во постојана потрага по нови предизвици и стремеж кон остварување на своите цели и соништа. Дипломиран Машински инженер, наскоро и графички дизајнер со искуство на повеќе реални проекти од Академијата за дизајн

Каде произлезе љубовта за дизајнот, кога сфати дека ова е професијата за тебе?

Љубовта кон дизајнот е присутна оддамна, бидејќи одсекогаш многу сум обрнувала внимание на естетиката на нештата, чувствата што ги будат, каква функција имаат… Дизајнот ми е сеприсутен. Поттикната од таа љубов, дипломирав на Машински Факултет-Скопје, Индустриски дизајн и од истата таа причина решив да се запишам на Академијата за дизајн со цел да го проширам своето знаење.

Какво е искуството на Академијата до сега. Пред некое време се префрлвите во виртуелна училница, колку време ти беше потребно да се адаптираш на промените?

Академијата ми е едно преубаво искуство, инструкторите на толку лесен и забавен начин ни го пренесуваат своето знаење. Презадоволна сум од целиот тим на Брејнстер што несебично и постојано ни пружи подршка. Кога велам постојано, мислам и на моменталната ситуација во која се наоѓаме. Сметам дека онлајн училницата е супер замена, па и адаптцијата кон истата немаше никакви пречки и речиси веднаш се навикнав на истата.

За време на карантинот  го завршивте модулот дизајн на пакување, а ти направи прекрасен дизајн, кажи ни нешто повеќе за овој дизајн, од каде дојде инспирацијата?

Овој дизајн всушност произлезе како резултат на задача која што ни ја зададе Дијана Димитриевска. Задачата бешe out of the box дизајн на пакување, па како огромен љубител на чајот сакав да направам дизајн кој што привлекува внимание, кој што е креативен и забавен. Инспирација ми беше кинеската култура, нивните обичаи, мотиви, колорит.

Дали дизајн на пакување е твојот омилен модул до сега на Академијата?

Морам да признаам дека и покрај љубовта кон останатите модули, дизајн на пакување ми е посебен предизвик и да, можам да кажам дека ми е еден од омилените ☺️

Сподели ни уште неколку твои омилени дизајни на кои си работела во текот на Академијата и кажи ни нешто за нив. Од каде најчесто доаѓа твојата инспирација за дизајните?

Како други омилени дизајни би ги издвоила повторно од областа на дизајнот на пакување концептуалните решенија за опаковка на кокос и еко пакување на вода. Понатаму, постерите #седидома под иницијатива на Кардула, постерот за филмот Hachiko, редизајн решенијата за корица на книга за Harry Potter и  Луна како и уште многу од останатите. Инспирацијата за моите дизајни доаѓа буквално од секаде, книги, места, настани, личности, и тн.

Што би им порачала на сите што размислуваат да променат кариера во моментов?

Би им препорачала да не се плашат да исчекорат надвор од комфорната зона, бидејќи сметам дека задоволството и среќата да го работиш она што навистина го сакаш го зголемува успехот.

Останати се уште 3 слободни места на Академијата за дизајн! Резервирај си место тука!