Сениор дизајнер во маркетинг агенцијата “Sign Up” со над 4 годишно искуство во областа на дизајнот во маркетинг агенции и  работа на freelance проекти.

Здраво Александар, nice to meet you!:) Повеќе од 4 години си професионалец во областа, моментално работиш како сениор дизајнер во маркетинг агенцијата “Sign Up”.  На Академијата за графички дизајн предаваш лого дизајн и бренд идентитет.  Кој е Александар кога не е дизајнер? Што е најнеобичното нешто кај твојата дизајнерска приказна?

Здраво и од мене!

Кога не дизајнирам генерално во слободното време издвојувам еден час за спортување, а останатиот дел од денот го поминувам во друшто со моите блиски луѓе, некој добар филм или серија и секако оставам време за гледање на некои предавања за дизајн и пребарувам на интернет што има ново во областа на дизајнот и како се движат трендовите со текот на времето ( она што е во моментот актуелно и се бара меѓу луѓето )

Најнеобично нешто во мојата дизајнерска приказна нема, но можам да кажам како започна сето тоа што сосема случајно пребарувајќи на интернет го открив првиот програм кога се запишав во средното уметничко а тоа беше Photoshop. Гледав како луѓето прават фотоманипулации и сето тоа ми беше некако не реално дека може да се направи на една програма. Потоа почнав да го користам Photoshop и почнав да правам фотоманипулации.

Кога се запишав на факултетот на ликовни ументности ги открив и останатите програми како Illustrator и In design  и почнав да гледам предавања и видеа за како сето тоа се прави преку дизјанирање на постери, флаери, брошури, логоа и други работи што ми беа во тој момент интересни. И еве до ден денес сеуште ги користам и практикувам тие програми во мојата секојдневна работа.

Со учесниците на Академијата за дизајн, ќе работиш на Лого дизајн и бренд идентитет. Според тебе, во која мера треба еден дизајнер да биде инволвиран во бизнис делот на продуктот за да може подобро да ги испорача проектите?

Да со учесниците на академијата за дизајн ке работиме и разговараме на темата за лого дизајн и бренд идентитет со тоа што ке го опфатиме целокупниот процес на работа од стартување според бриф на клиентот па се до финалниот проект што ке биде целосно направен како целосен бренд идентитет. Ке работиме на принципите и чекорите како да се издизајнира едно лого и еден бренд идентитет, како да се дојде до инспирација и од каде да се превзмаат информациите, ке креираме логоа и ке ги адаптираме на различни начини и различни материјали за да може сето тоа визуелно да изгледа убаво направено.

Дизајнерите треба целосно да бидат инволвирани во процесот кога се прави бренд идентитет или се дизајнира лого за да можат потоа многу по лесно да знаат што сака а што не сака клиентот. Треба да ги имаат сите информации и сите одговори на нивните прашања што би сакале да ги знаат пред да почнат со процесоот на дизајнирање. Затоа е многу важно колку што е можно повеке дизајнерите да бидат присутни во бизнис процесот.

Побарувачката за графички дизајнери расте со огромна брзина. Што треба да направи еден ентузијаст, за да започне успешна кариера како дизајнер?

Што е  можно повеке да се информира, гледа и пребарува во областа на дизајнот. Да пребарува и следи што е ново во областа на дизајнот и како го прават тоа луѓето што се долги години во областа на дизајнот. Не мора да значи дека треба да се дизајнира само ако работиме на реален проект, најбитно е и кога имаме слободно време да оставиме малце простор да дизајнираме и измислуваме работи сами ( како на примeр да измислиме некое име и според тоа да си направиме свој бренд идентитет како што мислиме дека би требало да изгледа во одредена област, да дизајнираме постери на некој омилен филм или артист или било што  друго, и сето тоа доведува до напредок за еден дизајнер за повешто и подобро да ги совладува и дизајнира работите ) . Треба секогаш работите да се следат колку што е можно повеке затоа што секое време си носи некои новитети кои би биле одлишни доколку се применат низ нашиот процес на работа. 

Од сите твои проекти, имаш омилен дизајн? Сподели ни го! 🙂

Немам конкретно омилен проект од мојата работа сите ми се драги и ми било драго што сум бил дел од тој процес. Доколку некој сака да ја види мојата работа може да го посети мојот инстаграм профил:  aleksandarnofitoski_design и да ги разгледа моите дизајни.

Ми беше мило што се дружевме и се надевам дека убаво ке си поминме со учесниците на Aкадемијата за дизајн