Data Science Takeover: 12 месеци, 12 Data Science курсеви

Академијата за Data Science во Brainster од септември започнува под полна пареа. Групата е пополнета, а селектираните кандидати веќе го почнаа пeриодот на подготовка пред почеток на Академија. Ќе биде интензивно и динамично, ќе се изучуваат процеси кои го наоѓаат своето место речиси во секоја индустрија – од финансии, медицина, осигурување па сѐ до автоматика и роботика.
Едно утврдивме при интервјуирањето на кандидатите кои аплицираа за академијата – никој од нив не е апсолутен почетник кога станува збор за Data Science. Од 213 кандидати кои аплицираа, одбравме 18 кои имаат завидно познавање од оваа област, односно, сите доаѓаат од позиции каде што одредени сегменти на Data Science делумно веќе се применуваат. Она што сакаат да го постигнат на Академијата, е како практично да ја зголемат ефикасноста и да ги подобрат секојдневните процеси и алатки на нивните работни места преку Machine Learning, Data Mining и Business Intelligence.
Пред тимот на Brainster стои голем предизвик – да ги исполниме целосно очекувањата на учесниците на Академијата, и да создадеме заедница која ќе работи на револуционерни продукти и проекти во иднина.
Намерно се одлучивме Академијата да ја започнеме со понапредна група, бидејќи сакаме да ги видиме првите резултати на оваа програма што поскоро. Но, тоа не значи дека кандидатите кои аплицирале за Академијата без претходно предзнаење нема да ја добијат својата шанса. Бидејќи се работи за доста комплексна област која бара предзнаење и познавање на различни алатки, софтвери и програмски јазици, овие кандидати, но и сите други заинтересирани, во наредните месеци интензивно ќе се спремаат за наредната Академија која започнува во март 2020 год.
Летово одлучивме да работиме на проект – Вовед во Data Science. Почнувајќи од август, еден дел од курсевите во Brainster ќе обработуваат теми како: Business Intelligence во Power BI, практични примери и обработка на сценарија со помош на Data Science, предвидувања и анализи со помош на софтверски алатки како Orange 3, селекција на Big Data, запознавање со SQL и Python. Сите курсеви ќе бидат фокусирани на практични примери и ќе се работи со податоци кои ги генерираме секојдневно.
Денес, од податоци создаваме планини од извештаи кои најчесто не го искористуваат својот потенцијал. Повеќеслојните извештаи, визуелизирањето на податоците и предвидувањето на трендовите треба да биде разбирливо и јасно за секој кој работи или управува со податоци. Со работа и користење на Microsoft Power BI, овие содржини станаа визуелно поразбирливи и појасни, и се креираа предвидувачки трендови од областа на Business Intelligence. Во септември со инструкторот Александар Бошевски започнуваме курс за овој софтвер курс – Microsoft Power BI, кој може да се интегрира во скоро секој сектор на работење.
Наскоро во новиот Podcast на Brainster кој го посветивме конкретно на Data Science, ќе дознаете како котираат и работат група млади Data Science истражувачи, со кои предизвици се соочуваат во нивната работа и какви успеси постигнуваат.
Ова е само вовед од Aктивностите што ни претстојат нареден период. Приклучи ни се и совладај ги предностите на оваа наука која допрва ќе направи промена во начинот на кој работиме.