Data Science @ Home pt.2 со Марија Зафирова

Со оглед на фактот што почнаа први со интерактивна онлајн настава, студентите од Академијата за Data Science се дефинитивно “најискусни“ и најадаптирани на овој тип на учење. Бидејќи во овој формат, темпото на реализација на програмата стана уште поинтензивно, секогаш имаме отворена линија за комуникација со нив преку која дискутираме за нивното искуство. Така, минатата недела поразговаравме со Филип Ангелов од група 1, a денес ќе видиме како им оди на нашите Data Science таленти од втората група што веќе го следат модулот по Business Intelligence.

Марија Зафирова е студент по информатика од Штип и се одликува со изострена аналитичност и голема желба за учење и напредок во Data Science. Само неколку недели од почетокот на програмата, нејзината група се префрли во виртуелна училница и и затоа направивме еден “catch-up“ со неа за тоа како се приспособи на наглата промена и како и оди учењето во карантин.

 

Уписите за Online Академијата за Data Science се во тек! Резервирај го твоето сега за да земеш учество во најтемелната 12 месечна програма што ќе ти донесе успешна кариера во Data Science!

 

Марија, ти си дел од втората група на Академијата што почна во февруари. Веќе ги поминавте модулите по SQL и Data Warehouse и моментално слушате Business Intelligence. Колку ти се промени динамиката на учење од реалната во виртуелната училница?

Пред сè сакам да ја пофалам Академијата за овој голем чекор. Спроведувањето на виртуелната училница беше одлична идеjа за продолжување на програмата без прекин. Искрено, динамиката на учење воопшто не ми е променета, вака можам уште повеќе да се посветам на обврските за Академијата. Дури и по самото завршување на предавањето кога информациите ми се уште нови, имам простор и време подлабоко да навлезам во новопредадениот материјал.

 

Колку време ти требаше да се адаптираш затоа што промената беше нагла со цел да не губиме часови поради ситуацијава?

Да, промената беше нагла, но се адаптирав поприлично брзо. Сепак тоа се должи на нашите предавачи и координатори кои навистина ни го олеснија процесот на адаптација. Тимот на Brainster се погрижи промените да не ги гледаме како некоја пречка туку како предност. Секогаш се тука за нас. На почетокот мислев дека промените ќе предизвикаат проблем во интеракцијата, концентрацијата и слично, но сега сфаќам дека немаше простор за грижа бидејќи сето тоа се спроведе на еден професионален и секако беспрекорен начин.

 

 

Ти си IT студент и во овој сектор, далечинската работа полека станува стандард. Каков е твојот став во однос на продуктивноста на работата од дома? Кои се добри страни и што може да се смета за предизвик?

Работата од дома си има свои предизвици. Сè се сведува на интеракцијата со клиенти, мегусебната комуникација и секако, постојан фокус. Добрата страна е што дома се работи во поопуштена и порелаксирана атмосфера, а тоа овозможува и повеќе креативност за нови идеи и методи за решавање на проблемите . Како предизвик мислам дека клучен е mindset-от, бидејќи не секој може да се прилагоди на таква работна атмосфера.

 

Имајќи предвид дека Data Science е една од индустриите со најголема побарувачка за remote workers, би ти пречело да градиш кариера работејќи од дома?

Со оглед на тоа дека времето го поминуваме пред компјутер мислам дека дефинитивно не прави разлика каде си. Секако, работата во канцеларија е пропратена со директна комуникација со колегите, креирање на нови пријателства и дискусии околу работата што можат да бидат продуктивни, но и не баш. 🙂  Од тука, работата од дома не би ми претставувала никаква пречка. Тоа го гледам како поголем предизвик, кој само би ме поттикнал да го дадам својот максимум и знаење.

 

На часовите си доста проактивна и максимално ги користиш предностите на платформата за интеракција во наставата. Сега часовите и вежбите траат подолго и секое предавање се снима. Колку ти се важни овие придобивки?

Придобивките се огромни. Зголемениот број на часови ни дава поголем простор да навлеземе подлабоко во темата , да  да работиме на нашите грешки и да вежбаме под надзор на ментор, од кој добиваме насоки на размислување во врска со задачите. Дополнително, одлично е што часот се снима и можеме било кога да се навратиме и да си го повториме материјалот од предавањето. Клучно е тоа што секој предавач има разбирање кога имаме потреба да се задржиме на нешто од предаденото, со цел подобро да го совладаме. Мислам дека кога ќе се вратиме во училница, ќе ни недостигаат онлајн предавањата. 🙂

 

Како го поминуваш времето во карантин кога не учиш за модулите на Академијата? Серии, филмови, книги?

Мојот фокус моментално е целосно насочен на Академијата за Data Science. Се посветувам максимално на модулот кој го поминуваме, а во меѓувреме се спремам и за тоа што следи. Слободното време се трудам да гпо поминувам со семејството, некоја добра книга и секако, Netflix. 🙂 Сакам да читам книги кои ме предизвикуваат да размислувам подлабоко и аналитички. Моментално би ви ја препорачала ‘The Infinite Game’ од Simon Sinek. Нема да зажалите!

 

На крај, која е твојата порака за сите што се сомневаат во придобивките и квалитетот на онлајн интерактивната настава?

Со оглед на тоа што и јас бев скептична на тоа како би се прилагодила на online наставата, можам со сигурност да кажам дека сум позитивно изненадена од крајниот резултат. Квалитетот е на врвно ниво, придобивките огромни. Треба да сфатиме дека веќе голем дел од индустриите го практикуваат работењето и учењето од дома. Се гледаат добри резултати од ваквиот тип на настави. Сепак мислам дека сето тоа се должи на тимот позади организацијата. Со начинот на кој Brainster ја спроведува наставата не осетивме никава разлика помеѓу реалната и виртуелната настава. Секоја чест!

 

Резервирај го твоето место сега и започни веднаш со подготвителна програма! ⬇️

 

Related Stories For You