Стево Димовски – Dream Team студент на Академијата за Data Science

Запознај го Стево Димовски – Dream Team студент на Академијата за Data Science за месец октомври 2022.
Име и презиме: Стево Димовски
По професија: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа електроенергетски системи.
Академија: Академија за Data Science
Зошто баш Data Science: Во моментов е една од најбараните позиции на пазарот на труд. Сѐ повеќе компании имаат потрeба од квалитетна анализа на податоци со цел носење на важни одлуки. Кариера во Data Science сметам дека ќе ми даде можност да се изградам во професионалец со врвни вештини.
Што те мотивира постојано да учиш: Желбата за постојано учење на нови работи, лично надградување и усовршување.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Манипулација со податоците во Power query.
Омилен модул и зошто: Искрено, сите модули што досега ги изучивме беа нешто ново и интересно за мене. За сега, би го одвоил Power BI пред сѐ, поради различните можности за импортирање на податоците од различни извори и нивната визуелизација со цел носење на заклучоци.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите се врвни професионалци и секој од нив се труди да го пренесе целото свое знаење.
За 5 години сакам да бидам: Data Scientist
Хоби: Видео игри, кошарка, фудбал.
Омилена книга: Сѐ што останува – Патриша Корнвел
Омилен цитат: “Vincere non è importante è l’unica cosa che conta!“
Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!