Запознај ја Тамара Јовановска – Dream Team студент на Академијата за Data Science за месец јули 2023.
Име и презиме: Тамара Јовановска
По професија: Инженер по геотехника
Академија: Академија за Data Science
Зошто баш оваа област: Најмногу поради модулот машинско учење. Сметам дека со знаењата кои ќе ги стекнам, ќе можам да ги надградам досегашните истражувања во областа на геотехниката и секако да придонесам за нејзиниот развој. Спојот на овие две полиња е во развој и на светско ниво, па секогаш е добро да се биде меѓу првите.
Што те мотивира постојано да учиш: Желбата да бидам во чекор со времето и новите технологии, но, пред сè, потребата да создадам подобри кариерни можности и услови за себе.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Проектот за модулот Python беше доста интересен, бидејќи решававме задача поврзана со загадувањето на воздухот во Скопје, што е тема која нè засега сите. Иако податоците изгледаа хаотично на почетокот, откако ги средивме и обработивме дојдовме до некои логични заклучоци.
Омилен модул и зошто: Математика и статистика. Ова е област што генерално ме интересира, а на Aкадемијата научивме како полесно и пократко да решиме некои проблеми со помош на Python. Меѓутоа, бидејќи сега почнуваме со машинско учење, имам високи очекувања и од овој модул.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Секој има свој стил на предавање и пристап. Наместо да одберам еден инструктор, би сакала да ги истакнам позитивните страни кај секој од нив. Кај Марјан Пушев по SQL и DWH ми се допаѓаше нивото на интеракција кое го одржуваше со групата, Александар Бошев – PowerBI беше секогаш расположен за креативни идеи, Иван Гочев – Python долго и опширно се трудеше да одговара на прашања, а пак Филип Михов иако како најмлад инструктор, имаше длабоки познавања од математика и статистика и добро ги пренесуваше.
За 5 години сакам да бидам: Инженер по геотехника – Data Scientist.
Хоби: Учење на странски јазици и читање на книги, особено руски класици.
Омилена книга: „Ана Каренина“ од Толстој. Во исто време сум голем обожавател на Достоевски, па иако ми е тешко да издвојам, една од поомилените книги ми е „Идиот“.
Омилен цитат: „Дело в жизни, в одной жизни, – в открывании ее, беспрерывном и вечном, а совсем не в открытии!“
Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!
На Академијата за Data Science учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!
