Татјана Вељковиќ – Dream Team студент на Академијата за Data Science

Запознајте ја Татјана Вељковиќ – Dream Team студент на Академијата за Data Science за месец април 2022.

 

Име и презиме: Татјана Вељковиќ

По професија: Дипломиран економист од областа деловна економија, кој повеќе од 15 години работи како специјалист за инвестиции во инвестициски фондови кои се занимаваат со сопственичко вложување во компании од различни индустрии.

Академија: Академија за Data Science

Зошто баш Data Science: Затоа што се надоврзува со мојот професионален ангажман каде секојдневно работам на анализи на податоци на компании од нивното тековно работење, и развивање на финансиски модели за предвидување на работењето на компаниите во иднина, најчесто следните три до пет години.

Што те мотивира постојано да учиш: Работам со компании од различни индустрии, а секоја индустрија има свои специфичности кои е неопходно да ги осознаам за да можам да ги вршам анализите, така што потребата од постојано учење е постојано присутна. Новите знаења секогаш отвораат нови можности и тоа е она што ме мотивира постојано да учам.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Најинтересно ми беше сознанието за компатибилноста на алатките кои се изучуваат, морето на информации за секоја од нив достапно на интернет за секој што го интересира проблематиката, пристапот на предавачите од секој модул од Академијата – алатките да ги презентираат преку реални примери, и секако навиката која ја стекнав повеќе да пребарувам на интернет за да пронаоѓам решенија за задачи и предизвици во текот на совладувањето на модулите.

Омилен модул и зошто: Сите модули од Академијата кои досега ги поминавме се интересни секој на свој начин, но би го издвоила модулот Power BI заради тоа што наученото можам веднаш да го применувам во работата.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите предавачи на Академијата со кои досега работевме се искусни професионалци во својата област, кои успеваат во релативно кратко време да го пренесат најважното од материјата во атмосфера на активна интеракција со студентите. Тие секогаш се достапни за консултации што е навистина од големо значење.

За 5 години сакам да бидам: Дигитален номад во рамките на мојата професија.

Хоби: Немам хоби, а слободното време сакам да го поминувам со семејството во заеднички рекреативни прошетки низ природа, возење велосипед, и патувања.

Омилена книга: Animal Farm, George Orwell

Омилен цитат: Ако не почнеш нема да завршиш.

 

Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.