Дали знаеш како да бидеш сам свој директор?

Овој текст е дел од серијата лекции „Како до успешна кариера 101“.

Во времето на стартапи и фриленс работење, сосем е возможно да дојдеш во ситуација во која ќе бидеш сам свој директор. Колку примамливо и да звучи, дали си сигурен дека знаеш како да се справиш со тоа?

blog 13 slika 2

Има огромен број на предизвици (огромен!) при лансирањето на свој бизнис, но еден на кој сите забораваат е комплицираноста на тоа да се биде сам свој директор. За многу кратко време ќе почнеш да ги забележуваш предностите и минусите во ситуацијата, без разлика колку си одговорен и работлив.

Една од работите која ја прават луѓето во ваква ситуација е поставување на правила и протоколи на однесување за самите себе, со едноставна цел задржување на константно темпо и квалитет на работа. А првата логична работа која треба да ја направиш, пред да започнеш со поставување на правилата, е добро истражување на можните позитивни и негaтивни аспекти на тоа да се работи за самиот себе, и се разбира, на лично твоите позитивни и негативни работни навики. Зашто, да речеме, ако си познат по непочитувањето на рокови, доцнењето и одложувањето – ќе треба убаво да се посветиш на изнаоѓањето на систем за добро менаџирање на твоето време.

Секогаш имај ги твоите (мали и големи) цели на ум

Една од работите која често им се случува на новите менаџери е движењето без конкретна насока и цел. Можеби на почетокот ќе ти делува дека имањето на успешна дневна работа и рутина е доволна за одржување на еден бизнис, но по некое време ќе сфатиш дека немањето на конкретна цел (или повеќе цели) и рокови непотребно ја комплицира ситуацијата и твојата секојдневна работа.

Тоа воопшто не значи дека треба да зададеш огромни и скоро неверојатни цели, туку доволно е да почнеш со неделни, месечни и тримесечни, без разлика колку мали и смешни ќе звучат. Друга добра страна е тоа што на овој начин многу потешко ќе се најдеш себеси во ситуации во кои неприметно огромен дел од енергијата и времето ги посветуваш на само еден аспект од твојот бизнис, заборавајќи ја големата слика.

Уште потешко од поставувањето на цели е нивното исполнување. Без присуството на некој кој постојано ќе те потсетува и ќе го следи твојот напредок, избегнувањето на обврски е полесно од кога било.

Организација, организација, организација

blog 13 slika p

Да се биде одговорен на компанија значи дека си одговорен на секој можен аспект од истата. Од спремањето на најдосадните документи до најпријатното чувство на гордост по достигнат успех. Единствен начин да функционира твојата нова компанија е да бидеш неверојатно организиран, така ќе избегнеш безброј можни грешки и мали проблеми на патот.

Креирај паметно осмислени фолдери на твојот десктоп, организирај го твоето мејл сандаче, архивирај ги уредно хартиените документи, користи календар и апликации за продуктивност. На почетокот систематизирањето на работите нема да ти изгледа како неопходно, но со растењето на твојата компанија ќе разбереш колку ќе било се полесно доколку уште од самиот почеток си водел сметка на уредноста и организираноста.

Рекламирај се и себеси, не само твојата фирма

Кај сите позиции кои досега си ги имал, без разлика дали тоа било во мал бизнис или голема компанија, твојот директор бил ликот позади фирмата. Како директор на твојот бизнис, твоја задача е да ја претставуваш фирмата како професионално, така и приватно. Компаниите со харизматично лидерство се статистички поуспешни кај потенцијални клиенти и корисници.

Преку запознавањето на многу луѓе и собирањето на контакти од сите аголи на индустријата, ќе добиеш многу поддршка. Луѓето се заинтересирани во конектирањето на поавтентичен начин од имејл допишувања (на што се сведуваат многу работи денес), затоа посвети многу внимание на тоа да бидеш присутен во средината.

Третирај се себеси како свој вработен

Потруди се да си ги поставиш себеси истите стандарди и очекувања што би ги барал од некој вработен. Тоа ќе ти помогне реално да видиш дали си доволно продуктивен и дали вложуваш доволно труд, а од друга страна ќе се мотивираш себеси. Ова подразбира работење на нормални 8 часа во денот, исполнувања на сите работи на твојата дневна to-do листа, правење на редовни паузи и трудење да ги достигнеш сите цели и рокови кои ги имаш зададено.

Биди љубезен, но и компетитивен

Биди внимателен со твојата конкуренција, а особено на почетокот. Сите знеме дека конкуренцијата е здрава и доколку се третира паметно може да послужи како дополнителна мотивација. Но на самите почетоци, кога твојата фирма ќе се појави на пазарот, е најважно да се поставиш паметно кон твојата конкуренција, биди љубезен и компетитивен истовремено, внимавај од конкуренцијата да не направиш непријател.

Изгради успешна кариера, регистрирај се на kariera.brainster.co и добивај ги најдобрите огласи за работа, во твоето email сандаче!

Brainster Кариера и Вработување на Linkedin

Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, како да направиш CV, работа, директор.

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА