Дали твојот LinkedIn профил изгледа како што навистина треба?

Овој текст е дел од серијата лекции „Како до успешна кариера 101“.

Креирањето на добро резиме (CV) е комплицирано само по себе. Додека LinkedIn дефинитивно е од помош во таа насока, колку си сигурен дека го користиш како и колку што треба?

Една полоша работа за твојот професионален живот од тоа да не поседуваш LinkedIn профил е да поседуваш лош LinkedIn профил. Иако можеби си неверојатно вреден, посветен и професионален, доколку на твојот профил не му го пружиш вниманието кое му е потребно, ризикуваш кај твоите бизнис познаници да делуваш целосно спротивно од тоа што навистина си.

Според John Nemo, основачот на LinkedIn Riches, најголемиот дел од луѓето ја прават истата голема грешка. Тој вели дека поголемиот дел од корисниците го користат LinkedIn како типично, класично резиме – ги забележуваат своите сегашни и минати работни места, ги нагласуваат своите вештини и ги листаат наградите, додека се надеваат дека можностите мистериозно ќе им се појават. А тоа што треба да го прават е да изберат постратегиски пристап.

Наместо да направиш профил кој ќе биде сè и само за тебе, подобар пристап за структурирање на содржината е да ја приспособиш кон можните соработници и работодавци. Nemo тврди дека во тоа најмногу ќе ти помогне доколку си го поставиш прашањето – „Како тоа што го споделувам на оваа социјална мрежа ќе ми помогне со потенцијалните клиенти или работодавци? Како тие ќе ја добијат пораката дека токму јас можам да ги решам нивните проблеми?“.

Поставувајќи се на овој начин, како одговор на ова, според Nemo клучно прашање, ти се поставуваш себеси како одговорот на грижите и аспирациите на твоите потенцијални клиенти, корисници и работодавци.

blog 10 slika 1

Вклучи секции за тоа што правиш, со кого работиш и најважно – зашто тоа функционира. Избегни ги сите стерилни и веќе досадни начини за претставување на твојата кариера, нагласи што те прави навистина различен од другите (и биди колку е возможно помалку клише и што повеќе искрен додека го правиш тоа). Отворај го често твојот профил, ажурирај го и користи го за навистина да бидеш во контакт со луѓето, накратко – оддржувај го активен, тоа ќе ти помогне да се „продадеш” себеси успешно.

Дополнително, никогаш не заборавај да внимаваш на сите мали работи кои ризикуваш да ја испратат пораката дека не си доволно професионален. Една од овие, која многу често ја занемаруваме, е правописот и граматиката. Без разлика колку квалитетен веб-програмер си, твојата писменост кажува многу за твојата професионалност и ниво на едуцираност. Секогаш убаво проверувај ги работите кои ги додаваш на твојот профил, и скенирај ги за печатни грешки, кои можеби во случајот се резултат на брзање, може да ја уништат сликата која луѓето од твојата мрежа ја имаат за тебе.

Покрај правописот, една од грешките која најпрофесионалните ја прават, е што не внимаваат на нивната фотографија на профилот. Според кариерискиот експерт Nicole Williams од неверојатна важност е на твојот профил да имаш фотографија од себе. Според Forbes, шансите твојот профил да биде отворен се 7 пати поголеми доколку има профилна фотографија. Слично како куќа која се продава, доколку нема приложено слика од куќата – веднаш претпоставуваш дека нешто не е во ред. Погрижи се твојата фотографија да биде квалитетна, јасна и да те прикажува во професионално светло. Изнегнувај фотографии кои се дел од некоја поголема, како и фотографии со миленичиња.

Изгради успешна кариера, регистрирај се на kariera.brainster.co и добивај ги најдобрите огласи за работа, во твоето email сандаче!

Brainster Кариера и Вработување на Linkedin

Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, работа, како да направиш CV, интервју.

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫