Дали сте свесни за грешките кои ги правите во вашето CV ?

Колку време всушност посветувате на вашето CV и дали мислите дека е доволно? Јас ќе ви кажам дека дури и да мислевте дека е доволно, не е.  Од каде знам? – Во последниве пет години имам прегледано илјадници резимеа и дали ќе ви се верува ако ви кажам дека само едно ми има оставено впечаток. Да, замислете – само едно. Колкави се шансите и вашето да е совршено? Размислете добро.

Мора да бидете свесни дека вашето CV е одраз на вашата личност, одраз на вашето знаење и вашиот интелект. Вашето CV е вашиот личен бренд. Какво CV ќе направите, така ќе се презентирате пред вашиот иден работодавач. Верувајте Македонија е мала земја и Скопје е уште помал град. Впечатокот кој ќе го оставите и те како е битен.

Токму поради тоа решив да споделам неколку грешки кои сите ги правите при креирање на вашето CV:

Не го прочитавте огласот пред да го исправите вашето CV

Ајде да расчистиме нешто: инструкциите во огласите за работа постојат за да се почитуваат. Инаку огласите ќе гласеа вака: “Компанија од Скопје бара програмер”  – толку. Што во превод значи дека ако се бара CV на аглиски треба да го испратите на англиски, ако се бара мотивационо писмо значи дека треба да седнете и да го напишете. Доколку не можете да следите инструкции за праќање на CV дали треба да поверуваме дека ќе ги следите кога ќе дојдете на работа. Веројано не.

Не го читате CV то пред да го испратите

Една од главните грешки кои сите ги правите е тоа што не го читате вашето CV пред да го испратите. И секако дека е преполно со печатни грешки, тоа е сосема нормално кога пишувате нешто. И што мислите каков впечаток остава тоа? –  Сигурно не добар. Во најмала рака тој што ќе го прочита CV-то ќе помисли дека доколку не сте обрнале внимание на  вашето CV веројатно нема да обрнувате внимание ни на работата. Прочитајте го уште еднаш пред да го испратите или замолете некој пријател да го прочита – бидете сигурни дека ќе најдете некоја грешка. И секако доколку е на англиски консултирајте се со професионалец.

Не го модифицирате вашето CV за потребите на позицијата за која аплицирате

Да, токму така, не секое искуство кое сте го имале во животот е релевантно за позицијата за која аплицирате, затоа и не секогаш треба да вклучите се. Извините, но доколку имавте направено една верзија на вашето CV  и истата ја испраќате секаде  тогаш грешите многу. Дали навистина мислите дека кога аплицирате во банка ќе ги интересира дека сте работеле во кафуле на плажа летото 2010. Па, можеби ќе ги интересира ако им треба кафекуварка, иако не верувам дека тоа е целта која саката да ја постигнете.

Не специфицирате за која позиција аплицирате

Секогаш, ама баш секогаш специфицирајте ја позицијата за која аплицирате. Тоа е една од првите работи кои треба да ги направите, бидејќи многу често една компанија има отворено повеќе огласи. Шансите вашето CV да не заврши во Trash се еднакви на нула, односно вашето CV ќе биде прегледано само доколку нема други апликации, а тоа сигурно нема да се случи.

Испраќате CV во команија која нема отворени огласи за таков тип на вработени

Тоа е исто како да седнете во ресторан и да ви донесат јадење пред да имате можност да нарачате. Дали ќе го вратите јадењето? Е исто така се чувствува тој што ќе го погледне вашето CV, особено ако сте архитект и сте аплицирале во софтверска компанија. Да, за жал и тоа се случува. Во најдобар случај вашето CV ќе заврши во Trash, ако не стане прво интерна шега низ канцеларија….а замислете некој да ве познава. Упс!

Доколку уште не сте сигурни замислете дека вие сте тој што треба да ги прегледа аплиакциите за вработување. Размислете добро што е тоа што би ви пречело и што е тоа што би ви се допаднало.

 

Доколку сакате да научите повеќе за креирање на совршено CV посетете го курсот  “Како да креирате CV кое ќе ве вработи”

Среќно,

Brainster Заедницатa

Related Stories For You