CV-то на Elon Musk е чист доказ дека никогаш, ама баш никогаш, нема потреба да користиш повеќе од една страна за твоето CV.
Овие насоки, ги следат учесниците од нашата Академија за маркетинг.
Ако случајно немаш слушнато за ова име (читај: ако живееш под камен), Elon Musk е еден од најпознатите претприемачи на денешно време, CEO на Tesla, CEO и CTO на SpaceX и Претседател на SolarCity. Тој е таткото на 3 компании, посветеното време на работа му достигнува повеќе од 100 часа во неделата, прогласен е за 53-от најбогат човек на Планетата а сепак, успева да се претстави себеси во еднострано CV.
Всушност, сега кога го знаеш ова, ти си веќе на добар пат. Твојот работодавец ќе биде среќен што не мора да оди напред-назад низ сите години и достигнувања од твојот живот, од градинка па се до денес. Кога ќе размислам поубаво, тоа е и најчестата грешка која многумина ја прават. Одлучуваат во своето CV да ги вметнат сите работни ангажмани, пракси кои ги посетиле, проекти на кои учествувале, курсеви, сертификати, обуки и се што некогаш направиле во животот (поврзано и неповрзано со позицијата за која аплицираат). А нема потреба.
Ајде да видиме што Elon Musk правилно прави и како можеш ти тоа да го искористиш во своја полза.
1. Do’s
Да започнеме со тоа што мора да имаш, а што да избришеш:
✓ Фотографија (посебно во форма на круг) е супер начин работодавецот да визуализира кој седи на другата страна. Треба да е професионална – фотографирана од добра камера и те покажува во насмеано светло. Подобро CV-то да оди без фотографија, ако планираше да се кропнеш од некоја групна од кафана, или селфи од детска. 🙂
✓ Напиши кратко интро кое вистински те отсликува – не зборувам за cheesy quote туку нешто во кое навистина веруваш.
✓ Мејл, телефонски број и дата на раѓање се практичен дел од составот на едно CV. Твојот град е информација која ги интересира твоите потенцијални работодавци. Ама домашната адреса? Nope.
✓ Сите јазици, дури и оние кои не ги зборуваш на ниво на мајчин јазик, можат да послужат за дадена позиција. Внимавај да означиш на кое ниво (на скалата од А1 до Ц2) ги зборувш дадените јазици. Не е лошо да употребиш зборови како “флуентен во”, “разговорно ниво на”, “мајчин јазик” и слично.
✓ Датуми – временска рамка во која си бил на одредена работна функција. Доколку се уште си на таа функција, напиши “до денес” или стави цртичка (-).
2. Don’ts
✗ Основно и средно образование. Ако имаш завршено факултет (да не зборуваме за мастер студии или пост-дипломски), не е важно дали си бил престедател во втора година средно. Собери храброст и избриши ги линиите во кои гордо зборуваш за твоите искуства кога си бил малолетен.
✗ Едно CV за сите позиции. Приспособување на твоето CV според описот на работното место е првото нешто што треба да ти падне на ум кога ќе видиш оглас на кој сакаш да аплицираш.
✗ Немој да глумиш нешто што не си. Не лажи, не преувеличувај. Само извади го најдоброто од секое искуство кое го пишуваш.
✗ Не заборавај да ги напоменеш сите релевантни професионални искуства – доколку заборавиш некое од нив и го споменеш на интервју, делуваш несериозно.
Исто така, не се плаши да си играш со големината на фонтови. Како што можеш да видиш погоре, визуелниот дел од CV-то е естетски задоволителен поради различната употреба на бои и димензии. Ако баш не знаеш од кај да почнеш, инспирирај се од веќе создадени темплејти. NovoResume, Moe.cv или VisualCV се добар старт. You’re welcome 🙂
2. Содржината е сѐ
Сега кога научи што да правиш а што да одбегнуваш, време е да зборуваме за тешкиот дел. Да си ги опишеш сопствените квалитети е ретко исцрпувачка задача. Не знаеш дали ќе личиш умислено, дали во доволен детал ги објаснуваш работните задачи и дали тоа што ти го гледаш како успех ќе му се допаѓа на твојот дај-боже-иден шеф.
Најважното нешто што треба да стои под секоја работна позиција е КОИ биле твоите задачи и ШТО ти си научил од нив. Пробај да зборуваш во трето лице, во bullet форма. Немој да пишуваш долги текстови, премини право на поентата. Сакаш да ги објасниш деталните обврски кои си ги имал, кои одговорности ти биле дадени и кои вештини си ги излекол од сите нив. Прочитај ја последнава реченица повторно, збор по збор. Не е важно колкава е компанијата или која била твојата титула се додека не објасниш што сѐ содржела. Размислувај на следниве аспекти: За што ме пофалија? Кои програми и алатки ги користев? Дали имплементирав некоја нова идеја? Дали донесов вистински резултати (нови корисници, продажба, напредок во финансиите итн)?
Биди самоуверен но не надмоќен. Уверлив но не нападен. Kонкретен но не досаден. 3,2,1, ајде!
3. Редослед
CV-то е првиот впечаток што компанијата го добива за тебе. Први треба да бидат твоите вештини и најсвежи работни искуства (слободно ископирај го Елон Маск). Оди по ред , од најново до најстаро искуство. Немањето на дирекно работно искуство можеш да го замениш со пракси, воншколски активности или учество во асоцијации. Исто така, секогаш можеш да се стекнеш со практично искуство на некои од кратките курсеви на Brainster, или на Академијата за Дизајн, Академијата за Маркетинг и Академијата за Програмирање. Идеја: играњето во тим за кошарка зборува за твојот тим-спирит, создавањето на школски клуб – за твојот лидерски карактер а фактот што се искачуваш на планини зборува за твојот work-life баланс. Јазиците и останатите квалификации секогаш остави ги на крај. Доколку ти фали место, можеш да ги избришеш своите интереси (или барем да ги намалиш).
За крај..
Процесот на вработување започнува уште во моментот кога ќе решиш да аплицираш на саканата позиција. Твојот стил на пишување, можноста да ги структуираш настаните и да ги истакнеш клучните моменти се првите чекори кон среќавање со твојот потенцијален работодавач. Сега за сега, се надевам дека овие информации ти се доволни и ќе ти помогнат да креираш CV кое ќе ти обезбеди вработување!
Среќно,
Brainster тимот
Овој текст е објавен во категоријата Работа и ги содржи следните клучни зборови: вработување, vrabotuvanje, CV, како да креирате CV, интервју, работа, rabota