Запознај ги нашите нови партнери Кети и Ана, соосновачки на креативната маркетинг компанија Digital Halo. ⭐
Поразговаравме за заедничката соработка, работењето со млади таленти, како и за новите трендови во дигиталниот маркетинг. Кети и Ана ги споделија и нивните импресии од 48-часовниот хакатон каде студентите на Бреинстер работеа на решение за дигитална маркетинг стратегија за Digital Halo.
Интервјуто ќе ти даде одлични увиди за креативната индустрија кај нас, но и глобално. А, доколку се размислуваш за кариера во дигитален маркетинг, тогаш оваа интервју е дефинитивно за тебе!
Здраво Ана и Кети, дали може да ни споделите кратко био за Digital Halo: почетоците, Вашата мисија и вредности?
Идејата за отворањето на маркетинг креативната компанија Digital Halo започна спонтано, но со силна визија. Ние двете се запознавме пред 13 години на нашето прво работно место во светот на маркетингот и од тогаш останавме пријателки. Нашите кариери потоа се развиваа во различни компании и проекти, каде што стекнавме искуство и вештини во разни области од маркетингот и дизајнот. По толку години одлучивме дека дојде време нашата експертиза и креативност да ја насочиме кон нешто што ќе биде наше. Така, ние двете заедно со Нено, нашиот трет партнер, ја основавме Digital Halo на почетокот на оваа година.
Нашата визија е да креираме маркетинг креативна компанија која нуди широк спектар на маркетинг услуги за клиенти од различни индустрии на глобално ниво. Целта ни е да обезбедиме квалитетна и уникатна маркетинг поддршка која ќе им помогне на нашите клиенти да ги постигнат своите цели и да остварат значајни резултати, и да заблескаат во дигиталниот свет.
“HALO” симболизира сјај, одблесок, и аура која им ја обезбедуваме на клиентите преку нашата работа, помагајќи им да се истакнат и да привлечат успех во дигиталниот свет.
Зошто се одлучивте за соработка со Бреинстер и какви можности видовте?
Како личности кои постојано работат на сопствениот развој на личен и на професионален план, имаме исклучително позитивно искуство со Brainster – преку посетување на курсеви, како и преку деловна соработка на претходните работни места.
Свесни сме дека вашата академија привлекува ентузијасти кои се посветени на својот развој и вложуваат многу во својата кариера, без разлика дали се на почетокот или пак прават пресврт во професионалниот пат, носејќи нова перспектива. Сакаме да работиме со луѓе кои активно инвестираат во себе, бидејќи тоа секогаш води до успешни резултати.
Поради ова, одлучивме дека би било одлично да ангажираме студенти од Brainster за практична работа со можност за понатамошно вработување. Вложувањето во менторски програми за студентите е клучно, не само за нивниот раст, туку и за развојот на компаниите. Brainster, всушност, има создадено една уникатна заедница на студенти и компании, каде придобивките за двете страни се значителни. Гледајќи ја оваа можност, одлучивме да соработуваме со вашите студенти, заедно да вложиме во нивното знаење и искуство и да градиме заеднички успех во иднина.
Организиравме 48 часовен хакатон во кои студентите од академиите за дигитален маркетинг и графички дизајн работеа на решение за Digital Halo. Какви беа Вашите очекувања и впечатоци од студентите кои работеа на овој хакатон?
Учеството на хакатонот го гледавме како една можност за собирање на нови и свежи, out of the box идеи, кои би одговарале на нашата стратегија и би ни помогнале што поуспешно да ја промовираме нашата маркетинг агенција Digital Halo.
Бевме отворени за добри решенија и со голема возбуда ги чекавме презентациите на студентите, а она што тие ни го покажаа ги надмина нашите очекувања. Од добро разбран брифинг, темелен пристап кон проблематиката, голема креативност, видно ниво на посветеност и професионалност, сѐ до ентузијазмот со кој презентираа – едноставно нѐ оставија без зборови и не сме сигурни дали успеавме доволно да ги искомуницираме восхитот и нашата благодарност до нив.
Буквално можевме да го видиме целиот труд кој го вложиле во изминатите 48 часа работејќи на проектот зададен од наша страна и тоа беше многу значаен момент за нас како компанија, но и како поединци кој стојат позади неа.
Од срце сме им благодарни на сите учесници, како на студентите, така и на тимот на Brainster за можноста за учество на хакатонот.
Доколку размислуваш за кариера во дигитален маркетинг можеби сега е вистинската можност . Бреинстер заедно со 10 компании доделува 100 ваучери од 1000 евра за академиите. Аплицирај на Brainster Академијата за дигитален маркетинг за твојот ваучер!
Кои се најважните дигитални трендови кои ги следите во моментот и како тие влијаат врз Вашата стратегија и план за работа?
Во моментот, два од најзначајните трендови кои ги следиме се вештачката интелигенција и кратките видеа. Вештачката интелигенција игра навистина голема улога во персонализирањето на маркетинг стратегиите, особено во анализата на податоци и предвидувањето на однесувањето на потрошувачите. Истата ни овозможува да креираме таргетирани кампањи кои директно одговараат на потребите на нашите клиенти.
Дополнително, би се сложиле дека кратките видеа, како TikTok и Instagram Reels, станаа моќен начин за ангажирање на публиката. Овој формат бара креирање на кратка содржина која што е динамична и привлечна, што е важен дел од нашата content стратегија.
Дали можете да издвоите некоја глобална креативна кампања која Ви остави впечаток оваа година?
Една од глобалните кампањи која ни остави најголем впечаток е поврзана со концертите на Coldplay и нивната „Music of the Spheres“ турнеја. Она што најмногу нè инспирира е нивната посветеност кон одржливоста и иновативниот пристап кон екологијата.
Концертите на Coldplay се дизајнирани да бидат енергетски неутрални, користејќи обновливи извори на енергија како соларни панели и биоразградливи батерии. Дури и публиката има можност да учествува во процесот на генерирање електрична енергија преку специјално дизајнирани велосипеди поставени на локацијата. Оваа иновација е дел од нивната амбиција да ја намалат емисијата на јаглерод за 50% во споредба со претходните турнеи.
Покрај тоа, секој продаден билет за концертот значи едно засадено дрво, што е дел од нивната иницијатива за зазеленување на планетата. Од почетокот на турнејата, засадени се над 7 милиони дрвја, со што активно придонесуваат за намалување на јаглеродниот отпечаток.
Нивната амбиција за создавање на „позелени“ концерти не само што ја редефинира музичката индустрија, туку и покажува како големите уметници можат да бидат лидери во глобалните иницијативи за одржливост, што е од витално значење за иднината на настаните.
Оваа иницијатива треба да послужи како инспиративен пример за сите компании на глобално ниво. Секоја компанија носи одговорност да се грижи за животната средина и да го интегрира одржливото работење како основен принцип во своите активности.
Каков совет би им дале на креативните лидери и основачи како Вас во контект на соработка со студенти и млади таленти?
Сите ние, како основачи и лидери на компании, некогаш сме биле студенти и практиканти, и сме имале ментори кои ни помогнале да ги оствариме нашите визии за иднината. Тие моменти се клучни за нашиот личен и професионален развој. Затоа, сметаме дека и ние како компанија имаме одговорност да инвестираме во младите таленти и да им овозможиме да го покажат својот потенцијал преку работа на реални проекти.
Нашиот совет до компаниите е да го следат овој пример и да се фокусираат на развивање менторски програми и практични искуства, бидејќи студентите и младите професионалци носат свежи перспективи, ентузијазам и иновативни идеи. Важно е да им се обезбеди вистинска поддршка преку вклучување на студентите во реални проекти, но исто така да се даде можност за слобода и креативност, не само за извршување задачи, туку и во развивање нови концепти.
Во Digital Halo активно инвестираме во соработка со студенти преку менторски програми, и веруваме дека ова е една од највредните инвестиции што можеме да ја направиме. Оваа соработка ни овозможува пристап до свежи идеи и нови перспективи, кои може да бидат клучни за иднината и за нашата способност да се прилагодуваме на промените на пазарот и трендовите.
Што би ги советувале младите таленти кои сакаат да се вклучат во полето на дигитален маркетинг?
Најважниот совет е да бидете проактивни и постојано да учите од секоја можност. Дигиталниот маркетинг е брзо променлива индустрија која бара континуирано усовршување и адаптација на новите алатки и стратегии. Почнете со градење на вашиот личен бренд преку социјалните мрежи, научете ги основите на клучни алатки како Google Analytics и платформите за социјални медиуми, и не се плашете да експериментирате со креативни идеи.
Искуството стекнато преку реални проекти – без разлика дали преку пракса или лични иницијативи – е непроценливо. Секој успешен дигитален маркетер треба да биде постојано информиран за најновите трендови и активно да ги користи најважните дигитални алатки. Совладувањето на нивните функционалности е клучно за успешно имплементирање во реални проекти. Ако немате профил на најкористените платформи во моментов, отворете го уште денес – тоа е првиот, но многу значаен чекор во градење на вашето присуство во дигиталниот свет.
Кои се Вашите дологорчни очекувања од соработката со Бреинстер?
Од соработката со Brainster очекуваме долгорочно партнерство кое ќе ни помогне да го зголемиме капацитетот на нашиот тим со млади, амбициозни таленти. Нашата цел е да создадеме динамична средина во која студентите ќе имаат можност да ги применат своите вештини на реални проекти, што ќе донесе свежа енергија и иновативни идеи во нашата работа.
Исто така, ќе создаде можности за потенцијално вработување на овие таленти, обезбедувајќи им прилика да направат значителен придонес во нашата компанија и индустријата.