Со развојот на времето доаѓа и до создавање на нови вештини чие значење сe повеќе се зголемува. На Brainster+ Академиите покрај меките вештини се изучуваат и напредните технички вештини како Neuroscience of Persuasion: Influencing Others in the Marketplace и Neuromarketing.
Предавач на овие вештини е PhD професорот Николаос Димитриадис, кој е HR консултант и професор по човечки ресурси. Неговото работно портфолио е богато со 20 години искуство на полето на бизнисот, маркeтинг и невромаркетинг. Како една од повпечатливите карактеристки за него е тоа дека тој успеал да скенира 8500 мозоци, од над 25 држави ширум светот, за целите на Невромаркетингот.
Во неговиот курс се опфаќа што всушност е убедувањето, кои се најмоќните модели на убедување, моќта да се влијае на одлуките и како да преземеш акција. Прочитајте го разговорот со Професорот Димитриадис, за да откриете повеќе за Невромаркетингот и Невронауката на убедување.
Ти си пионер на полето на Невромаркетинг, како одлучи дека сакаш да специјализираш токму на ова поле?
Отсекогаш бев фасциниран од човековото однесување и скриените сили кои влијаат на него. Додека одев на училиште, се трудев да најдам било каква книга за психологија и филозофија за да ја прочитам и сфатам како всушност се донесуваат одлуките и зошто, односно како општеството функционира. Подоцна, студирав маркетинг и менаџмент, кои беа предмети базирани на психологија, бихевиорална наука, антропологија и социологија.
Додека студирав, имав сообраќајна несреќа која беше причината поради која се впуштив во невронауката. За време на сообраќајната несреќа, бев оној кој управуваше со воланот и изгубив свест неколку секунди пред самиот удар (знаејќи дека не можев да го избегнам судирот) и се освестив повторно откако веќе се удривме. Кој одлучил дека би требало да заспијам за време на таков удар? И кој одлучил дека јас би требало да се освестам после тоа? Јас не го одлучив тоа.
Тоа беше мојот мозок. Мојот мозок одлучи за мене, без моја согласност. По одредено истражување, сфатив дека тоа што ми се случило на мене бил еден процес на преживување. Но сепак, прашањето останува: кој го контролира ова? Јас или мојот мозок? Одговорот е едноставен, но сепак сложен да се прифати: мозокот отсекогаш ме контролирал мене.
Комбинирајќи го ова ново знаење со мојата пасија за истражување на човечкото однесување и професионалното искуство на полето на маркетинг и менаџмент, ме донесе до Невромаркетингот. Секако, денес многу луѓе станаа невромаркетери поради фактот дека нашиот несвесен ум е многу посилен од нашиот свесен ум. Ако навистина сакаш да ги разбереш твоите клиенти, тогаш ти мораш да го разбереш својот мозок!
Невромаркетинг и Невронаука на убедување се курсевите кои вие ги предавате како дел од Brainster+. Која е поврзаноста меѓу овие два курсеви?
Невромаркетингот може да биде разгледуван преку 2 различни пристапи.
Првиот и подостапен, е промената во однесувањето или убедувањето. Постои број на Невромаркетери кои на глобално ниво се фокусираат на тоа како да им помогнат на клиентите да создадат производи, сервиси, кампањи и комуникации базирани на наука на влијанието. На пример, ако сакам повеќе луѓе да донираат крв или да купуваат производи кои се поодржливи, како би требало да им пристапам? Каде да го поставам call-to-action копчето на веб-страницата? Каква фотографија би требало да објавам на Инстаграм? Луѓето кои ги работат овие професии се експерти во бихевиорална економија и во тоа како да се направи промена со цел да се мотивира мозокот на правилните начини.
Преку разбирање на тоа како мозокот ја прифаќа реалноста, филтрира информации и донесува одлуки, ние можеме да креираме пораки кои имаат поголеми шанси да помогнат на луѓето да се променат. На пример, ако ви кажам дека луѓето како мене рециклирале повеќе, твојот мозок преферира да следиш социјални норми кои би можеле да те натераат да рециклираш повеќе. Постојат специфични правила и модели кои ние треба да ги следиме во однос на убедувањето со цел да направиме промена и да ги подобриме продажбите, но и општеството во целина.
Вториот, кој е помалку достапен, е конзумерска невронаука. Маркетиншкото истражување долго време ги користи мислењата на луѓето со тоа што ги прашува што тие претпочитаат и во што веруваат. Ова не беше многу успешно бидејќи повеќето од нашите одлуки се несвесни. Конзумерскатa Невронаука, ги корисити технологиите и методите како електроенцефалограми (ЕЕГ), fMRI скенери и следење на очите, за да ги открие чистите реакции на мозокот и телото додека луѓето искусуваат маркетиншки стимули во лабораторија или во реалниот свет.
Преку мерење на овие реакции, ние можеме подобро да разбереме кои специфични аспекти од нашите маркетиншки материјали работат во корист на мозокот, а кои не. На пример, ние можеме да видиме во петтата секунда на тв-рекламите или Јутјуб видеата, дали се предизвикуваат правилните емоции, или дали главната порака на нашата корпоративна брошура е видлива доволно за човечкото око или не. Ние дури можеме да го измериме менталниот напор на мозокот кој треба да го вложи за да ги декодира пораките кои ние се обидуваме да ги искомуницираме од секунда во секунда. Понекогаш, бараме многу од мозоците на нашите клиенти, давајќи им многу пораки или пораки кои се ментално комплексни. Маркетиншкото истражување без неврологија на потрошувачите не може да биде целосно. Двата модула во Brainster+ се важни за современите невромаркетери бидејќи се надополнуваат еден со друг. Тие се двете страни на една иста паричка.
Ко-инвестираме со нашите партнери за вработување и доделуваме 100 ваучери од 1000€. Инвестирај во иднина што ќе ти донесе вработување – Аплицирај за твојот ваучер!
Какви бенефити ќе добијат студентите преку овие курсеви?
Во Невронауката на убедување, студентите ќе научат дали човечкиот мозок е и глупав и паметен, кој навистина го води (свесниот или несвесниот дел), како брендирањето работи во мозокот и четирите најефективните модели за убедување и бихејвиорална промена во маркетингот.
Во Невромаркетингот, студентите ќе развијат големо разбирање за тоа зошто моменталниот маркетинг не функционира, како мозокот процесира информации, која е разликата меѓу емоциите и чувствата, што е конзумерска Невронаука и најмодерните алатки на невромаркетиншкото истражување преку примери.
Кои вештини треба да ги поседува некој кој сака да започне кариера во невромаркетинг или невронаука?
Невромаркетингот, пред сѐ значи однесување, начин на размислување, перспектива. Треба да го промениш начинот на кој ја гледаш човековата природа, донесувањето одлуки, однесувањето и истражувањето. Оваа промена базирана на учењето на најскорешните пронајдоци на невронауката, бихевиоралните науки, биологијата, генетиката, антропологијата, па дури и физиката. Толку погрешивме во тоа како го перципиравме индивидуалниот и колективниот живот што навистина создадовме повеќе проблеми отколку решенија. На пример, зошто децата на училиште ги учиме само математика… а не емпатија? Емпатијата во животот е многу поважна од математиката! Времето за промена е сега!
Луѓето кои сакаат кариера на полето на невромаркетингот треба да ги поседуваат следните карактеристики:
-отворен ум
-голема љубопитност
-љубов кон луѓето/хуманост
-било каква диплома, од новинарство до IT
-пасија за комуницирање
-интерес во биометричка технологија
-желба за да се промени светот
Како невромаркетингот се интегрира со други маркетинг дисциплини како дигитален маркетинг или психологија на потрошувачите?
Кога започна Невромаркетингот , пред повеќе од 20 години, беше искористен за тестирање на многу тесен сет на сервиси, како тв-реклами и статички слики. Денес, Невромаркетингот се користи за да се тестираат сите маркетинг материјали и потрошувачки искуства во секој канал и форма. Ние можеме да тестираме идеи уште во најраните стадиуми, без да имаме некако финализиран концепт. Ние исто така тестираме и вкусови, мириси и звуци. Значи, Невромаркетингот се користи во мулти-сензорното тестирање. Невромаркетиншките алатки се комбинирани преку други технологии како VR и AR за да се тестира човечкото искуство, брендирање и однесување во виртуелни и аугментативни средини.
Интергрирањето на Невромаркетингот со дигиталниот маркетинг и другите видови веќе се случи, и се случува секој ден. Многу компании ширум светот и многу мои клиенти,секојдневно го користат Невромаркетингот за да ги тестираат средствата на дигиталниот маркетинг. Проблемот никогаш не беше во технологијата и методологијата. Тоа беше начинот на размислување на некои маркетери кои не сакаа да ги прифатат податоците што ги носи невромаркетингот. Можеби тие се исплашени поради тоа што невромаркетингот звучи како неврологија и медицината. Затоа, можеби тие не веруваат дека тие го имаат знањето и вештините за да го употребат невромаркетингот, и затоа тие го одбиваат. Сепак, невромаркетингот значи понудување на денешните user-friendly решенија кои се лесни за користење за маркетерите. Секако, специјализираните знаења се сѐ уште потребни за да се продуцираат сознанија во врска со невромаркетиншките алатки, но читањето и користењето на овие сознанија му ја олеснуваат работата на секој маркетер.
Загрижувачката потрошувачка психологија, надвор од очигледната конекција до промената во убедувањето е моментално ажурирана од невронаучните, генетските и биолошките пронајдоци. Целата наука на психологијата проаѓа низ важни промени во моментов, поради поточните биометрички и неврометрички податоци, кои понекогаш се предизвик, па дури и ги поништуваат традиционалните психолошки теории.
Во оваа AI ера, во која насока очекуваш дека ќе се движи невромаркетингот?
AI се користеше во невронауката веќе со децении. Во невромаркетингот, ние главно користиме специфичен дел од AI наречен Emotion AI. Ова е интерфејс на хардверот, софтверот и човечкиот мозок за декодирање и подобрување на емоционалните и когнитивните перформанси на луѓето, искуствата, како и маркетиншките материјали. Во последните неколку години, невромаркетингот користи многу AI со цел да развие автоматизирани системи за тестирање на маркетинг материјали без употреба на уреди и учесници. Денес, може да објавиш креативни решенија (фотографии, пораки, брошури) онлајн и за неколку минути да добиеш веројатност за тоа како очите на луѓето ќе го забележат тоа и како нивниот мозок ќе го обработи. Овие брзи и евтини решенија се наречени предиктивен невромаркетинг. Овие системи се идеални за секојдневна и брза проверка на материјалите како објави за социјалните медиуми, но уредите и технологијата се уште попрецизни, обезбедувајќи подобри информации, за големо инвестирање во маркетинг кампања.
Како е вашето искуство досега, работејќи со Brainster и Brainster+?
Навистина е освежувачки и возбудливо да се работи со луѓе кои се паметни, мотивирани и се упатени во тоа што го прават. Brainster е компанија полна со егнергија, посветеност и искрена љубов кон работата. Сите што ги запознав и соработував во Brainster беа многу љубезни, професионални и страсни за образование и обучување за вештини. За време на нашето партнерство имав силен впечаток дека Brainster постојано иновира, со брзина која не може да се спореди со другите, поради неговото инспирирано и посветено лидерство. Кога една компанија има демонстративна мисија за подобрување на животот на луѓето, конкретен план и вистински тим, тогаш ништо не може да ја спречи да ги постигне своите цели!