Менаџмент на човечки ресурси или HR е една од професиите кои доминираат на пазарот на трудот. Особено денес, кога во центарот на развојот на технологијата, интезивните иновации и промени во индустриите е човечкиот капитал. Затоа поразговаравме со експерт на темата, Анита Јанчевска, Head of HR Services кај нашите партнери, интернационална компанија за човечки ресурси – Office People.
Експертизата на Анита се состои од HR стратегии, регрутација, организациско планирање и менторство. Таа со својот тим од Office People, активно работи на унапредување на HR практиките, создавајќи персонализирани решенија кои одговараат на потребите на различни индустрии и компании. Анита, како експерт им одржа онлајн хакатон на студентите за Академијата за човечки ресурси во Brainster каде преку креативни задачи им помогна во стекнување на релевантни вештини за нивниот пат до HR професионалци. Прочитај за нејзиното искуство на онлајн хакатонот, како и совети за оваа конкуретна професија на пазарот.

Какво беше твоето искуство на онлајн хакатонт за Академијата за човечки ресурси? Кои се твоите впечатоци?
Моето искуство со онлајн хакатонот на Академијата за човечки ресурси беше навистина освежувачко и инспиративно. Нашата компанија гордо ги поддржува ваквите современи иницијативи кои овозможуваат споделување знаења, поттикнување иновации и создавање на нови можности во областа на човечките ресурси.
Искрено, бев изненадена од креативноста, посветеноста и деталноста што учесниците ја вложија во своите задачи. Секоја презентација и решение беа внимателно осмислени и покажаа висок степен на разбирање на предизвиците. Тоа навистина говори за нивната желба за учење и развој.
Нашиот тим го спроведе процесот на прегледување на задачите, при што се потрудивме да понудиме објективна и конструктивна проценка. Верувам дека успеавме да ги поттикнеме учесниците и да им понудиме перспективи кои ќе им помогнат понатаму.
Кои конкретни задачи од планот за работа се најкорисни за студентите при нивното адаптирање во новата професионална средина?
Една од најкорисните задачи за студентите при нивното адаптирање во новата професионална средина е активно да учествуваат во решавањето на проблеми. Наместо само да следат стандардни задачи, вклучувањето во реални предизвици ги тера да размислуваат креативно, брзо да учат и да ги применат своите вештини во пракса.
Таквите задачи им помагаат да ја разберат динамиката на работното место и да развијат чувство за одговорност.
Токму затоа и ние одлучивме да им дадеме една нетипична и предизвикувачка задача наречена Candidate Persona. Оваа задача бараше од студентите да направат длабока анализа, да размислуваат креативно и да излезат надвор од рамките на стандардните методи.
Целта беше да изградат детален профил на идеалниот кандидат за одредена улога, земајќи предвид различни аспекти како професионални вештини, лични карактеристики, мотивација, па дури и нивните потенцијални кариерни цели. Ова не беше само вежба за техничка прецизност, туку и за емпатија, креативно размислување и разбирање на луѓето.

Како го гледаш влијанието на онлајн хакатоните во подготовката на кандидатите за работа во Човечките ресурси? Дали тие помагаат во подготовка на кандидатите за реалните предизвици на пазарот на труд?
Искрено се надевам дека ваквиот вид иницијативи ќе продолжат да се организираат, бидејќи тие претставуваат одлична платформа за размена на знаења, градење на мрежи и поттикнување на иновативни решенија кои можат да го унапредат нашиот сектор.
Врз основа на хакатонот, ние преодолживме и со соработка со дел од студентите кои хонрарно ги ангажиравме во рамки на нашата агенција и имаа можност да работат на неколку од нашите HR проекти 🙂
Според тебе, на кој начин задачите и обуките од хакатонот ги развиваат основните вештини на студентите?
Со задачите учесниците добиваат уникатна можност да размислуваат за реални теми во HR, што ги поттикнува да не се ограничуваат само на теоретските концепти, туку и да ги применат во конкретни ситуации. Со ова, студентите не само што учат како да решаваат HR задачи, туку и како да експериментираат со нови идеи и пристапи.
Преку нашите задачи ние се стремиме студентите да можат да ја увидат разликата во различните индустрии и како HR практиките се адаптираат во контекст на различни бизнис модели. Ова ги прави свесни за фактот дека HR не е само оддел, туку клучен елемент за успехот на целокупниот бизнис. Со тоа, тие учат да размислуваат не само како HR професионалци, туку и како дел од поширока бизнис стратегија. Oва е од огромно значење за нивниот развој и адаптација во реалниот професионален свет.
На пример, во рамки на хакатонот беше потребно да се направи стратегија за регрутација и профил на кандидат за позиицја маркетинг менаџер во две комплетно различни индустрии и области. Профилите за овие кандидати би требало значително да се разликуваат – тоа е моментот на учење преку увиди.

Кои конкретни аспекти на програмата сметате дека ќе ги направат студентите конкурентни на пазарот на труд веднаш по завршувањето на академијата?
Тоа би било дефинитивно практичното искуство во решавање реални проблеми, развој на креативно размислување и адаптирање на HR стратегии во различни бизнис контексти. Овие вештини, заедно со способноста за брзо учење и иновации, ќе ги направат студентите подготвени да се справат со динамиката на современиот пазар.
Што би можеле да направат младите професионалци за да бидат побрзо интегрирани во новата работна средина?
Младите професионалци треба да научат како да се приспособат, а истовремено да бидат храбри во изразувањето на своите идеи. Еден од најбрзите начини за интеграција е да се покаже интерес за тимските активности и да се биде присутен и во неформалните разговори, бидејќи тоа не само што создава нови контакти, туку и помага да се разбере културата на работното место. Клучно е да се биде отворен за нови искуства и да се прифатат грешките како дел од процесот на учење.
Дополнително, младите не треба да се штедат себеси на почеток на кариерата и препорачувам секогаш да одат чекор плус секогаш. Да покажат иницијатива, да преземат одговорности, да се вклучат во проекти и задачи што ќе ги извадат од нивната зона на комфорт. Едноставно кажано да се активни на работното место и надвор од очекуваното. На овој начин младите најбрзо градат кредибилитет и доверба во своите способности.