Зошто да учествуваш на Red Bull Doodle Art настанот во Brainster

Доколку си креативец кој сака да го ослободи умот преку цртање на шкрабаници и да го покаже своето дело и талент на целиот свет, нема подобро време од сега!
Патување во Амстердам, можност за дизајнирање на NFT дело или ваучер што целосно или делумно ќе ги покрие трошоците за совладување на некоја од најбараните дигитални вештини и за лансирање на нова кариера звучи примамливо, зар не?
Можеби изгледа премногу добро за да биде вистина, но тимот на Brainster во соработка со Red Bull Македонија веруваат во tech-талентите и сакаат да ги поддржат креативците да ги следат своите соништа и да ги предизвикаат нивните вештини, талент и имагинација.
Red Bull Doodle Art настанот е глобален натпревар каде учесниците ќе имаат можност да се натпреваруваат за да добијат вредни награди и да ја покажат својата креативност на целиот свет.
Еден од настаните каде ќе се собираат шкртачи од целата земја се токму Brainster канцелариите во Капиштец (Васил Ѓоргов 19, спроти Зебра). Нашите врати ќе ги отвориме за сите заинтересирани да бидат дел од овој натпревар, и можност нивната шкрабаница да стане NFT дело.
За повеќе информации околу настанот кликнете овде!
Во продолжение, ти даваме одговор на најчесто поставуваните прашања за овој настан
Зошто да учествуваш на Red Bull Doodle Art настанот во Brainster?
Red Bull Doodle Art е глобален натпревар кој има за цел да ја зајакне и да ѝ даде поддршка на новата генерација на уметници со праќање на отворена покана до сите студенти и креативци од целиот свет да го ослободат умот и креативноста преку цртање на шкрабаници. Ова е одлична можност за креативците да ја покажат својата креативност и талент на целиот свет, да добијат препознавање, можност за место на глобалното финале во Амстердам и ред други награди.
Како да се пријавиш?
Секој кој има минимум 18 години во моментот на аплицирање, а воедно е и државјанин на една од државите учеснички, може да учествува на Red Bull Doodle Art настанот онлајн или да дојде на 18-ти март во просториите на Brainster во 10:00 часот. За учество на настанот потребно е оваа сабота само да се појавиш во нашите канцеларии, а за аплицирање потребна е твоја пријава и наведување на име и презиме, резидентна држава, универзитет и валидна e-mail адреса. Дозволено е повеќекратно пријавување, но во регионалната фаза ќе бидат разгледани максимален број од 2 пријави по човек.
Правила кои треба да се почитуваат!
Аплицирањето за овој натпревар воопшто не е комплициран процес, но она на што треба да се внимава се правилата за учество кои треба да се почитуваат. Со цел твојата пријава да е легитимна, мораш да пазиш на следново:
- Само шкрабаниците нацртани со хемиско пенкало, дигитално пенкало или молив ќе бидат прифатени;
- Цртежот мора да биде црно-бел;
- Делото мора да е изработено индивидуално од еден човек;
- Само шкрабаниците кои ќе бидат нацртани во официјална форма ќе бидат прифатени;
- Да имаш минимум 18 години во моментот на аплицирање;
- Лицето мора да е државјанин на една од земјите учеснички;
Како ќе се одвива натпреварот?
Учеството на Red Bull Doodle Art натпреварот ќе се одвива во 4 фази, а тоа се следниве:
- Пријавување на своите шкрабаници онлајн или директно на настанот во Brainster;
- Прегледување на легалните пријави од страна на експертска панел комисија и одбирање на еден национален победник кој ќе ја претставува својата земја на глобалното финале;
- Соработка со артист-ментор за подобрување на делото и прикажување на Red Bull Doodle Art World Final изложба;
- Прикажување на делата на глобалното финале, каде интернационална панел комисија ќе го одбере Red Bull Doodle Art победникот;
Награди за најдобрите!
Судиите на националнотo и глобалното ниво ќе оценуваат според следниве критериуми: креативност, уметнички вештини и темата: љубов кон животот.
Постојат три вида на награди за најдобрите од Red Bull Doodle Art натпреварот, а тоа се:
- Можност за патување во Амстердам (Светско Финале) и работа со артист-ментор за подобрување на своето дело и негова трансформација во NFT;
- SWithADot – твојот дизајн ќе биде инсталиран на патика, во колаборација со тимот на SWithADot. Исто така, патиките со твојот дизајн ќе бидат пуштени во комерцијална продажба (лимитирана едиција);
- Стипендии на Академијата за графички дизајн или Академијата за UX/UI дизајн на Brainster [I награда 100%, II награда 70% и III награда 40% финансиска покриеност на стипендијата];
- Или попуст на школарината на Brainster Next College доколку си заинтересиран/а за додипломски студии на студиска програма по UX/UI и графички дизајн [ I награда 10% попуст, II и III награда 5% попуст];
Повеќе околу резултатитe!
Откако знаеш кои се бенефитите за учество на овој натпревар и твојата шкрабаница е спремна и аплицирана на линкот, останува (со нетрпение) да ги очекуваш резултатите.
Резултатите од Red Bull Doodle Art натпреварот ќе бидат објавени на 1-ви април, а на кој начин, наскоро ќе ти откриеме..
Со среќа!! Ти посакуваме многу успех, и те чекаме во Brainster на 18-ти март!
Доколку сакаш да учествуваш, можеш да дојдеш на настанот кој ќе се одржи на 18ти март 2023 (сабота) во просториите на Brainster или пак да се пријавиш директно на линкот.
Ако пак знаеш креативец што сметаш дека го има она што е потребно за да биде дел од овој настан, слободно покани го да учествува!