Како со 9-те фактори за вработување на Brainster+ воведовме нова категорија во едукацијата во Македонија

Образование за кариера на новата ера! Ова не е само слоган за нашата најголема иновација досега, Brainster+ што ја лансиравме на крајот од 2023 година, туку и сосема нова категорија што ја воведовме во образованието во Македонија. Нашите академии отсега се надградени со оваа супериорна понуда, правејќи ги први и единствени образовни програми во нашата земја кои ги содржат сите 9 ФАКТОРИ за вработување барани од индустријата! 

Brainster+ е круна на нашата повеќегодишна инвестиција во квалитетна едукација, која на студентите им овозможува предност на пазарот на трудот.

Но, за да стигнеме до најновото достигнување, да потсетиме што сѐ постигнавме изминатите шест месеци. Секој успех се должи на напорната работа на тимот од 70+ вработени, експертизата на нашите 150+ инструктори, поддршката од 150+ партнери од индустријата и, секако, нашата заедница со 12.000+ алумни-студенти.

Ви благодариме за лојалноста и за континуираниот придонес!

The true measure of success is not only in the brilliance of ideas or the efficiency of processes but in people driving them.

 

 

Fortune befriends the BOLD!

Лансирање на најголемата иновација во учењето Brainster+, рекорден број запишани студенти, најголемиот хакатон во живо на Балканот, рекорден број вработени студенти, успешен старт на Brainster Albania, втора акредитирана програма на Brainster Next College, 100% задоволство на компаниите од реалните проекти на студентите, креирање Стандард за квалитет на образовните програми на Бреинстер, врвна листа на инструктори и професори… Ова се само дел од успесите со кои Brainster во втората половина на 2023 ја зацврсти својата позиција како водечка едукативно-технолошка организација во Македонија. Ова беше полугодие на многу нови почетоци, на трансформации, оптимизации, подобрувања, проширување и на BOLD одлуки!

 

 

Но, да видиме како изгледа низ бројки и факти:
  • Во есенскиот уписен рок запишавме рекордни 697 студенти.
  • 64% од студентите се дојдени по пат на препорака.
  • Помогнавме да се вработат дури 356 студенти во 2023!!!
  • Организиравме два AirCare хакатона со вкупно 250 учесници.
  • Почнавме над 70 нови проекти и иницијативи.
  • Ja отворивме 3. Brainster локација, со што сега имаме две во Капиштец и една во Дебар Маало.
  • Лансиравме 2 нови академии: Executive Academy for Leadership & Management и Академијата за Front-End Web Development на Brainster Albania.
  • Имаме 26 нови инструктори, со што бројката се искачи над 150 предавачи-експерти од индустријата. 

 

 

Продолжуваме со иновации и автоматизација 

И во 2023 не престанавме да иновираме, инвестираме, дигитализираме, оптимизираме и да создаваме квалитетно образование за вработување.

Тимот на Innovations & Data беше посветен на многу проекти, од кои ги издвојуваме градењето на I am Next платформата за учење на студентите на Brainster Next колеџот и континуираното надградување на BrainsterLEARN платформата за далечинско учење на студентите на академиите. Помогна во автоматизација на повеќе тимови, со што се подобри ефикасноста и се забрзаа многу процеси.

Innovations fuel tomorrow, data powers today – together, they pave the path to a brighter future.

 

 

Brainster’s Quality Standard for Educational Programs

Грижа за студентите и поддршка при учењето е еден од темелите на нашата уникатна програма. Всушност, тоа е и еден од 9-те ФАКТОРИ за вработување што им ги нудиме на нашите студенти. За тоа се грижи нашиот најголем тим – Student Success. Резултатите се одлични! Изминатите шест месеци задоволството на студентите е 4,88/5 од инструкторите, односно начинот на кој им го пренесуваат своето знаење на студентите. 4,84/5 од програмата, нејзината релевантност и практичност. 

Нашиот тим беше посветен и на градење Стандард за квалитет на образовните програми на Бреинстер (Brainster’s Quality Standard for Educational Programs). Станува збор за збир на упатства, процедури, методологии, системи и други типови документација и процеси кои ни користат како примарна алатка во посветеноста кон создавањето образовна средина што континуирано ги надминува очекувањата и им овозможува максимално задоволство и успех на нашите студенти, вработени, инструктори, партнери и соработници.

Со овој Стандард за квалитет континуирано ги подобруваме нашите програми и ги приспособуваме на трендовите и потребите на индустријата.

Improving education is a never-ending process, but we strive to get 1% better every day.

 

 

Partnerships – The True Heart of Brainster

Вистинското срце на Brainster е Partnerships тимот! Со секое нивно пулсирање бенефит имаат сите: студентите, Brainster-колективот, партнерските компании, но и целата заедница. Всушност, овој тим директно обезбедува два од вкупно 9 ФАКТОРИ за вработување, учење преку реални проекти и можности за вработување! 

Со практична работа за време на академиите, студентите добиваат искуство кое ќе им даде поголема предност при вработување. Во 2023 година студентите на Brainster академиите и на Brainster Next College реализираа над 200 реални проекти за реални компании. А процентот на задоволство од страна на клиентите за изработените проeкти е 100%!

Во рамките на програмата за работа на реални проекти се и хакатоните. Со секој нов хакатон го уриваме сопствениот рекорд за организација на најголеми хакатони во живо. Овој пат се надминавме со најголемиот ваков настан на Балканот – AirCare хакатонот, кој се одржа во два дела. На првиот имаше 100, а на вториот 150 студенти од нашите академии и колеџот! За хакатоните има(ше) голем интерес и во јавноста. Имено, дури 38 медиуми ја споделија информацијата за одржувањето. Плус имаше 6 телевизиски снимања, меѓу кои и од глобалниот италиjaнски ТВ-сервис RAI, чија екипа направи прилог со победниците на хакатонот.

Yeah, we go global!

 

 

Во година на откази ние вработуваме! 

Во време на криза (воена, економска…), кога на глобално ниво се случуваат масовни отпуштања, се затвораат компании или се намалува потребата од нови кадри, и кога AI зема силен замав заменувајќи човечки вештини (и работни места), Brainster бележи рекорден број на вработувања на студенти!

Како што кажавме погоре – успеавме да вработиме дури 356 наши студенти!

Вработувањата оваа година беа во петта брзина. Имено, по завршување на академијата, на 50% од вработените им биле потребни 1-3 месеци да ја почнат работата од соништата. Дури 20% од студентите почнале да работат за време на академијата. Инаку, повеќе од половина, односно 53% од вработените се жени. 

Мрежата со партнери од индустријата годинава се дополни со +30 компании и сега соработуваме со над 150.

Најголем број вработувања изминатиот период бележи Pabau – над 20 студенти на Brainster. Голем број студенти вработија и Test Dev Labs, Scandiweb, Utest, Sopro, IW Connect, RLD Atix, Piksel, Dept и други. 

Не само што им помогнавме на студентите да дојдат до работата од соништата, туку и на компаниите им овозможивме да вработат квалитетен и високостручен кадар, што е WIN-WIN! 

 

 

И тоа не е сѐ! 

Оваа година воведовме и teaching партнерства. Нашиот прв teaching партнер е наградуванaта британска дигитална агенција Flowd. Со неа го организиравме курсот „B2B LeadGen & E-mail Marketing“, на кој учествуваа 15 алумни од Академија за дигитален маркетинг, кои тогаш сè уште беа во потрага по работа.

We did good, but we need to do better. Good is not enough anymore!

 

 

Brainster Next College со нова акредитирана програма 

Академската 2023-2024 ни почна со одлични вести – нашата нова програма Примена на информациски технологии – дигитален дизајн и интерактивни технологии доби акредитација од МОН! 

Во нашите студентски клупи годинава седнаа 98 студенти:

  • 25 студенти во втора година на програмата Софтверско инженерство и иновации.
  • 73 новозапишани студенти во прва година од кои: 49 нa Софтверско инженерство и иновации и 24 на Примена на информациски технологии – дигитален дизајн и интерактивни технологии (UX/UI и графички дизајн). 

 

 

Практичен факултет de jure и de facto 

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет во нашата земја. Тоа го покажуваме и во практика. Практичното искуство на нашите студенти, покрај со предметот Имплементација на решение, хакатоните и летните пракси, го надградуваме и со Предмет од индустрија!

  • Овој семестар воведовме нов предмет од индустријата – Product Engineering, кој го предава тимот на компанијата Culturetec, стартап основан од Intertec.
  • Нашите студенти учествуваа на 2 хакатона во живо: AirCare и Ways2Help.
  • 11 студенти за време на летниот распуст успешно завршија платена пракса во компаниите Trimark, RevelApps (Tabletmenukart), Tantone Trust и во Brainster.
  • Организиравме Brainster Next Talks со Филип Арсов, косопственик на Synapse Aviation, компанија чиј софтвер го користи авиокомпанија Lufthansa.
  • Нашите простории во Дебар Маало за време на викендите им ги отстапуваме на талентираните млади математичари од едукативниот центар „Збир“.

 

What’s NEXT?

И во 2024 ќе се фокусираме да го намалиме јазот помеѓу образованието и пазарот на трудот, односно да изградиме мост преку кој ефективно ќе ги подготвиме младите за транзицијата од академскиот во професионалниот свет и адекватно ќе ги поткрепиме со најбараните вештини и знаења од дигиталната сфера и информатичките технологии.

 

 

Brainster Albania – Нашата ѕвезда во подем!

Brainster Albania за само некoлку месеци успеа од „ново дете во училиштето“ да прерасне во Rising Star. И тоа не само во рамките на Brаinster, туку и во ИТ-заедницата и едукацијата во Албанија.

Изминатите шест месеци нанижа неколку ѕвездички на листата за успех:

  • Го комплетиравме тимот од инструктори за Академијата за Front-Еnd програмирање.
  • Ја финализиравме образовната програма.
  • Запишавме 43 студенти и ги пополнивме првите две групи!
  • Остваривме партнерства со 6 компании.

 

А како успеавме?

  • Подобрување на веб-страницата и блогот.
  • Го одржавме првиот вебинар.
  • Бевме дел од Саемот за иновации, технологија и едукација Future2Tech во Тирана.

Progress is a series of baby steps.

 

 

Ја почнуваме 2024 со голем ПЛУС

Во 2024 година влегуваме со најголемиот ПЛУС во образованието. Brainster+ е најголемата, најквалитетна и највредна едукативна понуда на нашиот пазар, од која веруваме дека корист ќе имаат над 10.000 индивидуалци во наредните неколку години. Станува збор за подобрување на програмите на нашите академии, на што тимот на Brainster работеше последните 18 месеци. Во реализацијата се вклучени најдобрите експерти и практики од индустријата. 

Дел веќе споменавме, но значајните иновации вреди да се повторат и нагласат. Ова се сите 9 ФАКТОРИ за вработување што ги бараат компаниите денес, а ние ги овозможуваме со Brainster+ пакетот: 

  1. ФАКТОР – Учење преку реални проекти: Со практична работа за време на академиите, студентите добиваат искуство кое ќе им даде поголема предност при вработување. 
  2. ФАКТОР – Грижа за успехот на студентите: Интерен тим во Brainster им дава поддршка на студентите за време на учењето и се грижи за нивното задоволство и успех.
  3. ФАКТОР – Програма приспособена на индустријата: Квалитетна програма креирана според потребите на индустријата. На академиите се учат вештини кои компаниите ги бараат денес.
  4. ФАКТОР – Експертски тим на инструктори: На академиите предаваат професори и инструктори кои споделуваат практично знаење, засновано на релевантно искуство од индустријата.
  5. ФАКТОР – Двојна сертификација: По завршувањето на академиите, студентите добиваат сертификат признаен од домашни и интернационални компании, но и сертификат од акредитираната високообразовна установа Brainser Next College. 
  6. ФАКТОР – Можности за вработување: Студентите добиваат поддршка при вработување преку партнерската мрежа на Brainster од 150+ македонски и интернационални компании. Во последниве две и пол години помогнавме да се вработат над 800 наши студенти. 
  7. ФАКТОР – Вештини за вработување: Пакет од курсеви за поголема вработливост со кои студентите ги подобруваат вештините за: комуникација, лидерство, критичко и аналитичко размислување, решавање проблеми, подобра организација на време и обврски, креативност и иновативност.
  8. ФАКТОР – Напредни технички вештини: Дополнителна програма со напредни технички курсеви, кои на студентите ќе им овозможат повеќе опции при вработување.
  9. ФАКТОР– Вештини за AI: Изучување на алатките за вештачка интелигенција што ја олеснуваат работата, ги подобруваат перформансите и кои ги прават студентите поконкурентни во професиите од новата ера! 

 

Со запишување на која било од нашите академии, покрај квалитетната образовна програма, студентите отсега добиваат дополнителни 20 курса што ќе ги направат најконкурентни на пазарот на трудот.

Со гордост ги сумираме постигнатите успеси и сме подготвени за уште повеќе предизвици и иновации во иднина. Brainster ќе биде тука за вас, драги студенти, поддржувајќи го вашиот пат кон кариерата на новата ера!

The New Era belongs to those who prepare for it today! Happy New Era! 

 

Brainster е водечка едукативно-технолошка организација со тим од 70+ постојано вработени и 150+ инструктори и професори обединети од интелектуалната љубопитност и страст за создавање квалитетни едукативни продукти. Преку академиите и неформалното образование, какo и преку акредитираните додипломски студии на Brainster Next College, им помагаме на поединците да ги совладаат најбараните вештини на денешницата преку работа на реални проекти за реални клиенти и да најдат поплатена и подобра работа.